те читам и буквално како да ми го опишуваш мојот ден... исто сме и ние месец ипол од 8 миот ден ја фатија грчеви и таа недела првата педијатарот ме советуваше да не давам ништо капки дека е уште мала буквално полудевме ... сега исто преку ден си е мирничка и седи будна, а се стемни почнува да вришти... не знм дали си пробала јас и давам сеа саб симплекс и мислам дека и помагаат пошо има пак ама не е секој ден од кога и ги давам капките... и давам паралелно биогаја и исто нас фен ни помага многу во тие моменти на очај се пробав ... кога ќе и пуштам фен се смирува инаку мислам дека ништо не помага да нема ич мора да издржиме иако е многу мачно
Мене не фрапира податокот фека на 8 дена педијатарот ти рекол да не даваш ништо... грчевите се викаат инфантилни колики, а колика е јака болка и е греота било кој да ја трпи. Инаку саб, еспумисан и бекутан капките сите се симетикон нема разлика во нив. А диметикон(изомер на симетикон) има во состав на некои шампони против вошки...чисто како инфо,ваш избор, ама на бебе во уста тоа не би ставила...
Па јас од тоа што го знам со сигурност научно докажано е дека грчевите кај бебињата се последица на немање ензим кој го вари млекото т.е лактозата. Тоа е ккао возрасен кога е интолерантен на лактоза, е исто се новороденчињата ама само одреден период(неколку месеци).Проблемот е што возрасен ќе избегнува млечни производи, ама бебо нема избор. Затоа треба да се дава ензим лактаза( може од 1 ден) колиф или колипрев(конкретно јас од колипревот сум позадоволна!) и малце трпение да почне да делува. Исто лошо е ако на 2-3 дена се менуваат препарати. Значи медицински оправдана употреба е единствено таа( нешто што сите имаме во нашите организми). Истото важи и за пробиотиците само шо не делуваат на грчеви. Се што е хемија би требало да држиме понастрана од нашите малечки Сепак ќе кажам секоја мајка си прави сопствен избор за своето дете, не сакам да бидам сфатена погрешно ама ова е од медицинска гледна точка.
јас од тоа што читав исто се мислев да земам колипрев, не дека разбирам нешто состави туку гледав дека го фалат, сепак педијатарот ме советуваше да земам капки со симетикон по мој избор... она ми ги предложи бекутанот, мене другарки ми ги фалеа саб симплекс ми рече можеш и тие битно е да има симетикон, нормално напраив така како што ми кажа она, немам медицински познавања ама баш ќе се консултирам
Јас имам медицински познавања и затоа се обидов да ти го доловам процесот. Бебињата имаат "транзитна лактозна интолеранција" и таа се решава само со ензим кој ќе ја разградува лактозата(или кај возрасни да избегнуваат се што содржи лактоза т.е млечни производи). Никаква потреба немаат од ниеден симетикон зошто ние во телото не произведуваме симетикон, ами лактаза( а бебињата пошто ги раѓаме "недоразвиени" ) треба таа да им се надополни некако за нормално да функционираат. И мене ми е жал што некои педијатри уште се врзани на симетикон, но што е тука е. Затоа постојат и вакви групи, па секој да може да прочита нешто плус BTW лактазата нормално бебињата почнуваат да ја произведуваат доволно и самостално околу 4 ти месец и затоа е она "магично" престанување на грчеви тогаш...а зошто било кој да се мачи 4 месеци кога решение постои во 21 век.
Веќе трет ден и давам од овие капки CO LACTASE 4 капки секое доење ама прво се мешаат со мајчиното млеко во лажица не дирекно во уста, во комбинација со биогаја еднаш на ден 5 капки, и фала Богу многу сме подобри, да уште има грчеви но во споредба со предходно супер сме. Денес ми стасаа колипррв капките, ама ке продужам со оваа комбинација за да не ги менувам на 3 дена А ако се влоше ке ги заменам со колипрев па белки ке е подобро
Иначе пошто е лактаза у прашање слободно моеш да се пребациш кога ќе ги потрошиш. Попрактични ќе ти се пошо не мораш да ги мешаш со млекце туку директ у уста
Zdravo devojki, bebeto ima 3 nedeli od skoro ni pocnaa grchevi, ni dadoa normia i colief kapki ako epten ne se smiruva. Mu davav colief po dve kapki na 4,5 hranenja pa gi prekinav si vikav ako nema potreba da ne mu davam. Inaku e 90% na dohrana. Na upatstvoto pisuva odkako ke gi stavime kapkite pola saat se ceka pa se dava.neznam tocno sto se misli so toa ama za pola saat toa mleko se ladi i ne e dobro da se podgreva povtorno. Nekoja da spodeli kako se davaat, i dali e dobro da se prekinat ili dali da se davaat po potreba ili mora kontinuirano da se davaat
Континуирано се дури скроз не престанат грчеви. Нема потреба пола саат, се капнуваат 4 капки колиеф во млекото (преку едно хранење), промешуваш и само 5 минути е доволно да почекаш па го даваш млекото.
Јас ги оставам 10мин да отстојат во млекото и давам. Некои од членките ми пишаа дека 4-5мин било доволно (кажано од педијатар). Нас многу ни помагаат
Пробај Колипрев капки и Рекол пробиотик, плус Бекутан капки против грчеви или Нурсе Харви сирупот, ова нас педијатар ни го препиша се надевам брзо ќе ви помогне, капките после ден,денипол имаат прв ефект да не се паничиш дека врска немаат
Убаво објаснето, јас да си прашам пошо давам колипрев со рекол пробиотик, малото уште си има грчеви и вчера педијатарот ни рече да додадам бекутан капки или сирупче нурсе харви, гледам дека според тебе бекутанот не е здрав за деца. Те молам мислење за сирупчето дали е ок да го даваме?
И јас веќе трети ден ги користам овие капки. И фака богу вчера пројдовме без грчеви. Не давам чајче веќе. А го фаќаа грчеви и сабајле и навечер. Мислев од бекутанот се смируваше. Ама сега мислам дека капките си ја вршат работата Жива среќна сум. Чао чајче
Ако сакате може, мада јас би била трпелива и би почекала комбинацијата да профункционира. Сирупот има сода...почекај вака, ако не бива за неколку дена уклучи и сирупче на кратко, па терај само со капките после. Ps. Ова е само мое мислење, крајната одлука е твоја
Некако ми е многу три работи да давам, рекол,колипрев и плус бекутан или нурсе харви, ко да си го дрогирамдетево така се осеќам, тоа ме мачи, да не се многу три ствари да се даваат
Па затоа реков терај со тоа што имаш... ја би така. И имај на ум дека не секогаш 100 % ќе се намалат, ама ќе бидат подносливи грчевите. А плус со рекол и колипрев секако не го дрогираш, ние ги имаме во тело и тоа само ќе почне да си ги има тие состојки. Олабави се почекај и уживај додека расте
Еден куп пари дадов на капки, мислам чајов највеќе помогна. Шеќерот го тераше на какање. Инаку имаш на хип анасон без шеќер, само не знам колку ќе помогне. Јас ќе му дадев 30мл ќе се искакаше и мирен. Еве го дечко скоро 16м жив здрав