Jas duri i sise koristam za protiv grcevi i pak ne pomaga. Edno vreme i pomagase sega otkako napolni 5 meseci pak i se pojavija grcevite
Бебе е 3 недели, има грчеви и педијатар ни препорачува Flonivin baby капки. Искуство некоја со овие капки? Како ги давате, пред или по цицање? Кесичката се раствора во течноста или јас грешка сфатив?
Da mila kesickata se rastvara vo tecnosta...nasiot prv pedijatar i gi prepisa na malata po 6 kapi sekoja vecer vo 18 casot ama iskrena ke bidam nikakov efekt nemase potoa i prepisa i coliev na sekoj podoj po 4 kapki ama i od tie nikakov efekt na kraj go smeniv pedijatarot i dade espumisan beby i fala mu na bogu malata mi se smiri nema vise grcevi i placki...jas bi ti preporacala espumisan da si zemes 25 kapki se davat ama sepak tisi znaes sekoe dete ne e isto ako mislis probaj i so tie sto ti gi preporacal pedijatarot jas ti spodeliv moe mislenje
Дали има некоја мајка и како се справува со бебенце од месец и пол кое има интензивни грчеви вриснува од болка собира ножиња се вцрвенува напнува прави гримаси испушта гасови.. Пробавме бекутан капки еспумисан, сирупот нурс, биогаја, чајче од анасон, и пробиотик Диастоп преку цел ден и цела ноќ топли облоги на меше, вежби со ножињата масажа нежно на меше апсолутно ништо не помага, се смирува само на града така заспива оставија в креветче плачи. Дење дремнува по 10 или 15минути ништо повеќе легнува во 02ч 03ч и спија максимум два сати со кемкање стенкање а некогаш ни толку ноќе не спие. И таа е преморена а и јас. Ќе ве замолам за мислење и помош ако има некоја мајка во иста ситуација.
Скроз исто! Бебето е месец ипол и се препородивме откако ги прекинав диастопот (заради нив еднаш неделно какаше и се мачеше) и откако почнав да давам колиеф. Како друго дете да имам сега, пробај може ќе делува и кај вас.
Кај мене кака секогаш редовна столица има досега само два пати се има случено да не кака по 1 ден ама веќе другата ден надополнува. Пробав и со ад да додавам после доење да не и е малку млеко ајде да не плачи од тоа ама не исто пак дремка од 15мин најмн со полуотворени очи да не избегам некаде. И цел ден цела ноќ се држиме и се смирува само на цице никако поинаку ни со нишкање ни релаксатор ништо а и се спија и се плачи само се прозева и очите на пола копје и се и тие 10мин дремка ги крева ножињата и стенка. Незнам да пробам уште тие си викам мало е а јас експерименти си правам со капки сирупи... Педијатриве велат издржи период е .. ама месец и пол да не спија неможиш да фунлционираш а и таа е нервозна плус без сон
Јас мислам да пробаш, и јас прво со еспумисан пробав па со сирупот нурсе, со бекутан чајот и на крај колиеф помогнаа. Тоа е, мораш да пробуваш дури не видиш што делува, сепак кај секое бебе различни ствари делуваат. А по колку ад му даваш после доење?
Не и давам многу ретко ако одам некаде оти неможам да се измолзам млеко колку што и е потребно два до три пати неделно и давам ептен ако плачи многу да видам дали е од глад се ќе пробаш. И давам 60 мл некогаш ги пија 60 некогаш 20 или 30мл. Инаку е на доење само си крева на килажа супер е засега ми рекоја нема потреба од ад. Ама од мешево што се мачиме бара утеха на цице ужива цел ден да е на цице со силиконска брадавка ја дојам тоа можи дополнотелно ствара грчеви. Не сакаше да фати и мораше да купам со нив цица без проблем
Три пати во денот по 25 капки .Колку сте големи.Ние сме месец ипол ,дали смеам и јас така.Инаку давам еднаш по 25 капки
Исто, месец ипол, така ги давав уште пред месец дена, така ми кажа педијатарот, а така пишува и на упатството. Прочитај го за секој случај, има наведено точно дозирање.
Мајки, изгледа нас ни почнаа грчевите. Секојпат кога ќе го легнеме во креветче ги витка нозете и плаче , се врти на страна, и стомачето му е тврдо на допир , и од вчера ако не спие плаче цело време... ова се симптоми така? Денес правиме две недели, не е малце рано? Исто да ве прашам, која храна да ја избегнувам? што да земам за да му помогнам? знам за газирани сокови и чоколадо.. дали да прекинам и млечни производи?
Не е рано. И нас тогаш мислам ни почнаа. Јади си се, не се ограничувај. Ако приметиш дека нешто му смета ќе прекиниш. Стљвај топло на мешето. Ќе помини период е, само трпение
И на мојата од првите денови и почнаа грчеви, не е рано. Синоќа и она вриштеше, и давам капки, пробиотик, топло на меше, и пак вриштеше, се подзамислив дали и е доволно моето млеко....