Сварете чајче од ким ( во 50 мл вида 2,3 зрна )и потоа во него потопете половина лажичка чај од анасон на бекутан. Ова е совет од педијатар и бебуш го пие. Има подобар ефект, проверено. 2х на ден по 50 мл може да давате.
Така почнав да му правам. Не го пие многу, максимум 30тина мл, ама доста му помогна кимот. Фала многу во секој случај
moeto bebe e 4 nedeli, po upatstvoto za cajot se vodite 2x 50 ml na den ili eventualno 3x30 da ne nadminuva 100 ml. polovina cas najmalku pred podoj.
Јас само да се пофалам кај нас завршија грчевите откако го променив млекото од аптамил на бл водов огромна разлика со оглед на тоа што сме само на ад. Капки колипрев давам по две на секој втор оброк, а давав по 5,6 на секое јадење.. дали е до промена на млекото или па што направивме три полни месеци не знам, ама сега си имам мирно и спокојно бебче чао грчеви!
Здраво! Дали може да ми кажете од каде ги земате капките колипрев? Сопругот пола Скопје го сврти и не најде, ниту пак му понудиле да му порачаат. Знам порано имаа членки пишувано дека им порачувале ако во моментот нема..
Ох, во нив и бараме но како што кажав, му кажале нема, земете колиеф. Па мислев да не знаете некоја аптека конкретно или се сеќавате од каде сте земале.
Ако има интензивни грчеви можеш да одиш со 6 капки да речеме според табелата. За разлика од колиеф не е до 7 пати дневно него со секое хранење. Ако се храните на саат и пол-2 одиш со пола од дозата ама даваш пред секое хранење. Иначе јас имам од мн. места купувано, а знам и од другарки па ако помага имаат Херба низ Чаир, карши клиника аптеката баш на пешачкиот, Бети во Порта Влае, низ Аеродром кај Јане(освен зегинот) и Капитол, Алпи фарм во Кисела вода( претпоставувам сите Алпи)...се надевам некоја од овие ќе ти е блиску А и на Партизанска еднаш земавме по скаличките до Броз кафе
Бебе ми е месец, педијатар ми спомна за капкиве по потреба да ги дадам не редовно, ама ми рече 2 пати на ден по 20 капки
Здраво мами беба е 27 дена само на доење и од 7 до 11 навечер плачки од грчеви помодрува од плачење. Бара само да цица и се смирува дур е на града, па се прејадувс и повраќа. Јас внимавам на исхрана не внесувам иритирачка храна за стомачето. Искуство да споделите против грчеви за нашиов случај