Mojata odma uste vo bolnica ama ne znaev posledniot den mesana salata jadev tamu. Doma marula i odma pocna da vristi. So pazenje na hrana i kapki se stabilizirase i posle 40 dena ko magicno da gi snema,samo cat pat bolni prdezi zavisi mama sto jadela
Земи го сирупот, кај нас стварно се покажа ефикасен..и тоа не го давав по упатство....туку по потреба
Јас го користам сирупот во комбинација со Ваја пробиотик. Го фаќаат и сега, еднаш дневно. Кај нас сирупот се покажа како доста ефикасен.
Јас давав на сабајле пред млекце пробиотик(еднаш на ден) а од сирупот кога ќе го фатеа грчеви по 5мл измешано во шишенце со малку чајче од бекутан и веднаш му поминуваа
Денес сме полни 3 недели. Со грчеви почнавме уште вториот ден дома, инаку на доење сме. Многу внимавам на исхрана со цел да не ѝ предизвикувам уште повеќе мака. Прво земавме само Еспумисан по потреба и пробиотик Биогаја. Потоа воведовме и Колиф затоа што немаше баш ефект само Еспумисанот. Грчевите сеуште беа интензивни со грчење буквално како кифла се виткаше. По препорака од пријатели земавме Инфакол, по состав е ист како Еспумисанот, се дава пред секое доење. Го отфрлив Колифот. Малку е полесно, но денес цел ден беше на едно 3 часовно дневно спиење од тоа што ја мачеше стомачето. Знам дека допрва уште посилни ќе се грчевите. Што советувате, дали да го воведам повторно Колифот, дали да почнеме со чајчиња? Секако ќе се консултирам со неонаталог на следна контрола, сепак ми значи споделено искуство. Срце ми се кине кога ја гледам како се витка, помодрува од плачење, тешко го поднесувам истото... Знам период е и поминува, ама додека трае да ѝ олеснам колку толку.... Фала однапред
Бебето мое има скоро 3ипол месеци и сеуште плаче многу се гледа стомакот ја мачи.. ама дали може грчеви а веќе големка е или грешам? Мислам до сега требаше да се среди 3 месечно бебе а вака плаче... и давав биогаја еспумисан ама не гледам разлика кога и ги давав.. и бекутан чајче ништо не помага.. уште мака мачиме а можеби и не се грчеви. Утре идеме на лекар пак
@marta993 како е малата? Мојов синојка цела ноќ кенкаше,цивкаше и денес цел ден.Зедов прееска во аптека тој шурупот Nurse Harvey’s плус и waya пробиотик. Му дадов вечерва еднаш од шурупчето се изнапртка сега засега мирно спие,ќе видиме како ќе ја поминеме ноќва.Сабаје ќе му дадам пак и плус од пробиотикот.
@tincemajmunce ние воглавно имаме проблеми преку ден... послабо спие, кенкава е се грчи и има лесен сон.. утеха ѝ е во раце и да цица.. Вметнав и Колиф навечер заедно со пробиотикот, колку толку да ѝ биде полесно... Неа многу рано ја фатија грчевите, се надевам и поскоро ќе ѝ поминат. Душички се
Јас еден период не пиев млеко јогурт и чај за доилки и бебево немашше толку грчеви.. деновиве почнав пак и де откорна од грчеви на 3 месеци.. можно ли е нешто од горе наведенибе работи да и прави грчеви или психа ми е ?
Млеко и јогурт прават грчеви кај некои бебиња. Јас не јадам никакви млечни производи 3 месеци. Чајот за доилки сосема спротивно, треба да помогне со грчевите.
A moze li da mi kazefe kako da go davam Nurse Harveys sirupot ima 3 meseci malata i dali so probiotik waya? I primer kolku razlika vo vreme da ima pomegu sirupot i probiotikot ?