Ако не се среди до утре, ќе му прават лапис веројатно. Затоа ми рекоа да појдам на контрола. Ми е криво оти го чистев, ептен го пазев, ама така му падна, целото разлигавено, не беше воопшто суво.
Вчера направивме 40 дена леле бе бајче беше си цицаше си спиеше топ. Ама... ноќеска леле мајче сега едвај дишам, а денес ми е роденден мислевме да се шетнеме барем...Од сабајле исто грчеви гасови абе неможе ни да цица на раат вика се дере веќе и глас нема. Не сум јадела ништо посебно тоа ми е менито и не знам веќе дали и да верувам во тоа дека има веза храната и вака и така вика. Прочитав 2l чај од ким треба да се пие и како го правите чајот јас изгледа силен го правам заглавив во тоалет хахахс
Здраво, ме интересира дали може да се даваат Ваја капките - пробиотик во комбинација со Бекутан капките против грчеви?(во текот на едно деноноќие) Или доволно е користење само на капките против грчеви? На почеток сме со запознавањето на тоа што значат грчеви за жал...па не знаеме кое би било најдоброто решение барем за ублажување на истите.
Ako ti e dolgo nespien da ne e premoren pa zatka ne se smiruva. Jas imav eden den takov i najhoror do sea.mi bese ljuta nervozna premorena nenajadena ko sto treba od ljuto ne mozes da ja zaspies Btw sreken rodenden moze saka da ti cestita vaka
Можеш да даваш паралелно, ваја е пробиотик, бекутан се капки за смирување на грчевите. Ваја давај секој ден, бекутан по потреба.
Мајки, колипреф да му давам на бебо само по потреба или редовно? Дозирањето е 5 капки дневно или секој подој?
Пред секое доење. Ако се доите отприлика на 3 часа. Ако е почесто давај по 2-3пред секое. Само е битно со секое млеко да има капки
Jas tri dena vi nemam pisuvano cekav da vidam kako ce reagira bebceto. Vaka kupiv dia stop probiotik i pisuva deka se dava vo denot 9 kapki. Jas dadov prviot den cetiri pati po dve kapki, zavcera tri pati po dve kapki a vcera cetiri pati po dve kapki. Bebceto e sega super. Malku od navika navecer potplakuva od 20 do 22 casot e sega moze i ce ima nekoj pomal grc no e daleku podobra od vreskanjeto i polilavuvanjeto i steganjeto. Toplo vi go preporacuvam probiotikot a nekoristam nikakvi drugi kapki. Baska i nojce si spiese vxera i zavcera. Se budi samo za cicanje iako skoro sekoj sat potskeknuva vo sonceto no povejce saka da e blisku do mene
Мамс ајде хелп. Моево дете од кога е родено мислам има проблем со какањето. Не е редовна.На 3,4 дена најмалку сега последно 8 дена. Таман на 9ти ден ќе и ставев чепче среќа се покака. Внимавам на храна ептен. Колипреф давам и Ваја пробиотик. Кога и ја сменив Вајата краток период редовно какаше сега пак иста песна.Среќа цело време има гасови па и олеснува. Кажете чаре што да сменам, каков пробиотик да земам. Педијатар вика Пролајф ама мене ми е страв некако 5мл ми се видоа многу а и плус во аптека викаат за деца не даваме. Рекол користевме и сега Ваја друго не сум давала. Фала ви однапред
Cim na prekin na vajata ti kakala redovno zosto pak i davas? Jas davam recol ok e kakanjeto redovno nekolku pati na den,skoro sekoja pelena. Bebe e mesec ipol
Од Рекол кога преминав на Ваја почна да кака. Фактички кога почнав да давам Ваја не кога сум прекинала.
А што е разлика пред/по 40 дена Јас давам само пробиотик од старт превентивно , и него не го прекинувам , за него е добро да се дава па и до година со мали паузи измеѓу .. а за грчеви една ден само дадов и толку.
Pa demek posle toa treba da se namalat grcevite, a i vo ona appot wonder weeks vika vo prv skok sozreva digestiven trakt zatoa pomalce kakaat
Бебе не плака од навика, бебе плака од грчеви, штом е во ист временски период.Ставај топло на мешко и пробај со капки од семитикон. Тука пишав дека бебе ми нема грчеви веќе Е сум лажела.Цела недела плака писка пред заспивање како да ја дерам по еден саат ја лулам.Дадов чепче на база на ким се потсмири првиот ден. Вчера дадов и чепче и капки , бебе поспа 4часа(со две будења за цицање )Чудо беше, а јас цела на штрек, да не стане сега де после.Изгледа од грчеви не спие денски.Ех кој ги разбира бебињата да дојде да ни преведе.Сега пак ќе давам капки што ако денес прави 3 месеци, не се трпи бебе.
Извини а зошто даваш чепче со ким? Не е добро да го правиш тоа често да знаеш! Симетикон исто не е добра идеја...знае да биде проблематичен. Плус е чиста хемија и не знам зошто бебче со недоразвиен ДТ треба да преработува хемиска компонента... сепак ова е само добронамерен совет, крајната одлука е твоја.
Германија , Австрија се користат чепчиња повеќе за болка таква им е праксата , не е ништо страшно и пречесто , дури е подобро спрема мене гледано таквиот пристап . А и лековите се многу подруги . Симетикон исто , ако нема избор ако дете се маче премногу подобро ли е да го оставиме или да дадеме нешто што има шанса да помогне . Тоа и така се користе кратко , неможи голема штета да се направи .
Истото што го кажуваш јас вчера го видов, нејќеше да заспие од 7 сабајле дури во 11 заспа, ја дојам, нишкам, раце ми паднаа хаха, па ај ја пресоблеков и после дури заспа. Приметив и сабајлево почна да ги крева нозете и дадов чајче од анасон на бекутан, па да не ја урочам се смири спие. И на малиот само тој чај му помогна. Се надевам само со лесно да ги поминеме грчевите.
Знам знам дека е таква праксата. Само што работата е што премногу различно постапуваат од другите педијатриски асоцијации и не би рекла дека им е подобра праксата. Самата употреба на чепчиња може да створи промени во спонтана дефекација, понекогаш и мрзливи црева. И никако не сум за да трпат болка сачувај боже. Него ако по сите студии е установено дека колиликите се или од лактозна интолеранција или од голтнат воздух зошто симетикон даваат ме чуди... голтнатиот воздух секако мора да се исфрли како гас и вака и така. А ако е ферментација во црева во прашање тогаш повторно симетикон нема никаква функција...