Да ве прашам бебето ми е два ипол месеци и кога пие млеко се грчи не може да го добие. А вака нема толку грчеви само кога пие млеко
Здраво мајки Сакам да споделам со вас нешто за грчевите. Мојот бебуш има 2 месеци. Во овие два месеци ние имавме грчеви многу, што не пробавме. И на крај се спасивме со Recol kapki x2 (сабајле и навечер ги пиеме во 8 и 20 часот) во 15 часот даваме 20 капки бекутан за грчеви ( но денес за прв пат не му дадов немаше потреба, најверојатно од чајот што ќе ви го пишам подоле) и во 12 часот и во 19 часот му давам по 20мл чај. Чајот го правам со ким и бекутан чај за грчеви. Зовривам вода и во чашка ставам 12 зрна ким и додавам 60мл вода зовриена. Оставам 5мин да поседи и го прецедувам во шишенце. Во него додавам вода да стигне до 100мл и ставам 5грама чај бекутан. Оставам да се олади и му го давам како што пишав во 12 и 19 часот.Ќе пробам деновиве и насабајле да му давам за да видам дали ќе можам да му ги исфрлам сите капки за грчеви и да останеме само на чајчето. Чајчево се покажа доста добро. Се надевам ќе помогнам на некој бебуш што се мачи како нас.
Не е до тоа мајка намалиле грчевите ради месеците. Ние исто се пробавме и џабе беше се како наполни 2 месеци престанаа истите и сега многу ретко има и не давам ништо само сменивме ад.
Може и тоа да е, ама сепак мислам дека чајчево и капките помогнаа.. еве сега му немав дадено бевме искочени почна да се витка да плаче. Али како што викаш како расте така помалце грчеви.
мамички едно прашање, имам капки саб симплекс за грчеви, дали некоја знае како се дозираат дали само еднаш се дава по 15 капки директно во уста или се мешаат со млеко?
А кажи ми мамичка, еднаш само и даваше? Зашто влера и дадовме преку ден имаше грчеви и поминаа а вечерта пак имаше и ни беше страв да и дадеме, се мислам дали да ги поделам барем навечер 5 капки да и дадам за да спијат а преку ден 10
Мамички, секако дека секоја мајка за своето дете знае најдобро, но сакам да ви пренесам она што мене ми кажаа како совет медицински лица, доктори и педијатри кои ми се блиски и во кој имам најмногу доверба. Ќерка ми имаше многу грчеви уште од првите месец -два кои и продолжуваа и после 6 мес. кога веќе јадеше и друга храна покрај доењето. Ми објаснија дека грчевите се заради недоволно формирана цревна микро флора, која кај сите деца индивидуално се развива, ама кај сите треба одредено време за да созрее. За чаевите ми рекоа да не пробувам затоа што немаат ефект дури и прават полошо бидејќи не се во функција на изградба на урамнотежена цревна микорфлора. Народски кажано само ги плакнат цревата и ништо друго. Ме советуваа да не посегам по комерцијални лекови без ефект. Најголема помош е да се пази на исхрана на мајката зошто преку мајчиното млеко бебчето добива се што јаде таа. Значи на некој начин мора да се жртвува мајката и да исфрли од мени она што забележува дека на детето му пречи. Кај нас беше најлошо со грчеви од јајца и грав, на пример. Од неколку лажици грав што сркнав имаше плачки досабајле и после тоа не ни помислував на грав. Јајца ни јас не поднесувам и сум интолерантна ама ете кога бев доилка знаев да земам варено јајце и тоа и правеше проблем на ќерка ми. Мене многу касно ми кажаа дека и кофеинот и чоколадата се исто предизвикувачи на грчеви. А тоа конзумирав секој ден. Видете сами и направете си некоја своја евиденција. Забележувајте после кој ваш оброк/подој најмногу има бебето грчеви.
А како го даваше? Јас гледам да давам на 3 саати отприлика Колипрев ама не сум баш прецизна, да знам отприлика како да дозирам.
Јас го давав во комбинација со Колипрев…колипрев по упатство, а сирупов дневната доза ја делев на 3 пати по 3мл најчесто кога грчевите беа поинтензивни
И ние најпрво дававме вкупно 15 на ден и тоа 7сабајле 8вечер за да отпосле прочитам дека се давале по 15 во секое шише млеко на 3 часа( од група на ФБ) ма да јас не давав толку многу Давав 3-4 пати по 10 капки
Извини, касно враќам. Јас и давав обично насабајле и навечер по 10 капки. Тогаш имаше најчесто грчеви
Мајки помеѓу Infacalm, Colief и Nurse Harveys што ви помогнало за грчеви? Беба ми е еден месец и на ад, прејаки грчеви има, многу се мачи Бекутан пиеше до сега ама не помагаат веќе...
Комбинација од Колипрев и Nurse Harvey..и млеко за колики...тоа беше спас кај нас, ама кога млекото го снема пак му помагаше сирупчето и Колипревот
Ништо не ни помагаше а со чајот само ги труете со шеќери ништо друго , обавезно вода давај колку сака да пие штом е на ад
За дозирање на сирупчето, епруветата се влечи скроз до горе за 5мл? Некако многу ми изгледа за една доза....