3 лажички на 250 мл вода. Мислам дека пишува 5 гр на 100 мл. Една лажичка е нешто помалку од 4 гр според тоа што читав на нет.
Пред секое, ако е хранењето на 3 часа. Ако е почесто пак пред секое, ама пола од дозаташто е препорачана
Zdravo majki, me interesira od koja nedela vi pocnaa grcevite kaj vasite malecki i kako gi prepoznavte? Ve molam iskustva
Нас деновиве ни почнаа, бебче е старо 22 дена, мојава многу силно плаче час се истегнува цела како згрчена час се витка и кенка, се вцрвенува како патлиџан сирото бебе, оно плаче па и јас со него не знам како да му помогнам, од денес почнав со колиеф па ќе видиме... давав претходно биогаја ама и напраија запек не ми какаше ич два дена и престанав да и ги давам
Mojot e star 16 dena pa da znam od koga da gi ocekuvam, ima momenti koga place, gi vitka nodzinjata se vcrvenuva vo licenceto, no po nekoe vreme kje ispusti gasovi i mu pominuva pa se smiruva.Ova e se do 19h nokjite gi spie mirno...
Јас ја делев дозата, неколку пати по 2мл после оброк и по потреба. Само да не надмине 10мл во еден ден. И давав со лажиче, со дозерот еднаш се засркна и престанав. Сега не го давам сирупот веќе. Не ми изгледаше многу ефикасен, со него и без него исто ми беше.
Тоа ти е пробиотик, не верувам мн да ти помогне, земи со Колипрев, Колиеф, Еспумисан.. нешто такво пробај ако има многу изразени грчеви.
Ако е за грчеви, се согласувам со Литл и јас. Пробиотик давај си ама ќе ти треба плус за грчеви нешто. Топла препорака за Колипрев.
само колипрев ги пробавме и немаше потреба да менувам, макар што моите бебуши немаа некои интензивни грчеви
Бебе има 13 дена, од вчера се стега целото, се грчи, ги крева ноџињата и испушта гасови... Не ли е рано за грчеви?
@ivance.. @MilaSs12 од вчера почнав со саб симплекс 4 пати по 15 капки, се надевам ќе помогнат. Дали давате и пробиотик дополнително?
Синко е 22 м, споделувам искуство. Јас давав само биогаја. Еспумисан ми даде педијатар ама не ги сакаше и ги прекинав.
Искрено незнам од кај ми е информацијава, сигурна сум дека на форумов ја иам прочитано ама колипрев секогаш ги барам во Betty аптека,знаеш оние аптеки кои се дел од групацијата Бети и во мојот град има 3-4 такви и секогаш од таму купувам...викендов ми требаа, барав на други места не најдов, е Зегин не сум прашала ама вака со Бети ми е проверено и знам секогаш имаат