Јас давав редовно Колипрев до 4 месец, може и малце повеќе. И да постепено намалување, не наеднаш. По капка на 3 дена намалував.
За грчеви може исклучиво лактаза од прв ден. Во Ремедика на моето му даваа веднаш од раѓање Колипрев, педијатарот рече дека сите бебуши што се грчат и плачат одма почнуваат да им го даваат таму, па дома продолживме.
Бекутан и еспумисан се ист состав. Од ниедно нема да видите фајде долгорочно искрено...само запек може да прави.
Стави топло на меше, на мојот тоа најмногу му помага. 3 месеци има и уште има грчеви но го фаќаат само насабајле во 5.
Ќе видам како ќе биди сабајле, спремно ми е и перничето за топло уште тоа не пробав.и ние имаме обично насабајле најмногу се стега..2 сме ние точно ваљда ќе поминат.
Смее Вајата да се стави во млеко? До сега и' ги давав со лажиче, ама многу ги плука, ќе морам во млекце да и' ги ставам доколку може.
Колку ќе испие толку. Моето е 2+, еднаш испи 20мл, инаку само го лижнува, му капнувам во уста по неколку капки, супер е ако испие 10мл пред да се налути.
Mamichki, tri dena po red navecher imame muka. Pieme mleko kaj 9ineshto i do 10 sme vekje zaspani. Se budi vo 1za mleko pak, go stavam na cicka i posle davam ad zatoa shto mu e malku. E sega tuka e problemot. 3 nokji po red od 01h po polnokj do 04h ne spie i nikako nemozes da go uspies. Koga kje dadam mleko 4ipol negde posle toa zaspiva, ne bese kenkav samo nejkese da spie. Nokeska od 1h kako shto se razbudi ne zaspa ich. Vo 4ipol dadov mleko dzabe ne zaspa posle mlekoto. Duri vo 6.45h. Kenkav beshe placheshe mnogu, duri koga ke go spushtev na krevet pak pochnuvashe da plache i se vitkashe gi sobirashe nozete. A koga kje go zemev vo raka kolku tolku se smiruvashe. Grchevi li se? Shto li e... kakata nie zolto zlatna, znachi ne sme gladni.. pomagajte ostanav bez son race ne mi mrdaat da go drzham noze ne mi odat da go shetam niz soba. Machno mi e shto se machi srce me boli.
Грчеви има штом се витка. Му даваш ли нешто? Пробај прави му вежбички, масирај го мешето, ставај термофорче или топла пелена, шише топла вода, било шо.
И мојава последниве 2 вечери цела ноќ кенкање и плачење, се витка, се грчи, грчеви се најверојатно а има само 10дена. Не сум наспана ич но нека поминува. Иако е рано пробав да и дадам еспумисан 5 капки, мислам дека се потсмири од тоа.
Давам капки еспумисан, ми рече педијатарката во 16часот 20капки, и во 20часот 20капки во млекце. Мака мачиме ненаспани. Еве пред малку стана, а беше заспан од 9, му дадов да цица се измори а уште шмокче со устичето и му напраив ад. Не знам што да кажам искрено. Дури прееска го бањав близу 20часот топло да му биде на телото и да заспие поубаво, па мирен беше не кенкаше. Шо побрзо да проаѓа, душата ми се корне кога го слушам како се мачи
Ја мислев ќе помине до кај 2 месеци... Уште мака мачиме, како натемпиран е секое сабајле у 7 и попладне во 1. Барем поретко се случува, порано повеќе пати во денот се мачеше.
Mila grcevi se i moeto bese baas isto samo sto jas ne voveduvav AD tuku bese isklucivo samo na doenje mi pomogna mnogu waya probiotik i kapki colief so toa najdov spas i za bebce ama.i za sebe barem 2 do 3 casa spies mirno i ti i bebus probaj so ovie i se nadevam ke ti pomogne i ako nemas termofor za toplenje zemi nekoja pelena ili nekoe pamucno parce topli go i stavaj na meseto
colief и ние даваме по препорака на др.Фиданоски.Два месеци ке полни утре и веќе се намалуваат фала богу.
И јас сум многу задоволна од Colief, ги смируваат грчевите и мирно спие, посебно навечер. Единствена маана им е тоа што се непрактични за употреба. Инаку претходно користевме Еспумисан и не осетив ама баш никаква разлика.