Ја затоа ја делев дозата на 2х по 2.5ml, и мене многу ми се гледаше одеднаш на новороденче да му дадам. А со сласт си го пиеше сирупот, не дека ќе ја одбиеше цела доза
Помагаше барем за грчевите? Во еден ден му даваше 2 пати по 2.5мл? Зошто пишува 2 пати по 5 мл на сирупчето.
Колку толку му ги смируваше грчевите, полесно ќе се испрдеше и искакаше по пиење на сирупот, па го давав околу 15ч. и 20ч. пред спиење. Во еден ден 2х2.5ml, да, и пак имаше ефект. Многу ми се гледаше 2х5ml дневно, затоа. Не ни поминаа грчевите од сирупот, да не ме сфатиш погрешно, само полесно ги поминувавме. Грчевите сами од себе ќе исчезнат, нема магичен лек за нив, ама не се секирај ќе поминат додека трепнеш
На дунде почнаа грчевите. Утре сме на контрола во систина давале колиеф. Сега засега само на биогаја сме. Патронажната ме советуваше јас неколку зрнца ким да изџвакам. Сте пробале вака?
Јас пиев чај од анасон на бекутан додека доев, можеш и тоа да пробаш. Тоа ми беше совет од педијатар Едит: прочитав дека сте на биогаја. Мојата имаше запек од биогајата, ваја пробиотик многу подобра опција ни се виде.
Многу рано Колипрев пробај, кај моево повеќе помагаа од колиеф. Ким не сум џвакала ама чај си правев. Ништо конкретно не помогна, имаше ептен лоши денови ама пробувај.
Ептен.Ми рекоа да ги очекувам после 1-ва недела. Од вчера ептен се грчи , прднува и црвенее. И многу е лакома мислам и дека се прејадува
Тоа знам, мора да се поминат, ама што е можно полесно да се поминат. Ќе почнам од денес со сирупчето јас, ќе видам дали ќе давам 2 пати по 5мл...
Колипрев се мнооогу попрактични, истиот ензим само во колиеф треба да се активира, да стои не знам колку време во млеко, па да чекаш да го дадеш пред јадење, а бебе вришти, комплицирано ептен, на крај го открив колипревот, тој е веќе активен ензим одма даваш и цица. Ким јас на кифлички ставав ги отрув од јадење, пробај нема зијан. Не верувам дека нешто многу помага. Со исхраната исто јади умерено се, ако приметиш нешто да прави грчеви ќе избегнуваш, иначе нема правило не се преоптеретувај. Ако е лакома и се прејадува, ждригај ја, по 40 мин сум ја држела, ако цица кога цица најди некоја поза да е подисправена за да воздухот не и се заглавува измеѓу туку да дојде нагоре и одма да го ждригне. И може и паузи на цицање, да ждригне па да продолжи. Едит: рекол давав пробиотик не знам што е разликата нас тоа комбо ни се погоди
Ждрига дури цица , а и кога ќе ја исправиш, тоа нема проблем. Синко сум го држела и по саат и не ждригнувал, оваа барем прави тоа. Штом колиефот така се чека, нема шанса, уште тоа да чекам . А саб симплекс? Ми донесоа од Бг демек најдобри биле. Ќе пробуваме се , барем да се ублажи. Ептен се гревчиња
Тие ко епсумисанот не ли беа не сум сигурна. Земав јас од бекутан тој состав капки кај мене не направи разлика, ни тој нурсе харви сирупот. Ко божем хемија мали се, ама мене педијатаров ми вика не се задржува тоа не е страшно, али после 4 недели мислам ги давав. Ако освен пробиотикот не земаш ништо, колипрев можеш природен ензим е тој, пробај со него прво ама почекај неколку дена види. После ќе даваш тоа што може да се смири колку ќе се смири. А и види да не се прејадува и тоа може да им прави тешко на 2ч е доволно да цица.
Не сум, ама ќе пробам. И јас пијам чај од анасон на Бекутан, искрено мислам дека помага зошто се' што јадам и се манифестира во каката, па мора и течностите да се манифестираат некако... Не ги спречува, таа пак си плаче ама како пократко да е, и поспокојна е некако. Саб симплекс се исти како Еспумисан, неколку пати и дадов, ама прднува мноогу подоцна така да не верувам дека и помагаат, она регуларно ќе си прдне после извесен број саати... Читав дека добар пробиотик е на HealthAid Infant Probio, вака дозата е појака како што споредив со другите пробиотици, ама 1700 денари е.
За време на оброк се дава, така? Немаше никакво упатство во кутијата, па на нет читав нешто така пишуваше.
Јас пиев чај од ким, згмечи 10тина зрна и стави го во вода, нека врие едно 5 минути па поклопи го 10-15 минути па после испиј го чајот. Колиеф многу помагаат, јас во нив се крстам, малиот имаше грчеви до 4 месеци и тоа ептен јаки. Јас на почетокот ги чекав во измолзено млеко да отстојат ама после тоа почнав во лажиче со измолзени неколку капки мајчино да ги давам, не знам која докторка во Систина ни кажа дека така поголем ефект имале, и стварно, подобро беше така.
Дали некој ги има користено капките од Грција Infacolic? Ако да, дали имале некаков ефект ?дали може да се ставаат во млекцето и колку пати на ден?
Јас како дежурна за препарати за грчеви Не сум користела ама гледам по состав ист е како Еспумисан и Саб Симплекс, симетикон по состав така да мислам не се ставаат во млеко туку посебно се даваат. Во млекце се ставаат ензимите како Колиеф, колипрев итн.
И јас, тоа и пишав, само ензимите во млеко, а еспумисан и сличните посебно со лажичка. До душа јас и Колипрев ги давам со лажичка, како активен ензим веќе, па после цицаме.