Да да за мене и прашувам, ние сме супер за сега нема скоро ич грчеви денес точно месец правиме. Ама сакам превентивно да го пијам.
Ние сме во 4та и од вчера сме раздразнети до максимум. Ама по однесувањево сигурно е скокот. Првиот гледам од втора половина четврта до пола петта недела трае. Се совпаѓа скроз. А wonder weeks се рачунале по крајниот термин, не по кога е родено, некаде така читав. Зборот ми е, да не случајно и кај тебе е скокот? Дека нели го поминавте терминот вие?
Би ти предложила чај од анасон на бекутан ама јас го дадов малку покасно после 1 месец. Тој е за над 2 недели доенчиња ако ептен не помага ништо пробај го на син ми многу му помага. Еве и сега 6мес уште понекогаш му давам за да се искака и му олеснува Сега ми текна да се едитирам дека доиш земи го пиј го ти
Еден ден само поминат термин, ми личи на грчеви зошто се стиска, црвенее, ги стиска нозете исто, и плаче, тоа на секој 15 мин цела вечер, и сабајлево пак. Можам и јас? Веќе пијам на Хип со анасон, и плус Лактамикс. Не знам веќе што да правам.
Добро штом го пиеш на хип анасон треба и тој да помогне. Гледај кога ќе има грчеви истриј ги твојте дланки за да ги затоплиш и на мешето стави ја дланката. И држи му така. Практикувај во денот масажи. Земи млеко за тело или улје бебешко и масирај го мешето. Со ноџињата вежбај го како да вози точак нежно кон него притискај ги. Се ова ќе прави гасови кои ќе му олеснуваат. Внимавај при цицање многу воздух да не повлекува да не има врска фатот. Се ова практикувај ќе му олеснува. Јади сливи, круши да кака повеќе.
Мене ми рекоа 7 пати по 4 капки. Најчесто пред подој гледам да се. Не секогаш искрено давам 7 пати ама на беба моја ептен помогнаа се надевам и на твоја беба
Јас давам пред секој подој 6 капки. За почеток би ти рекла да не скокаш дози, додека се среди варењето на млекото. Се доиме на 3 часа горе-долу...
Вие што користите сирупче Nurse Hervay's да споделите како им го давате на бебињата, 5 мл се премногу да ги иапие бебе од лажиче, исто и од шприц кога давам го плука, има силен мирис и вкус па не упевам повеќе од 2/3мл да му внесам в уста.. ....толку позитивни коментари читав за тој сируп, па го земав, ама неуспевам да му го дадам на бебе, ми го плука, не е како 4 /5 капки да му ги дадеш со силиконско лажиче, 5 мл му доаѓа едно 5 пати да ставам во лажичето, а мирисот е доста силен на билки.
Ке си ги поделиш по 2 мл повеќе пати во денот, имам пишано поназад јас и давав 3 пати во денот по 2 мл. Ќерка ми го сакаше благичко и беше.
Има ли ефект така ако го разделам на повеќе пати? Така ли го даваше ти, во помала доза, и ја смируваше? Па така ќе мора да правам, зошто никако да успее 5мл наеднаш да ги испие....
Кај нас имаше ефект, детето ми имаше страшни грчеви, одкако го купив сирупот, скроз и се смирија. 2,3 недели го користевме, последната недела и го давав чисто превентивно. И јас пробував првин со лажичка, ама со дозерот е многу по практично, брцни му го во ќошето од устето и полека ставај, минимално може да ти плукне другото ќе го испие, на нив им е благичко убаво.
Работата е што ние често цицаме, на пола саат, на саат, зависи, затоа на 2 до 3 часа му ги давав вчера, по 6 капки.
Ахаа... Епа давај му на саат и пол по 3-4 капки. Ако се храните почесто, а дадеш капки на 3 веќе ферментирало дел од млекото. Испробано ми е давањево и вака кога бевме помали па често се доевме
Да ти заблагодарам само за препораката. Вчера земавме Ваја и дадов пред спиење 7 капки и цела вечер само рафали ни пушташе Денес и ги дадов порано да си се олесни да не се мачи во спиење