1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчеви кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 9 мај 2010.

  1. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Ајде да ја активираме малку темава..
    Малечкава моја има многу грчеви нон стоп се грчи особено последниве 2 дена, воопшто не спие и само кенка,сака само во раце инаку тешко дека ќе заспие.. и ставам топли облоги и и давам капки Infaclor , и давав и чајче бекутан ама некако не го сака па сменивме и земав Плантекс..
    Некое друго чаре?
    Како вие се справувавте со грчеви?
     
    На St. Eve му/ѝ се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    И ние сме со истава мака :worried:
    Нејзе ја боли, мене душа ми се кине , проблеми имаме 2-3пати во текот на 24ч, а траат по саат време, сирота се изморува од нив , душа и спие , а неможе да заспие, т.е. ќе задрема и се буди вриштејќи ;(
    Јас ја гушкам , целата стуткана во мене, ја легнувам врз мене на стомак, или пак ја нишкам на нозе. Не дека нешто е ефикасно, но навистина незнам што друго да превземам :(
    Купивме чајче Бекутан, но сеуште и немам дадено , наводно била мала, но дефинитивно ќе дадам нешто, планирам и капки да купиме после , па ќе ви пишам искуство.
    Само совет, ако детето цица, чајчето да се дава со шприц, никако со цуцла, за да не се навикнало на цуцлата. Јас и дохрана со шприц давав првите денови.
     
    На sanjaж му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас ќе бидам искрена и ќе кажам дека не успеав да се справам со грчевите никако.Пробував со чај Бекутан-Хип,со капки,со чај од ким и нане,топли облоги,масажи и се беше џабе.Единствено нешто што ја смируваше колку толку беше држење во раце (24/7) и цицање и се така до некој ден пред 5 месеци ,кога одеднаш и ги снема.Знам дека така ја научив по цел ден да е во раце,до ден денес,ама па не знаев како поинаку. И јас ги пробав инфакол капките и после 3-4 дена давање грчевите и се подсмирија некои 2-3 дена,ама затоа 4 тиот ден кога отвори уста ,цел ден не престана да плаче,а продолжи и другиот.Ги прекинав капките и следниот ден си продолживме исто како и пред нив.
    Единствено нешто што инстант ни помагаше беше топломерче,но него го користев во моменти кога и јас бев при крај и со сила и со нерви.
     
  4. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Пробајте со чај од ким - сварете неколку зрнца, и давајте по неколку лажички дневно, или кога ќе има проблем бебето...
     
  5. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Нас ни помогнаа капките Еспумисан, плус дневно пиев чај од мајчина душица и ким, секој ден по 2 литра. Пaзeв и се` уште пазам на храната која јас ја јадам....не јадам зелка, грав, грашок, боранија, грозје, пиперки зелени, краставици, тиквички итн....значи се` што е зелено не смее да се јаде, предизвикува грчеви, пресно млеко и газирани сокови, кафе ретко пијам (не ми е слатко без цигара :lol: ) или ако пијам најчесто тоа е 3 во 1 нескафе, зачинета и лута храна.
    Во суштина јадам само компир, ориз, месо и тестенини во различни манџи и специјалитети.
    Искрено ми се здосади од еднолична исхрана, ама тоа е. :)
     
    На marijasfumato, Unique.chick, meU и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Јас почнав да верувам дека исхраната на мајката многу не влијае на грчевите.И јас до 5 месеци јадев само павлака,АБЦ крем сир ,овесни снегулки и тестенини и ориз,месо еднаш до два пати во неделата значи за тие 5 месеци се исушив ,а малата имаше грчеви нон-стоп.Моја другарка јадеше се и грав и зелка и зелени салати,а малото немаше ни г од грчеви,до 4 месеци скоро цело време спиеше. Изгледа се е до стомачето на бебето :x
     
  7. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Непишано правило е дека кај новороденчиња во период од 18ч до 22ч се појавува вознемиреност :(
    Моето бебе неретко имаше грчеви и тоа во тој одреден период
    преку ден нормално се си беше си цицаше си спиеше
    А чукнеше 18ч како да знаеше и ке почнеше да плаче ... ништо не ја смируваше
    возење во количка , ќе ја нишкав додека не се успие ..
    И давав Сабсимолех капки кои може да речам малце ни помогнаа :wasntme:
    Чајче нејкеше да смисли.. :(
    Грчевите ни престанаа кога имаше 2 ипол месеци . Си спиеше нормално , си се среди мешето
    Иако јас мислев дека никогаш нема да помине тој период :sweat: :sweat:
     
  8. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    ние до последно бевме со еспумисан капки и со ширупце Coli-b.
    капки имаме уште понекогаш зависи што сум му дала да јади пак го боли мешето
     
  9. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Женски
    Од кога го ставив малиот да спие на меше мислам дека тогаш престанаа грчевите, се смири и спиеше мирно. Нормално на почетокот му висев над глава додека спиеше и не мрднував ни минута. Се друго пробав и немаше никаков ефект.
     
  10. taska

    taska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    до кога траат грцевите ??? ние имаме 3 ипол месеци и се усте ги имаме ,што се не пробавме од капки сирупи цаеви нисто не помага
     
  11. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ако цица бебето обрати повеке внимение ти на храната бидејки од тешката храна преку млекото и оно може да иам грчеви инаку кај нас на 2 месеци престанаа
     
  12. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    225
    ќерка ми имаше грчеви до кај 4 месеци. најчесто и беа поради брзото цицање (голта многу воздух). плачење по цели ноќи си имавме 4 месеци.
    јас и давав бекутан чајче, пазев што јадам, ама ете она пак си имаше. некогаш и правев и чај од ким, ама некако не и помагаше тоа.
     
  13. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049
    Вчера бевме на Еспумисан капки. И дадов 3пати по 10капки пред доење, гледав да ги натемпирам од кај 14ч па до вечер, зошто обично навечер ни се грчевите.
    Синоќа плачеше, ама ја ставив на града, почна да си цица и престана да плаче. Не верувам да беше гладна, зошто беше јадена пред тоа и тоа доста добро, но сепак ете престана, па неможам да кажам дали беа грчеви или не.
     
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Внимателно со кимот. За грчеви и мене ми имаа кажано дека помага, само мора да се внимава на количината. Две-три зрнца се сосема доволно. Искрено, нас не ни помогнаа.
    Баба ми ми имаше направено платнени кесички со жито (ова по бабски...и се убивме барајќи :) ) , па тие кесички ги загревав на парно и и го топлев мешето. Е ова ни помагаше.
    МЕУ батали ја модернава медицина, цуцли не,лажливки не, чајче не, вода не ... јас го јадев тој стап, па на шест месеци се учевме од чаша да пие, а додека сите бебиња си цуцкаа ние вриштевме. Ставај цуцла за мир во куќа :)
     
  15. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Грчевите си зависат најмногу од бебето (ова е мое мислење после 2 бебиња :) ). Јас претерано внимавав што јадам и што пијам, бев да не речам на строга диета и еве помалово пак си имаше грчеви. И што се не купив од тие сирупи и капки и чаеви за грчевите, џабе парите. На моето малечко најмногу му помагаше топла пелена на меше (стоплена со пегла, ставена нормално над облеката), па така со пелената ќе ја легнев на мене на меше и само така заспиваше и се смируваше. Друго се беше со многу покус ефект, да не речам, колку воздух да земе за да продолжи со плачење. Секое бебе реагира на различни работи, нема правило.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049

    И имам понудено цуцла, но не ја сака. Засега не сме имале некоја реална потреба од неа, а и можеби подобро вака, за да се подздебелиме уште малку, па после нека цуца ако сака. Сега подобро да и дадам цицка, да не ја мислам дали е или не е гладна :)
     
  17. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.750
    Пол:
    Женски
    Од топлото млеко се смируваат ,но и тоа кај кое бебе како. Мислам дека и тоа што ја чувствуваат блискоста на мајката им помага многу.Мојата малечка додека имаше грчрви(4,5-5 месеци) не сакаше кај никого во раце,кој и да ја земеше уште толку плачеше.
     
  18. m1lani

    m1lani Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    21
    Dragi moi kazete nekoj sovet za grcevite site gi procitav sto sa pisuvali i se sum pravela i nisto moeto malecko ima grcevi pak. velat da ne jadam mlecni, proizvodi, ovosje, zelencuk, gazirani pijalaci.... sega ke probam da ne jadam ovie raboti pa ke vidime :(

    [mod-kirilica:lhoor5fk][/mod-kirilica:lhoor5fk]
     
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    за грчеви кај керка ми помагаше еден сируп мислам нешто англиски беше нешто како nurse беше не ми текнува баш еве феминките ке ме потсетат како беше и нас ни помагаше крпа на рингла си загревав и на стомак и ја ставав после2-3 минути пак на рингла пак на стомаче и така некое време и ке се смири исто легнувај ја на твојата рака ама на стомак масажи на мешето и тоа ама грчевите некаде до 2-3 месеци преку сила траат повеке не а за исхрана јас знам дека грав лека грашок ме советуваа да избегавам
     
  20. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.049

    Па ако не јадеш ништо од каде млеко???
    Јас не пазам многу на јадењето, освен што не сум јадела до сега грав, а и некои работи кои мене ми прават проблем.
    Еве денес имавме грчеви, но траеа некои 15мин, едно 4пати се извреска, се гушнавме, си пеевме и помина. Претходно и дадов 10капки Еспумисан. До сега има 3х10 испиено. Се надевам вечер нема пак да имаме грчеви.