Во консултација со педијатар зедовме антирефлуксен душек, не перниче, ама благодарение на тебе да знаеш. Не престана скрос да повраќа, ама ради косината на душекот не може да повраќа во млазови, па мноооооогу помалку повраќа. Единствен недостаток е што ми се лизга надолу (има појас со лепенки, ама не може да го смисли мали, оти сака да мрда) но тоа е бидејќи ептен немирно спие. Ти благодарам до бескрај мами!
Супер, многу ми е мило, ќе се среди. Ќе ја тргнам и @Dee*Tee , малечки се и треба време, кога ќе ми текне колку се стресував, ние до детска клиника стасавме, освен повраќање, имаше и млазови. Знам како делува, но сега навистина е бледо сеќавање, еве периодов сум опседната со исхрана, само тие две теми ги следам. Слатки маки, но нека ги има. Гушки до сите мајки кои се соочуваат со овој "проблем".
А да намоташ пешкир и да му го ставиш под газе? Негде до струк, најмногу до под пазуви да му доаѓа околу. Ко во плодност што им ставаа де, мислам ме разбра Нема да се лизга така. За перницата, нормално ви дишат бебињата? Моето ептен одеше со брада кон градна коска, ко во транспортер, па веднаш ја тргнав и го оставив на рамно.
Фала мила за идејата. Кога си дојдовме од болница така му направив и така спиеше додека го купивме антирефлуксното душече. Јас на рамно го штитев да не замини некаде, а на косо ја тргнав крпата.
Stavav mleko po preporaka od pedijatar za da se vrzat kapkite...taka mi objasnija i polesno mu bilo da gi goltne
I jas staviv mada na kutijata ne pisuva deka treba. Nekako bezveze mi e bez mleko ne moze da mi ja izlize ubavo lazickata. Doduse na se sto davam prvo mlekce.spricam vo laziceto
Имам прашање Како им ставале во Плодност пешкирчиња? Иначе мојот нормално си дише, само маааалку се лизга надоле, па сакам тоа да го спречам некако
@Dee*Tee земаш мала крпа, ја виткаш по должина како шалче да дојди и потоа ја правиш во форма на потковица ставена на душечето. Краците од потковицата да одат максимум до под пазуви, фактички покрај телото на бебчето, а заоблениот дел да му доаѓа под газето. Ако крпата е поголема, наместо потковица, ќе ја свиткаш како омега наопаку. Се надевам дека добро објаснив. Ако не, ќе ти сликнам. @LivingGlam фала ти мила, да ми си жива. Нема мрднато.
И јас со синчето поминав низ истото. Млазови повраќаше додека цицаше а кога почна да јаде храна и таман се најало пак се во млаз ќе повратеше. На годинка ми веше 8500 тежок. Исто и ние нон стоп бевме на висока перница за спиење а кога лежевме во козле го врзуваа на исправен кревет но пак истата песна. До година и нешто имавме мака но како што растеше се подобруваше состојбата
Здраво, каква е таа перница? И јас мака мачам со повфаќање писле подој некогаш малце, некогаш млазоци, а и грчеви кога ќе го фатат и исто кога кака од што напнува повраќа....
Каде има да се купат? Како се движат цените? Не змам дали сфатив точно, спиењеро на оваа перница ќе помигне да не повраќа бебето? И ме интересира како се справувавте со бљуцкања во текот на нокта? Мене ми е страв да го легнам на грб ради тоа, се ми е малце поткренат на една страна...
Ги има сигурно во Локо кроко и енци менци, на друго место не знам. Овој душек со лепенки на појасот го имам јас, 1990 ден го зедовме. Има ист без тој појасот, мислам дека 1350 ден беше. И подобро тој да го земев, оти бебе се нервира ако му се врзани ноџињата со појасот (затоа и финтата со крпата ја правиме). За перницата не знам, мислам дека е околу 600 ден, види на страната, има. Син ми повраќа многу, во млазоци, затоа и го зедов душечето. Тоа е косо, под агол и главата му е на повисоко ниво, од остатокот на телото. Не престанува скрос да повраќа, ама бидејќи е поткренат, нема сила да повраќа така го млазови и кога лежи на душечето бљуцка само, шо за мене е "гола вода". Можиш да пробаш со душечето од креветчето да го поткрениш под агол од 20°. Стави под него крпи, кебенце, што било, само внимавај да не се витка и да не пропаѓа кога ќе го легнеш бебето.
Здраво.. Бебе утре прави 2недели, досега нема грчеви,како што ве читам сега би требало да почнат. Дали да земаме пробиотик или треба да почнат грчевите?
Седи раат и моли се ич да не почнат. За пробиотик педијатарот ми рече да не давам дека спонтано сум породена, повеќе кај царски се препорачувал. Инаку јас давав колипреф, чај од ким и појас со коски од цреши за да му го топли мешето. Сѐ од тоа ми помагаше, најдолгорочно чајчето. Малку се буни, не сака да го пие, ама се бориме. Бевте во советувалиште? Мислам дека и вие од Битола сте.
Јас царски сум ама бебе беше се супер и во Плодност ми кажаја да не давам ништо тогаш. Бевме таму уште еднаш за проверка,му доцнеше стомачето во бременоста и тогаш пак прашав за пробиотик, да не давам ми кажаја. Освен што го дојам јас не давам ништо друго, па незнам дали да почнам со нешто Бебе до сега нема никакви знаци за грчеви и е многу мирно. Денеска бевме во советувалиште, и докторката освен што само прашуваше како ни се давало толку пари за Плодност,ми кажа да давам Ваја пробиотик. Јас не го земав. И сега поделени мислење од двете места и незнам дали да давам или не А за прегледи редовни планирам да го носам во Плодност. Вие каде одите ?
Јас мислам да не даваш ништо, може нема ни да има потреба, убаво ќе поминете. Ама ова е мое мислење. Која докторка ти рече така? Аууу, немам коментар. Јас веќе во плодност не го носам (за преглед за здраво), оти последен пат Камбовска беше, прегледот траеше 3 минути. Во тие 3 мин од врата ме праша дали имам да прашам нешто, ја праша сестрата колку има ставено килажа бебето и кога ѝ кажа дека напредува рече дека немало потреба да го прегледува, супер бил. Битно пари ми зедоа. А во советувалиште го носев преку еден ден, оти гранулом имаше на папчето. Фала му на Бога му се среди. Јас пак, за разлика од тебе сум многу задоволна од таму. За преглед за здраво ќе си го носам во советувалиште, а не дај Боже ако имаме некаков проблем кај матичен, краен случај плодност, ама дефинитивно само кај д-р Апчевска. Инаку за матичен ја одбравме д-р Ели.