Кај мене бебето од 2-3 недела почна да има грчеви и тоа многу ама после 3 недела освен пробиотик биогаја што му ги давам од почеток почнав по препорака од педијатарр и со колиеф 6 пати по 4 капки во млекото и саб симплекс 3 пати по 20 капки и бебето како друго да е,нема воопшто грчеви
Моето нема воопшто грчеви имано до сега. Затоа давам само пробиотик. Само од скоро почна ако прдни да плачи. Незнам дали да давам. Тие саб симплекс за што се?
Ako ne e epten strasno ja bi ti rekla ne davak nisto. Jas davav espumisan za gasovi ama toa bese placenje prdenje nekolku saati bez prestan i posle 40 dena pocnav da namaluvam so takvi kapki
Па не плачи многу, да прдни само и се смирува. Еспумисан земав пред 2недели,му давав 4дена и немаше никаква промена, па ги прекинав.
Да на почетокот многу често по 3-4 пати ја плескав по грбчето и и велев дека е најтепано бебе.Сега на 4++ е поретко.
Здраво, бебе има 10 недели. Waja пробиотикот во комбинација со Бекутан капки за грчеви не покажаа никаков ефект за смирување на грчевите, па околу 6та недела одлучив да менам пробиотик (BioGAja) и бебе нема грчеви воопшто(не му давам ни чај ни капки за грчеви), меѓутоа забележав потечна столица, па се вратив повторно на Waja, но и грчевите се вратија. Некој да има слично искуство, па да ми препорача некој друг пробиотик? Благодарам )
Моето е 11 недели и цело време е со течна жолта столица. Кака 2 пати дневно и одлично напредува. Не ја сметам течната столица за проблем со оглед на тоа дека само цица. И јас имав слично искуство и не давам воопшто пробиотик Да чукнам супер е.
Топло на мешето ,јас имав перниче со трици ,ќе го загрееш во микробранова и ќе ставиш на мешето кога има мака
Da ne se panicam ko taka Nonstop se plasam koga cica radi toa ama stom toa se slucuva kaj golem del od bebinjata znaci e normalno
Na soprugot denes mu go kazaja sirupot I go kupivme, malata se grchi, pocrvenuva. I samo vo race od 15h do 18h dodeka ne go dadov sirupot, kako go upotrbuvse.. Nas ni kazaja 2 pati na den po 5ml t. E cel.spric.. Go dadov direk vo uste I potoa mleko... Dali e pravilno taka?
Да, и јас давав 2 пати во текот на ден по 5м, го давав со шише, инаку не го пиеше цел, ми плукаше од шприцот. Многу му помогна на бебе, се надевам и вас ќе ве помогне
Od kako I go dadov piese mlekce zaspa odma, stana piese mlekce sega spie pak, mislam deka ke ni pomognat I nas.
Женски малиот изгледа има грчеви. 20 дена има. Од вчера е кенкав, а мешето камен. Што да му дадам? Или треба прво кај педијатар нешто да препише?
Ако не плачи многу, би ти препорачала да пробаш прво топло да ставаш, вежби со ноџињата,масажа на мешето. Моето така ги помина. Немаше јаки грчеви, така кенкаше, ставав топло, се какаше и се смируваше. Пробиотик давам само, друго ништо.
@mamaJana koi se tie kapki sto vi pomognaa? Jas davam Bio gaja samo, no denes mnogu place, zaspiva i odma se budi. Nema vrzano son od 5 sabajle. Inaku moze da mi kazete kade da najdam pernice so trici?
Мама Јана давала сируп Nurse Harvi's 2 пати дневно по 5мл. На форумов има многу задоволни од него. Јас давав капки колипреф, пред секое цицање по 5 капки. Тие се ензим лактаза што го разложуваат млекцето. Исто давав чај од ким, тој најмногу му помогна. Немавме перниче со трици, туку појас со коски од цреши. На почеток кога беа послаби грчевите и не беше прежешко, ни бркаше работа. После додуша не ни ставав, ми беше жал дека жешко, дополнително топло да му ставам. Јас го добив на подарок, ама го има во Тила 350 ден мислам дека е. И по аптеки би можело да има.
Nurse Harvey сирупче, 2 пати по 5мл дневно. Дополнително давав биогаја. Сега не давам ништо, бебе има 3 месеци. Перниче јас си направив сама, купив трици пола кило и ги ставив во чорап, зашив и ставав во микро па на меше. Сега е многу жешко, незнам дали е ок да се става плус топло на мешето...