Јас некако ич не сум, мислам дека полошо му прават, ми се буди со вриштење. Тестирав 2 пати да не му дадам 3 дена и се смируваше. Јас би ти рекла да ги пробаш Инфакалм
Со млекце неколку капки. Јас до сега 2,3пати ако и имам дадено од кои пола ги плукна Не знам да ти кажам дали имаат ефект и колиеф претходно користев. Мислам дека ниедни капки не помагаат баш. Процес е кај секое дете што сам поминува. Ако има грчеви стави тетра топла на мешето, масажи прави на мешето. Давај и капки ама не очекувај чудо. Мене и самиот аптекар ми рече горе доле сите капки се слични по состав кои сакаш давај ги немаат посебен ефект.
Од кој пробиотик сте задоволни за грчеви? Користев биогаја, го потрошив и треба пак да купам, ама искрено не сум импресионирана.
Мајки да ми кажете мислење за Nurse Harveys капките за грчеви? Ми ги препорачаа да ги купам, па да слушнам мислење? Фала ви
Сируп е тоа, ние го користевме ама немаше којзнае каков ефект, сепак можеш да си пробаш кај секој е различно
https://homeidea.mk/product/termofor-so-dezen/ Најдов мали термофорчиња не фрлајте пари на капки без потреба
Кога ќе пишете фека пробиотик ви направил запек кај бебето на што мислите поточно? Не кака со денови или? Ја давам биогаја насабјле накај 10 и кака тек попладне накај 4-5, па вечерта во 3 уште еднаш ама не секогаш. Ама скоро секогаш има малку какушки како да прднал малку.
Мамички, имам ново, неотворено пакување на капките Нопар. Доколку е некоја заинтересирана, нека ми пише.
Бебе 5 дена можно е да има грчеви? Преку ден е бајче, а еве веќе втора вечер многу плаче, бара почесто да јаде и се грчи у мешето. Кога јаде се слушат и цревата како да му гргорат. На меше кога го ставам се смирува на некое време. Ми личи на грчеви, не е многу рано?
Moeto isto peavese, doktorkata mi vikase ne se grcevi rano e za grcevi,on bil gladen posto pagase vo kilaza, za 5 dena od koga izlegogme od bolnica bese -70 grama. Vidi sigurno od toa e. Ama kaj moeto isto mnogu mnogu rano pocna grcevite
Па шо знам, со килажа си ја врати родилната и добро напредува, не ми спомнале дека е малку. За млеко некогаш знае 30 да испие ако е пиел скоро, а некогаш и до 80 стигаме комбинирано мајчино со адаптирано. Ми рекоа 60 треба. Јас си мислев да не е многу. Баш вечер ќе пробам да му дадам повеќе кога ќе прави така, ќе видам дали ќе пие. Буквално секоја вечер истата песна сме со грчење, плачење, се раниме цел саат за да поспие 10 минути.
Не му е малку млеко. Внимавај да не го прејадеш, и од тоа може да му е тешко. Може и порано да се јават грчевите. Моето на 5тиот ден го фатија, до кај 2 и пол месеци 3 посттојано имаше грчеви. После пиење/цицање кревај го да ждригне. Во текот на денот масирај меше и прави му вежбички со ноџињата нагоре или како точак да вози.