Здраво мајки, бебе од 3ипол месеци има грчеви исто има и запек, по што по 3 дена неможе да се испразни. За грчеви земавме Colief капки, е сега сакав да прашам кој ги има користено да ми каже, дали по секое давање млеко на АД сме се дават и по колку капки ставате? Во аптека ми рекоа 2 пати на ден по 2 капки само
Како сте задоволни од инфакол? И дали ги има Мк? Моето е 4 недели, само на доење е, почнав пред 1 недела пробиотик биогаја, од нив нема грчеви добри 10-12 саати, потоа има ама не се страшни засега (првото многу повеќе имаше, машки се 2те), сакав да пробам со Инфакол и ми кажаа дека ги нема Мк па порачав од Бугарија се надевам неделава ќе ми стигнат, ако имате искуство со нив пишете ми
јас ги користев Инфакол ми помогнаа,имам останато две пакетчиња ги продавам за 600ден доколку си заинтересирана пиши ми
Здраво мајки, бебе од 3ипол месеци има грчеви исто има и запек, по што по 3 дена неможе да се испразни. За грчеви земавме Colief капки, е сега сакав да прашам кој ги има користено да ми каже, дали по секое давање млеко на АД сме се дават и по колку капки ставате? Во аптека ми рекоа 2 пати на ден по 2 капки само
Дали најдовте олеснување? Ние сега сме три недели (правиме 4 викендов) и се е исто како што си пишала; два дена не сум спиена
Ништо конкретно, малку Бекутан чајчето го смируваше, но му давав многу малку, со пипета, бидејќи не сакав вода да давам. Но по некое време како да му правеше нагони за какање, а бебе си какаше нормално и без тоа, и го прекинав. Сега му ги давам само овие, но не редовно, бидејќи во последно време му се проретчија грчевите, a и како да не помагаа нешто значително. Ние се смирувавме со лежење на гради или на рака, како на сликите погоре, тоа единствено функционираше. И внимавам што јадам, избегнувам луто, зачини, грав и слично. Стиснете заби, ќе биде подобро со тек на време.
Мајка а ти најде некое решение? и ние сме речиси 4 недели сега, на исти маки сме, бебе не спие, од денес зимаме колиеф и редовно зимаме биогаја... бебе цел ден не спиеше, втор ден по ред, мислам ќе полудам
Решение за грчевите најдовме, ни дадоа спреј, не знам дали го има во мк, ние сме во странство, и поминаа. А за спиење ми бунтува преку ден, не секој ден ама секој втор може да се каже. Инаку е месец ипол
Може да е од биогајата, смени пробиотик многу често биогајата предизвикува грчеви иако е најскапа со највеќе добри бактерии сепак на некои мака им праби и моето беше едно од нив на крај сменив со Линекс и до ден денес 3 години е веќе само тоа му прија.
Мајки, имате ли искуство со Инфакол капки за грчеви. Ми ги кажаа како многу ефикасни и ги набавив од Грција. Треба цела епрувета да се даде на бебе пред секое јадење....но мене некако многу ми изгледа тоа...па затоа сакав да ве прашам, дали сте ги користеле и како сте ги давале...
Уште нешто да ве прашам, капките што ми ги донесоа се инфаколик...а не инфакол....дали има и тоа врска...дали станува збор за различни капки....
Мајки здраво Моето бебче е старо 3 недели, почна да има минимални грчеви навечер, додека денски си спие мирно. Имам друга мака, на колку дена какаат вашите малечки? Од четврток вечер немала столица, почнав да се загрижувам. Педијатарот ми рече се додека бебе качува на килажа, нека кака кога сака и колку сака Пиеме аптамил, од пред некој ден почнав и од моето млеко да и давам(претходно зарадиантибиотици ми беше забрането да ја доам). Би ви била благодарна за секој совет
Фала ама веќе имав порачано. Како се користат инфаколот? Моето е само на доење и кака многу, буквално секоја пелена е какан, досега без кака немало пелена, нз колку пати е тоа 8-10 пати на ден. Не е многу количински, само еднаш е повеќе на пр после помалку. Иначе има 1 месец. Исто и брат му беше ваков, се додека не почнав со вкусови така му беше.
Исто и ние сме еден месец и два дена бебче не е мирно. Спие преку ден ама навечер греота плаче се вцрвенува. Или ќе заспие и кенка… Му давам биогаја насабајле, ама баш сабајле е помирен така да не верувам лошо да му влијаат. Исто и чај бекутан го потсмирува. Колиеф ви помогна? Како е бебче сега?
Во меѓувреме ги земавме и Колипрев и Инфакол, од Колипрев е мноооооогу посмирен, Инфакол немаа никаков ефект. Јас пијам и Хип чај за доилки (дека има ким и анасон) и чај од камилица. Ама мислам дека само Колипрев му помагаат дека штом пробавме со Инфакол, се згрчи пак, три дена му беше тешко и еве сега пак сме на Колипрев и бебче е далеку посмирен. Со оглед на тоа што пробавме три пара капки за кои луѓе тврдат дека им помагаат, мислам дека за жал мора да се проба и да се види шо ќе помогне :/