Јас вака го наместив,со тенко поларно кебенце уште од прв ден кога дојдовме дома по препорака од педијатар,и плус спие на анатомска перница
Фала ви девојки. Твоето дали повраќаше на секој подој голема количина па ти ја предложија перницата или?
Едно време бљуцкаше и млазови исфрлаше, го однесовме на детска клиника ни рекоа да го ставаме во анти рефлукс позиција и да почнеме со такво млеко. Го ставивме на перницата се среди тоа, но почна да повраќа еднаш како водичка, еднаш измешано и со млекото, два пати на секои 4 часа. Го сменивме млекото, но не земавме такво за анти рефлукс туку обично. Кај нас освен перницата битно беше и млекото. До сега се е во ред.
Мислам дека ми повраќаше од капките Еспумисан, цел ден. Не му дадов вчера вечерта, и денес еве се уште, и ми нема повратено. Направив чај од ким, и му давам по едно лажиче до две, ноќеска беше добар, а за денес ќе видиме. Сега не знам дали да ги мењам капкиве, дали од нив повраќа, многу му се, не знам...
Земавме перниче со семки од цреша, не знам дали од него, ама инстантно заспа со цуцлата и со перничето ама немаше многу грчеви. Ќе видиме покасно ќе ви кажам
Здраво, ние сме стари 8 дена и веќе мака мачиме со грчеви.... не е какана од вчера од 19ч а мешето ежи е камен тврдо... на ад млеко сме, некој совет како да и помогнам да се искака? Дадов малку и чај бекутан ама џабе, исто давам и биогаја
Еднаш го имавме истиот проблем,стомачето камен и оваа масажа многу ни помогна ако седи бебето...моето живчано одвај го натерав 10мин да е мирно ама после 10мин одма се искака...пробај ништо не губиш
Нас многу ни помага термофорчето мече со паричка, и капките Еспимисан Л, плус чајче од ким му давам по една до две лажички, и навечер си поспива и по 2 ипол саати, се буди за цицање и пак си заспива, има малце грчеви ама не се стрaшни, среќа!
Јас и давав три пати на ден по 2 мл, многу ми се гледаа 10 мл. Нас само сирупов не спаси, страшни грчеви имаше, помодруваше од плачење.
И јас ги чувам на собна т во спална и така давав. Не сум ни прочитала дека треба во фрижидер да стојат. Не дека бев нешто редовна, и со нив имаше грчеви и престанав.
Мајки, вир што давате еспимисан капки кало ги давате,во лажиче се капки од мајчино млеко, во шише со АД,пошо мене ми рекоа да ги растворам во чајот од бекутан и да му давам, вчера пробав со лажиче и со чајот,се гади дете,за сите пари. Кажете чаре И дали ги давате во исто време со Колиеф или одвоено? Јас треба макс 3 пати на ден да му давам, по 15 капки.
Давав Бекутан (исто симетикон по состав како Еспумисанот) ги ставав во лажиче и малку одмолзував мое млеко,и директно во уста. Се гадеше ама ги пиеше. Не знам зошто ги фрлив пред некој ден Вие што давате Нурс харвис сируп, ви повраќаат ли од него бебињата? Моето многу повраќа од кога почнав со него, еве денес нема пиено и нема исповратено. Бљуцка после цицање, ама до вчера баш онака обилно повраќаше во неколку наврати.. Синоќа многу грчеви имаше, дали 2 саата сум спиена, ама не знам веќе што да давам за да се поднамалат
Ме знам што е подобро да земам Колипрев капките, или оној сирупот? Цел ден о ноќ имаше грчеви, ова не знам како се издржува повеќе...
Користиме Колипрев и Рекол пробиотик. Но, реколот толку лошо тече од шишенцето 10 мин за да ставам 5 капки во лажиче ми треба. Сакам да ги сменам со Биогаја или Ваја гледам тие се најфалени тука. Кои би ми ги препорачале да ги земам од тие две ? Беба за 2 дена 2 месеца прави
Ваја многу полесно се дозира. Има пипета на која ти е обележана препорачаната количина, можеш одеднаш да истискаш во уста на бебе. Биогаја ги броиш капките, па неќе да капне, па капнува многу брзо.. .
Јас едно пакетче (10гр) ким, го толчам и го оставам во 300 мл штотуку зовриена вода. Да се разбереме го пијам јас се колсултирав со педијатар, во ред е штом јас го пијам.