Za grcevi kaj bebe sto moze da se dade??? Prasav pedijatar mi predlozi bekutan kapki za grcevi, ja prasav dali treba i probioyik mi rece pa probaj prvo probiotik... I nisto ne sfativ
Морам да ти кажам дека јас бекутан капките џабе ги купив. Одвратно нешто. Мрсни се, грозни, не ги сака детето, не може да се измешаат со млеко или чајче, а и подобро да не ги ставаш во шише, после едвај ќе го измиеш. Прашај педијатар дали може Nurse Harvey's сирупче да дадеш, тоа обично сите го препорачуваат. Пробиотик не верувам дека ќе помогне за грчеви, ама секако е добро да се дава (независно од тоа дали даваш сируп или капки за грчеви).
Fala ti, ke prasam utre pak. A ima li vrska kombinacija na kapki/ sirup so probiotik so toa dali bebeto e rodeno carski/prirodno i dali e na doenje ili na ad... Nie sme na molzeno + Ad. Dete kaka normalno, nema pr...samo grcevite se problem
Јас колку што знам нема врска, ама не сум стручна, можеби некој посикусен ќе ти одговори. А за пробиотикот, ако си кака нормално не мораш, ама педијатарот треба за ова да ти даде јасни насоки.
Pa jas izbrav pedijatar bas za da dava nasoki ama nisto...ke se obidam utre da se iskonsiltiram za sirupot, ako ne ke idam kaj drug pedijatar.. Sepak ti blagodaram
Јас не сум задоволна од бекутам многу се мрсни и не ги сака прво го мачев едвај му ги давав но потоа ги сменив земав бејбитол коли и веке беше подобро немаше толку често потоа бевме во болница примаше антибиотик и ни кажаа дека мора да прима и пробиотик земав линекс јуниор прашок и од тогаш грчеви нема дали е до пробиотикот и капките или веке му минат незнам. Бебчето е 7 полни недели
Исто и ние, повеќе плачеше од бекутан. Јас кога ги купив одеа 1+1 гратис, 2те ги фрлив, џабе. Нас од капки највеќе ни помогнаа Инфакалм.
Исти се ама нас бекутанот не ни делуваа, повеќе плачеше од нив а од овие полесно испушташе гасови, му пријаа.
После третата недела може да се даваат. Така пишува во упатството, а и педијатарот така ми кажа. Исто така во упатството пишува да се даваат после секој подој, но педијатарот ме советува да ги давам само 3 до 5 пати дневно.
Cajceto hipp za grcevi ima li odredena dnevna doza kolku smeee da se dava ?? Proccitav samo kako se pravi, no ne i kolku smee ml... Davamm 2x30ml...ne znam dali e taman?
Kolku nedeli e bebceto moeto e 8 nedeli mu davam cel den 30 ml da ispie taka mi kaza pedijatarot, no mislam deka zavisi od toa dali e na doenje ili na ad moeto na doenje i samo 2 x 120 mu davam dohrana
Најдобро прашај педијатар за дозата јас кога почнав да давам толку беше и моето ми беше кажано од 20 до 30мл најмногу
Vo konsultacija so doktor denes zemav za grcevi kapki co lactase... Zaboraviv da prasam za doziranje. Vo apteka mi rekoa 4 kaoki 2-3 pati na den... Da spodelite iskustva za doziranje i dali se efikasni