Јас давам 4 капки, во млекото капнувам. На нив пишува пред секој оброк, но бидејќи сме на доење давам за сега два пати. Втор ден давам така да рано ми е да кажам за искуство.
Мајки, ве молам како давате Infacalm oil, 20 капки треба насабајле и навечер и незнам дали може во АД или измолзено мајчино млеко?
Било кој период од денот. Можеш 2*20 во 24часа. Може и во АД и во измолено мајчино. Јас ги ставам во АД.
Постар пост, па малку да ве навратам доколку се сеќавате.. Како е начинот на дозирање и целокупна употреба? Една цела капалка (0,5мл) пред секој оброк? Многу се мачи со грчеви, ми ги препорачаа како ефикасни па да ги пробаме. Доколку има некој потазе што ги користи, ќе замолам за упатство при користење. Сега новото паковање е сменето, сега се викаат Infacolic.
Јас пробав се живо и само од овие капки забележав подобрување. Давам една капалка (0,5 мл) пред секој оброк, а понекогаш, ако дента има повеќе грчеви, давам и некоја капка плус, па и две капалки. Така е опишано и во упатството. Инаку истите капки се, infacolic се викаат само во Грција. Јас набавував од Бугарија, Холандија и Србија, секаде се infacol. Претпоставувам во Грција се произведуваат со лиценца, па оттаму малку поинакво име.
Така и разбрав, само незнам по колку пати во денот е дозволено да се конзумираат? Има ли некој лимит или со секој оброк давате?
Пишува дека нема ограничување. Еве и линк: https://www.infacol.co.uk/how-to-use/faq/#howmuchinfacol Консултирајте и педијатар, секое бебе е различно и мислењето на лекарот кој ќе го прегледа е најмеродавно.
Можам ли да давам sab simplex во комбинација со nurse harvey сируп и на кој начин да ги давам? Во моментов сум на sab simplex ама мислам и сируп да купам…не помага ништо вистински
Не се препорачува друга течност освен млеко за толку мало. Ама ако веќе решаваш јас би дала чај од ким. Мислам во 100мл, се провриваа 10тина зрна искршени. Ако даваш ад мислам можеш со вака приготвена вида да спремиш формула.
До кога постои ризик за да се јават грчеви за првпат, знае некоја? И дали да давам превентивно Колипрев, пример дали ги средуваат гасовите?
Ми дадоа неонате капки и д3+к1 и омега е сега како да ги користам неонате пробиотикот кога пред или после