Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчеви кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 9 мај 2010.

  1. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Фала ти мајка. Грчеви се дефинитивно, почна и потешко да кака тој период кога ќе го фатат. Гледам му олеснува кога ќе се искака. За сега јас пијам само чај од анасон. За 3 недели сме на педијатар па до тогаш ми рекоа на бебе да не давам ништо.
    Знаете од која храна точно се прават грчеви? Што да не јадам јас?
     
  2. TralalaScorpio

    TralalaScorpio Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    51
    Teрмофор ставај му додека спие :) плантекс чај, нормиа пробиотик и термофор нас ни помогна :)
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    13.762
    Пол:
    Женски
    Грав, леќа, зелка, грашак, спанаќ ќе паузираш, а со другото малце по малце ќе видиш на што ќе реагира на што не
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Да термофор пробавме вчера како да помогна малку. Фала ти
    Вчера јадев боранија, денес како повеќе грчеви да има можно да е од неа. Од благото имат грчеви? Многу ми се јаде благо, посебно навечер :(
     
    На V.N. му/ѝ се допаѓа ова.
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    И боранијата ствара грчеви
     
  6. V.N.

    V.N. Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    3.133
    Допаѓања:
    13.762
    Пол:
    Женски
    Мојава од боранија немаше реакција, ама од благо знам дека реагираат бебушите. Јас не да си јадам благце ммммм надокнадувам во бременост што ич не јадев :$
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.506
    Допаѓања:
    7.754
    Пол:
    Женски
    Мајки добро утро.
    Мака мачиме со грчеви, од синоќа до сега дали саат сон врза.
    Што ви помага на вас?
    Јас давам Инфакол и пробиотик биогаја.
    Имам саб симплекс ама од 20 ден пишува.
    Читав ким нешто имаше, како се прави?
    Очајна сум веќе :( не знам како да и помогнам.
     
  8. Knizhevnik11

    Knizhevnik11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    1.578
    Допаѓања:
    2.499
    Пол:
    Женски
    Масажа, термофорче, нас капки никакви не ни помогнаа, здраво на крај краева ништо не ни помогна додека сами од себе не поминаа. Живци само
     
    На Избришан профил 156253, Freckles. и le.soleil им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    100мл вода постојат ким, да зоврие, процеди го и давај го ладен. Е сега, можеш и ти да пиеш па преку млекото, чаевите за лактација сите имаат анасон, ако немаш проблем со хиперлактација нормално. Мислам дека Еспумисан се од нула. Давај било каков пробиотик, тапкај по газе и масирајте меше. И набави си термофорче или со тетрапелена загреана со пегла. Многу е мачно, знам, ама тоа е.
     
  10. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Исти сме, те гушкам и ти пуштам сила да издржиш :( Јас масирам меше, го ставам на мене со меше така поспива малку, и ставам загреана тетра. Ама се помага само неколку минути, дремнуваме, и после па се исто во круг. Мачно е мамичка, тек смо почели :sweat:
     
    На Избришан профил 156253 и Doktor F им се допаѓа ова.
  11. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.234
    Нема како да помогнеш, и јас сум моментално во таа фаза. Жално е и напорно, само бројам денови. Јас сум со биогаја, еспумисан и термофор. Пијам ким и анасон во чаша за супа, три пати на ден. Секоја вечер е веќе исто. Дури мислам дека ако не дадам, исто ќе биде. Се витка, па се исправа колку е долго, па ќе врисне и цело време на цице е. И од толку што јаде, после е потешко.
    Сабајле душа, плаче за цице, доаѓам ми се смешка, па се мази. Жал ми е многу, ама па освен да сум тука покрај него, немам што друго веќе да дадам и да направам. Ќе чекаме заедно да го пројдеме овој неубав период.
     
    На Doktor F, Freckles. и Anturium им се допаѓа ова.
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.613
    Допаѓања:
    2.472
    Мајки, и ние мака мачиме со грчевите. Последниве неколку ноќи мислам дека е подобро. Уште пред да почнат му ставам термофор и слушам има повеќе гасови и како подобро да му е. Некогаш и преку ден кога дремнува, со топло е на мешето. Се надевам ќе поминат поскоро
     
    На Alexandrite, Избришан профил 156253 и Doktor F им се допаѓа ова.
  13. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Мајкички кој капки ќе ми ги препорачате за грчеви на бебе 2 недели? Термофор масажи и сл веќе не помага целосно, сакам да пробам со уште нешто
     
  14. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    811
    Допаѓања:
    2.682
    Пол:
    Женски
    Саб симплех давам по 10 капки некогаш делуват некогаш не. Целосно нема да помогнеш со ништо. Со лесно.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  15. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    Комбинација на Колипрев, Сируп Нурсе Харви и Еспумисан...знам дека изгледа многу ама моето имаше грчеви до 4 и пол месеци, само со ова ги чувавме некако под контрола...или пробај прво само Колипрев, па вклучувај и други работи ако не делуваат само тие..и ако доиш води сметка на тоа што ти го внесуваш..без мешункаст зеленчук, никакви зелени салати, домат не..знам дека делува екстремно ама пробај па ако нема проблем лека полека ќе враќаш работи во исхрана..ако сте на АД, барај комфорт млеко
     
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    2.902
    Допаѓања:
    6.131
    Пол:
    Женски
    Комбинирано сме на Аптамил и молзено млеко, вчера беше најлошо до сега сма изгледа од доматниот сос е. Полека ќе останам само на макарони изгледа :( Сега ќе видам што од тоа шо пиша има тука да земам. Фала ти
     
  17. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.506
    Допаѓања:
    7.754
    Пол:
    Женски
    Јас давам биогаја и инфакол.
    Саб симплекс чекам уште некој ден, после 20 дена пишува.
    Дека помагаат 100% не знам, пак има грчеви, може само не цел ден и ноќ како претходно...
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  18. anngelique

    anngelique Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    2.665
    Допаѓања:
    6.487
    Пол:
    Женски
    А и од Аптамил може да е, новата формула пронутра имала поголем процент на казеин од што би требало и по тешко било за варење кај бебињата, го оптеретувало стомакот. Ова го прочитав во ФБ групата за адаптирано млеко. Можеби да пробаш со друга марка на млеко.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  19. doubleinfinity

    doubleinfinity Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    2.309
    Допаѓања:
    4.506
    Пол:
    Женски
    може да е од доматниот сос...ние бевме месец и пол на мајчино, па после на ад и на едното и на другото имавме грчеви..и кога внимавав на исхрана и кога не внимавав беше исто...од друга страна кај внучето од сестра ми има многу влијание исхраната...еднаш сестра ми касна краставица, се отепа бебчето од вриштење...и од тогаш многу внимава на исхрана плус давав Колипрев и нурсе харви и скоро и да нема проблеми со мешето...тие грчевите се игра на среќа..многу мајки јадат што сакаат а децата немаат ни ден грчеви, многу ништо не јадат и децата пак имаат грчеви... се надевам ќе ви се средат што побрзо
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mimimum

    Mimimum Активен член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2022
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    Незнам каков пробиотик пиете. Ние го користиме Infant Probio на Health Aid, лесно поминавме со грчевите. Да напоменам незнам дали е до тоа ова е само мое искуство.