Бекутан му купив јас 5 г е доза за 100 мл чајче. Од тие 5 г 2 се шеќер. Пробав да дадам ич не ми го сака.
Затоа јас го правам наместо полна лажица, половина. И му давам по еднаш два пати да тргни. 100мл ги пија 3-4 дена ако не се најди до мм да му го бапни цел
Не де плаши,моето за 2 недели покачи 1 кг ,вчера на контрола ми рече докторката обавезно на диета, цело време цица,греота ми беше да не му давам. Ми рече да го научам со цуцла обавезно,а моето ич не сака цуцла. Од вчера цело време му го давам сега почна да го прифати, и на 2 часа го дојам сега пошто порано може на пола саат го доев.Се надевам вака да продолжиме и да покачи колку што треба,да не претеруваме
Како бе така бебе од месец дена на диета?! И за моето ми рекоа така и не испотресоа, демек за 1 месец 1540 гр качило. Не давај да цица, држи поголем размак меѓу подои, давај цуцла и чај да ја залаже. Бебе вришти, помодрува, заоѓа. Преку ден точно на 2 часа, а навечер на час и половина. Пробав со цуцла не сака, уште повеќе се нервира, а и јас мн сакам да фати цуцла. Пробав со чај, она ќе испие 80 до 100 мл чај и се врти накај мене ми ја бара градата и шмука преку маица. И мене ми е жал и ко ќе побара веќе не ја мачам и давам да цица. Кога ќе проодат и ќе почнат да трчаат наоколу нема да качуваат толку многу
И јас се зачудив кога ми рече ама кога ми објасни за последици почнав да ја разберам. Среќа што бебето како да ја слушнал докторката,се стабилизира одма и реално гледам дека може,јас без потреба му дадов толку многу. Моето за 2 недели качил скоро 1.100 кг, што реално за 2 недели е многу. Ми рече чај такви работи да не му давам само понекогаш ако е многу гладен и многу плаче да му давам по 30 мл вода,ако пример бара после пола или еден час одкако ке го дојам,тоа ке му помогне да не биде гладен а да не покачува многу на килажа.Јас сепак вода не сакам да му давам и досега не му дадов,некако се зачудив може јас не сум слушнала порано..
Колку време го држиш на стомак кај новороденче? Мене ми е страв да не му е премногу жешко незнам колку да загрејам вода.
Син ми е скоро 2м и со него си спие, а за тоа колку топла вода .. јас по мене се ориентирам . За мене да биде млако, за него е таман .. па и некоја нијанса потопло нека е
@Bebetoo едно кутивче саб симплекс колку ти трае? Да знам колку кутивчиња да нарачам. До кај 4ти месец се користат?
Појасот со семки од цреши го има некоја користено? Го добив за малата, ги стоплив во микро според упатство ама многу жешко ми е некако, да не ја загреам многу на мешето.
Исти сме и ние , два саати преку ден е максимум што издржува , инаку за цуцлата поупорно , јас со прст и ја држев ,полека ја прифати навикнува , не ја сака многу ама врши работа особено за навечер