Може некој да жи објасни каде грешам со термофорот од voli baby. Цело време е кристализирано. Кога го потопувам во врела вода, станува течно и за брзо пак се враќа во кристали, без да го коростам. Како се користи правилно?
Мора подолго време да врие во водата иначе ако не стане скроз цело течно пак ќе почне да се кристализира…
Јас во тенџерче имав ставено Виледа крпа од тие што упиваат, и крпата стоеше на подот на тенџерчето па го полнев со вода и после го вриев така термофорот
Во 100мл зовриена вода ставам 5-10 зрна ким и оставам да стои 10тина мин. Откако престана да ми го пие, почнав со анасон да го мешам. Дневно пиеше 30-50мл и кај нас имаше ефект.
Јас на тенџерчето ставав преклопени лажички и врз него термофорот да не допира на дното. Првин го ставам на тројка и штом почне да врие на единица едно 10 мин и не сум имала проблем.
Сакав да ве прашам мамички,кога од прилика им почнуваат грчеви на бебушиве? Првото имаше мн грчеви ама ич не се сеќавам кога ни почнаа.Засега малово мирно е нема знаци,чат пат ќе закенка ама ке се покака,ќе прдне и толку.
Google вика од две недели возраст.Тука сум прочитала мислења дека и од одма може т.е од некои 3 дена.
До кој месец се пази на исхрана заради грчевите ? 5++ е беба и уште се немам опуштено со грав, газирано и останати работи А веќе ми се јаде
И јас газирано чат пат знам да се напијам, и по 2 Кафиња секако. Овошје и зеленчук јадам во изобилство, но лупен миен се тоа. @tincemajmunce зависи од бебе, од тебе ако цица. Првото дете немаше воопшто грчеви, не пазев на храна, јадев скоро се, и немаше. Ме плашеа многу, чекај рано е, чекај ова чекај ќе видиш итн. Сега второво не знам дали почнаа, досега два дена беше така покенкава, и не спиеше воопшто. Сменивме додуша и локација, не бевме 3 недели дома и кога се вративме од ноќта неделата до вторникот може му се поремети, многу плачлива беше. така да секое дете своја приказна, може и на 3 недели да го фатат, може и на 3 мес а може и ич!
И давам пробиотик Диастоп, и колиеф и давав, но сега сакав да сменам на Бекутан капките против грчеви или сирупот Nurse Harvey's? Што е подобро?
Бекутанот ти е исти состав како Еспумисан..нас тоа ни помагаше да прди полесно…ама сирупот кај нас беше најефикасен ошто ако го фатеше крива тогаш само давав…Всушност ние до 4 и по месеци имавме премногу грчеви и како најдобра ни се погоди комбинацијата Еспумисан по потреба, Колипрев пред некој оброк и сирупот по потреба
Немаме ние премногу, одвреме навреме, но сепак мислам колиеф не и помага многу... или јас така мислам само незнам.. затоа сакав сирупот да го земам па да пробаме.