За чајот има многу поделени мислења општо,ама немав друг избор морав да пробам. Бекутанот од една недела нагоре може да се дава. Почекај можда нема да имаш потреба од ништо,внук ми имаше грчеви ама траеа по пола час,а мојава по 3 саати се мачеше,ако е издржливо немој да даваш ништо.
@Ula @Oneo според нашиот педијатар не требало ништо од овошје и зеленчук. Јас тоа неможам да го сватам, па како ќе внесуваме витамини Иначе и јас сум во план да си каснам цреши
Еве јас јадам се и сешто, на ништо не внимавам, па бебе нема грчеви до сега. Па овошје и зеленчук цело време јадам. И педијатарот ми кажа да јадам што сакам. Ако има грчеви, па ако забележам дека од некое јадење се посилни, тогаш да го исфрлам тоа јадење, а вака што знам што би му правело грчеви,па да избегнувам се.
Јас на два пати грав јадев и мислам дека најмалку грчеви имаше тогаш. Овошје не обожавам многу, ама јагоди јадам. Општо, не внимавам на исхраната. Воглавно јадам млечни производи. И не знам дали би можела да пазам. И онака не јадам редовно, повеќе ми е важно да каснам нешто, отколку да пазам што.
Кај и да е и ја така ќе почнам се ќе јадам и пијам ова вака излегув дека само вода смееме да пиеме хаха
Jas pocnav po malce da jadam od toa sto ne smeese. Pedijatarot rece do 3 meseci ama jas veke 2-3 nedeli kapki za grcevi ne davam bebe si e ok i jadev patlidzan nelupen,krastavica t.e. taratur ok si bese. Cokolado celo vreme jadam cat pat dali torta dali sladoled. E sea sobiram hrabrost za marula da ksnam epten mi fali ama ako pocne da se grci ziva ke se izedam
Исто , јадам се освен грав приметив дека му смета и не јадам. И не , не треба да има ограничувања туку доилка треба да јаде разновидна храна. Ако нешто му смета нема тоа да се јаде др пат. Некои наморници што и нас самите ни прават тешкотии ќе ги избегаваме или јадиме по мали порции. Педијатарот во болница ни кажа се што е умерено е ок од потешки намирници. Не се ограничувајте , што е тоа само ориз пилешко , јадете се освен тешко намирници , тие во мали порции , е и така ако смета ќе ги паузирате на некое време. Нешто ако не пробаш неможиш да знаеш дали смета. Се повеќе студии покажуваат дека минимален дел оде низ млеко од нашата исхрана. Е сега не да се фрлиме на глупости јадење одма , ама умерено се. Млечните раб и внесување посебно на кравјо млеко е многу по штетно и може да му направе и тегоби и запек и се отколку нормална порција тешка храна.
Значи јадам се ,баш се,и марули со лукче,и грав и леќа..цитрусни овошја и ред др.работи што би сметале,па бебче немаше грчеви,имаше ама онака мали и кратки,едно шишенце со капки едвај потрошив. Така да нема правило.Јадете од се помалку.Бебе ќе си каже,покаже...
Исто скрос , јас не ни потрошив капки за грчеви , два дена му давав еспумисан по 2 пати и тоа е се. Со пробиотик е од старт и добар е со меше , без грчеви поминаме , а мајка му една исхрана салам , поеќе на тостеви и овес живеам Едино млеко сведив на минимум само у кафе и грав 2 пати у овие 4м и толку , кока кола исто по малку, се др си јадам пијам нормално. Карамели посебно и негро бомбони колку јадам , бетер од дете со глупости се хранам
Исто и јас јадам се, бебе има грчеви но не силно изразени како кај ќерка ми за која се пазев и не јадев ништо. Грчеви е очигледно секое бебе различно ги поминува, некаде се поизразени, некаде помалку. Капки за ќерка ми нема какви не пробав, бебе беше модро од плачење по цел ден и ноќ, кај син ми пак користев саб симплекс, немаа ефект па зедов сирупче Nurse Harvi's и веднаш имаше ефект, се смири меше.
Дали некој давал Бекутан чај во комбинација со Colief? Можи да се се даваат еднаш чајче 50 мл и плус капките пред секое доење ?
Фала ти мами значи можи да се дава така комбинирано. Јас и дадов 50 од кои само 30-40 испи и плус пред секој подој капки.... Се надевам дека ќе поминат таман се израдував толку траеше....
Јас и дадов еднаш со лажичка ама не ни помогна баш ќе видам од ова ако не помогни ќе го пробаме пак кимот
Колку време може да се дава пробиотик? Бебе е 3++м откако премина на адаптирано млеко имаше проблем со какањето, какаше еднаш во три дена, со помош на пробиотик мислам се нормализира, сега редовно си полни пелената, потрошивме едно шишенце пробиотик Ваја, прашањето ми е дали да продолжам да и давам уште?
Dali nekoj daval od vas infacalm oil i kako mu gi davavte na bebce,jas probav so cajce rastvoreni ama maka macime dur da go ispie. Taka pisuva vo upastvoto deka kapkite treba da bidat rastvoreni. Pocnav od vcera da i davam,bidejki crevcata i grgorat strasno i nemoze od toa da zaspie. Bas me interesira dali kaj nekoj od vas imalo efekt.