Кај нас има по втор пат го зедовме , прв пат давав при секој оброк сега ги намалив само по потреба. Имаат некој чуден период моментално се буди и давам цуцла ја плука и плаче ја тражи веднаш како узнемирена е и така едно пола сат не се смирува .. плус грчевите ама ќе помине се.
А дали ги стававте во 15 мл млеко па читам се чекало одредено време? Аптекарката му рекла на мм во лажичка со малку млеко и после веднаш подој.
Пошто дојам, во лажичка молзев млеко и ставав 4 капки, не мерев 15мл. Чекав 5,10,15 мин. да се активира, искрено во зависност колку време можеше да чека бебево без да вришти за јадење.. после тоа одма подој. Е за разлика од колиеф, колипрев е веќе активен ензим и не се чека, се дава и директ во уста и одма си продолжува да цица. На крај нив ги земав, така да имај ги и тие во предвид многу попрактични се.
Море 1 мин не може да чека, веднаш растворени во голема лажица му ги давам Се надевам ќе има и така ефект, сношти му дадов, утрово обилно се испразни. Само да не се мачат
Здраво мамичкии. Ме интересира како ги давате Colief капките на вашите малечки. Ние сме 2 недели и сме на адаптирано и некогаш му давам од мајчиното кога измолзам. Во упатството пишува да се додадат 4 капки во не врело млеко и да се чека 30 мин па потоа да се нахрани. Е сега..бебуш некогаш неможе да чека за млекце 30мин и неизводливо е. Ме интересира како ги давате вие? Дали во секој оброк ставате од капките во млекото како што пишува во упатството?
Јас ги давав преку едно млеко, го правев млекото (млако), капнував 4 капки, чекав 5 минути и толку. Ова е совет од педијатар, не мора пола саат да чекаш
Ја ставам у лажичка 4 капки и малку млекце и го пие тоа чекам 5 минута ако е можно ако не ни толку и и давам млекце.
Zdravo na site, Me interesira za Espumisan kapkite od koja vozrast moze da se davaat? Nie imame dve nedeli i imame mnogu grcevi, koristevme Colief i Ricol ama ne ni pomogna voopsto ...
Тоа е пробиотик можеш да даваш заедно со колиеф , ја го давам колиеф со nurse harveys некогаш помага некогаш мора да се истрпи.
Еспумисан користиме од 3тата недела, консултирај се со педијатар дали смееш ама мислам дека можеш да ги даваш. Кај нас се покажа супер еспумисанот
Мамички ајде помош, се измачивме со грчеви. 2ипол месеци сме, на Аптамил пре сме сеуште поради грчевите. Моментално му давам бекутан чај, бигаја капки, топла крпичка на мешето и масажи ама ништо не помага. Посебно навечер има многу гасови и од нив не може да спие убаво, постојано се буди. Сега викам да пробам со Колиф капките и не знам дали да пробам со некој друг чај или да останам на бекутан. Се мислев многу и за млекото, да не е од него, па да му го сменам со Хип ама сега ми е страв да го менам, дека веќе навикнато на Аптамил, не знам што да правам.
Мајка ние сме месец дена пие Хипп комбиотик , колиеф капки , бекутан чај , Nurse Harvey’s и пак има грчеви и гасови многу некоја вечер само плаче и ги мрда ноџињата .. не знам ни јас веќе како да и помогнам а од “најдобрите” работи зедовме и некоја вечер џабе е се си плаче до сабајле ..
Нурсе Харву сируп зимај одма ќе поминат грчевите. Ние само со тоа се спасивме и Колипрев секое доење давав,пробиотик 2 пати на ден. Грчевите мајка не се од храна едноставно им се разработува дигестивниот систем до 3 месец
Турција има и капки, ако имаш кој да ти донесе од таму,ние во еурофарм аптека го земавме, би требало да најдеш,еве избор за онлајн нарачки, да прашаш дали може за странство да праќаат
Мојата од биогаја имаше запек и многу гасови. Сменив на ваја пробиотик и се подобри скроз, и почесто кака и не се мачи. Грчеви немаше, и тоа минимално шо беше со саб симплекс капки се среди, ако има кој да ти набави
Ние имавме грчеви од 2ра недела ама ќе се разбуди од сон ќе се грчи ќе го понишкам и не плаче веќе до сега така беше сеа сме 6та недела вчера син ми зајде од плачење, вриштење без престан 20 минути ништо не го смируваше. Дали е возможно сега да се појават појаки грчеви ???