Јас го давам 5мл утро 5мл навечер во шише да го испија. Оти со лажиче ми се давеше со шприцот дирек во уста плачеше. Мојава е 2 месеци и сеуште така во шише и го давам.
До кога треба да се даваат капки за грчеви? Бебе е 3 месеци скоро, Колиеф давам, па не знам дали и кога да ги прекинам.
Можеш постепено да намалуваш. Немој одеднаш да прекинеш. Ние користевме Колипрев пошто Колифот не можев да ги чекам. И во упатството пишуваше постепено намалување, на 3 дена по капка помалку да речеме...
Мајки здраво. Син ми е 2 месеци скоро и сме на доење. Од самиот почеток кака еднаш во 4/5 дена. Вториов месец почна и многу да прди и страшно мириса, како на сулфур или расипани јајца. За грчеви давав еспумисан но не бев особено задоволна. Прочитав и дека правеле запек па го сменив со сирупчето Nurse. Во однос на грчевите сум супер задоволна но смрдливото прдење продолжи. Какво е вашето искуство во однос на ова?
А како ги давате Еспумисан капките? Повеќе пати во текот на денот или наеднаш? И по колку капки? Бебе има 4 недели.
Мами од кога Колипрев капките имаат дејство? Од сабајле давам на секој подој ама бебето пак нонстоп има грчеви, прди, кенкав е, само на цице сака и во раце, ненаспана сум жива, две недели имаме, ставив и термофор топло да му иде ама ете пак е кенкав, хелп
Сите капки имаат акумулативно дејство, треба малце време. Биди трпелива и издржи, знам дека е многу тешко
Мајки купив сирупче Nurse Harvay's го отворив гледам горе има прашоче дали треба да го истирам цело во сирупчето, малку нејасно ми е упатството...
Од еспумисанот по колку капки давате и колку пати на ден? Бебе е 25 дена, докторката ми рече да давам 15 капки 3 пати на ден а во упатството пишува 25 капки, затоа се збунив. На доење сме, дадов со лажичка ок е?