Мајки кажувајте чаре.. бебе нема класични грчеви и со саати плачење, ама преку ден не може да поспие ни 1 саат од што се витка и прди само.. Гасови уствари се.. навечер нема мака спие ама а се раздени и до стемнување мака мачиме со спиењево..да е гладно не е зошто и ад кога ќе му дадам исто е.. а го купив новалак ак, му давам ко лактаза и веќе не помагаат.. и исто не ни ми кака редовно, туку секоја пелена е како прднато само.. ни капки ни чај ни ким ни ништо.. сирупот нрс харви викам да го земам и да пробам..ефикасен ли е? во која аптека го има?
Nurse harvey го има во Виола и Еурофарм. За жал нема 100% лек за грчевите/гасовите. Ќе си поминат со тек на време.
Како им ги давате оние омега к3. Многу лизгави страв ме фаќа да не ја испуштам право во уста па си велам дали некој им дава во шише со млекото?
Здраво мајки, 3 и пол недели сме, бебе има многу гасови, не плачи но буквално стенка, ме интересира дали имате искуство такво да споделите што правевте вие. Давам пробиотик диа стоп по 9 капки.
Пробајте со вежби за исфрлање на гасовите. Во консултација со педијатарот ако треба да смените капки кои би му помогнале на бебе да ги исфрла гасовите.
Здраво мајки, бебе има многу грчеви, не плачи, но стенка како за да кака, претпоставувам дека има запек бидејќи не е искакан. Давав диастоп, матичната ни ги даде babytol coli да ги користиме без пробиотик, дали ги има некој користено без примање на Пробиотик
На Becutan има едни кесички што се даваат после една недела по раѓањето, а анасон и камилица после 2 месец по раѓањето. Во Зегин ги имате Ако имате потреба воведете ако немате потреба од чајот не користете воопшто зошто нема ништо хранливо во истиот.
Здраво Моето бебе има грчеви и прочитав на форум за чајчето од ким Ставив 100мл вода и 3 зрнцина ким водата е бистра…такс треба да биде или треба повеќе да се стави ким ?? Ве молам кажете ми
Каки ги давате Инфакол капките? Јас само наутро по една капалка ама нема ефект така, гарант грешам. Грциве барем на англиски да имаа упатство.. И неонате пробиотикот до кога го дававте?
https://www.zegin.com.mk/mk/colief-kapki-7-ml Дали ги користите, гледам пишува пред секој оброк, така е препорака и од педијатар?