Што да ти кажам имам едно 10 пати ставано, зависи кога како помогнале. Некогаш се смируваше за 15 мин .
Ништо, може и на ад да биде и пак да има.Трпение само и ќе поминат.Сама ќе видиш што му смета секое е различно.
Зелка, брокула, грав, карфиол, краставица, кромид и лук, црвена пиперка, кафе и зачинета храна. Тоа обично знае повеќе да ги интензивира грчевите кои и онака би се појавиле поради недостиг на ензим...
Јас со колиеф не гледав никаква разлика, еве месец дена користам колипрев и ок е, пак се грчи дете ама не се корне од плачење и испушта доста гасови
Како се даваат и кадеможе да ги најдам? Мојава има изразени грчеви и давав чајче од анасон ја смирува после пак и сезголемуваат.
Moeto since ima 2 meseci i nekolku dena i pocna da ima grcevi dodeka pie mleko. Sme na ad mleko zatoa sto nemam mleko i na pocetokot bese super ama sega pocnuva da ima grcevi za vreme na pijanje mleko. Go smenavme mlekoto nekolku pati ama nisto ne pomaga dodeka pie istovremeno se grci i place. dali i nekoja druga majka ima vakov problem i sto prevzedovte za da se resi problemot. Pijame kapki Bekutan i probiotik Bio gaja super ni se pogodeni nemame grcevi i kakame redovno, samo edino dodeka pie mleko posle ispijani 40 do 50 ml pocnuva da se grci i da place, pa so sila nekako uspevame da ispieme od 70 do 100 ml na obrok
Јас од Бети или Плус фарма аптеки купувам... Еве и контакт од страницата можеш да се јавиш да те упатат која најблиска аптека ги има. https://www.grcevikajbebinja.mk/kontakt 5 капки пред доење давам.
Probav so sekakvi sisinja posebni za bebinja so grcevi od tommee tippee pa so cucli razni golemini isto e so site do sega sme probale so mleka hipp combiotik pa so hipp organik pa novalak za bebeinja so grcevi i sega koristime holle do sega najdobro prifateno ama sepak ima grvevi i so nego
Здраво мајки, тазе породена сум само што не испуштија од болница и барам совет околу доењето Малиот си цица го има рефлексот ми влече, јас кога ќе стиснам излегува млеко. Она во што не сум сигурна е што синко ќе си поцица ќе заспие и ми ја плука брадавицата и спие до 2 часа. После си се буди и бара пак цице. Дали треба да го будам на пократки интервали бидејки е премногу мал? Едната брадавица ми ја раскрвари со што да ја мачкам, што е најефикасно? Најактивна ќе бидам у темава, гарант
Не треба да го будиш доволно е на 2 саати да цица а брадавиците ќе си ги мачкаш со ланолин и ќе гледаш подлабоко да ја фаќа брадавицата заедно со ареолата зошто ако има плиток фат доењето ти претставува болка
Мачкај ланолин на медела. Можеш да доиш со него не мораш да го бришеш. Уште сте многу малечки и нормално е да заспива. Само контролирај да не е физиолошка жолтица во прашање, тогаш се цело време поспани.
Здраво Мами бебето ми е дестина дена и веќе два дена преку ден е доста вознемирен, не можам да сфатам дали се грчеви или вознемиреност друга што не му дава да спие па му прави тоа нервоза. Плаче и кога кака и прднува или премногу се напнува. Што е вашиот совет да пробам? Како да препознаам?
Зедов на медела, ова чуда прави... Буквално еден ден му требаше да се среди, со тоа што си ги шетав низ дома откриени Е сега што мислите Бебуш преку ден си цица па спие па кака( по малку) па се до вечерта кога го фаќа нервоза и слабо ни оди цицањето... Или ќе поцица ќе задреме па се буди плаче... Или ја фаќа и одма ја пушта и плаче... Јас имам впечаток дека е погладен и се нервира дека не му тече многу, ко ќе се стиснам има ама едвај... Секако му давам дохрана 20мл со шприц и си заспива после