Ве молам за совет. Дали можам во мајчиното млеко да го додадам Nurse Harvey's сирупот? Кога го давам посебно, го плука.
Бебе скоро 2 дена ненормални грчеви инсче имаме 1 месец.. никогаш вака до сега ем грчеви ем гасови и давав бекутан чај масирање џабе топло на стомачето едвај поспавме малце вечерта дали 2-3 саати само.. мн ми е жал и се секирам да земам ли биогаја нз што дс и правам се мачи леле
Место Бекутан пробај да даваш чај на Хип, бидејќи во Бекутанот има премногу шеќери. Земи Nurse Harvey's сирупот, многу помага и давај пробиотик. Ќерка ми се смируваше и заспиваше само кај мене на гради, меше на меше. Ем близината ем топлината ја смируваше. Пробај..
Сирупот содржи сода. Така да не е добро да го мешаш со млеко. Обиди се со друг препарат за грчеви подобро.
Добро дали само кај мојот бебуш негативно влијае nurse harvey, бебуш се утепува од плачење едно 15 мин без престан од кога ќе му дадам од тој за грчеви, и кај вас ли е така?
Мајки постои некој чај со анасон и ким? Кимот ептен му помагаше на синче, ама последниве дена не сака ни капка да се напие, го плука. Па мислам дека од анасонот што е сладок, би требало да му е убав и да пие.
Другарка ми ми даде совет како она правела на ќерка и. Чај од ким (во 100мл зовриена вода 7-8 зрнца ким да отстојат 15тина мин) и после во истата таа вода растварала чајче Бекутан (5гр на 100мл). Она вика доста и помогнала комбинацијава. Ако не сакаш да даваш Бекутан пошто има многу шеќери, тогаш земи Хипп чај тој нема додатоци (тие се како ќесички, пола ќесичка е за 100мл).
Можам сама да ги 'миксам'? Се помислив за таа опција, ама ми беше страв да си играм со дозите. Само анасон имате користено? Помага?
Мислам дека нема зошто да не може да ги 'миксаш' според мене. Само анасон е тој на хипп. Не давам често и не знам да кажам дали 100% помага, зошто кога има грчеви ставам и термофор, давам малку чајче, масирам меше, го држам со рака на меше и го шетам и искрено не знам што му помага во моментот ама се смирува за некое време. Кога веќе си дала ким пробај и друго, нема што да изгубиш
Пробајте со Plantex чајот за доенчиња. На моето бебе му помогна. Педијатарот ни препорача 2x30ml дневно. Сепак консултирајте се со доктор. ☺️
А да пробам јас да пијам чај од ким? Така може ли? И пример колку на ден да пијам или неограничено можам колку сакам? Бидејќи ја дојам па на тој начин преку млекото да и давам
Во шише ад по 4 капки, а за доење одмолзувам малку во силиконско лажиче му ставам 4 капки и му ги давам па продолжува да цица. Максимум 7 пати на ден по 4 капки се даваат, ти распредели си ги кога ќе ги даваш.
Ме буни на кутивчето што пишува да се стави во ад и после во фрижидер 4часа да стои па да се даде Дали се ефикасни ако се стават и одма ги испие бебе?
Во моментов немам дома кутивче со упатство туку само капките си ги чувам во фрижидер, ама баш ме зачуди, као да немам такво нешто прочитано... Исто така ги користам по препорака на педијатар и ми кажа така да ги ставам. Знам дека за ад не треба во топло млеко да се ставаат, туку кога веќе е спремно за пиење и дека не треба да стојат во млекото во фрижидер повеќе од 4 часа, ама како и да е сите скоро одма приготвуваме и даваме, јас барем никогаш не сум ставила во фрижидер ад.