Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчеви кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 9 мај 2010.

  1. Lili90

    Lili90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2020
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Да не продава случајно некоја Инфаколик? :(
     
  2. Eellyy

    Eellyy Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2023
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    моите сеуште не се продадени 2пакетчиња остави ми податоци ке ти ги испратам
    двете 600ден
     
  3. Kalija.P

    Kalija.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Девојки, помош. Бебето има 3 недели и грчевите започнаа веќе. Траат по 8-12 часа обично преку ден, полудевме од грижи На комбинирана исхрана е, мајчино и АД. Јас многу внимавам што јадам и џабе е. И кафе откажав и јадам се по пропис и не гледам разлика. Во упатството за Еспумисан пишуваше 25 капки и сфативме дека тоа е дозата за цел ден. Јас му ставав во 5 оброци по 5. Тука сфатив дека 25 е дозата за пред или после оброк. Ја зголемив, ама не гледам значитечен напредок. Бебето прима и Ваја пробиотик, 7 капки дневно. После секој оброк јас пијам лажичка ким со вода, чаеви многу, особено од камилица, но попусто. :( Толку ми е жал за бебуфко ми доаѓа коса да си откорнам од немоќ...
     
  4. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Еспумисано наместо да помогнат они одмагаат.Подобро прекини ги и давај само пробиотик. Анасон е за да му се смират грчевите. Но можеби и до ад млекото е. Ние имавме поблем со хип комбиотик и кога сменивме на бејбилов се стабилизира. Вежби прави му за гасови. Не е од твоето млеко верувај повеќе проблем прават адаптираните млека.
     
    На Kalija.P му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kalija.P

    Kalija.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Баталивме Еспумисан, на пробиотик Ваја е, и денес го проба Nurse Harvey's сирупот, барем е на природна база, ама решив да дадам засега само 1 доза од 5 мл наместо 2.

    Наместо Еспумисан порачав да ми донесат Инфакол капки, прашањето ми е, дали ќе му биде многу пробиотик, Инфакол и сирупот?
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Колку што знам инфакол е на база на симетикон исто како и еспумисанот. Ако има пообрување од нурс харвејс користи го само него со ваја. Али инфакол,ваја и сирупот мислам дека ќе му биде премногу наместо да помогнеш ќе му одмогнеш.
     
    На Kalija.P му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Kalija.P

    Kalija.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Да, во право си, истото го мислам. Ќе пробам со сирупот и пробиотикот, па да видам ќе има ли ефект. Доколку нема, ќе се префрлам на капките. Немаше да купувам толку работи, ама болките станаа неиздржливи и предолги, буквално се мачи бебето со саати и саати... Ама тоа е, ќе помине.
     
  8. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.439
    Допаѓања:
    42.343
    Пол:
    Женски
    А сигурна си дека се грчеви?Плаче неконтролирано по 8-12 часа? Има ли редовна столица? Каква му е? Повраќа? Од која причина е на комбинирано?Извини за прашањава ама ме интересира дека може друго е па ќе помогнеме со совети.
     
  9. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Имам приметено често бебиња што се на комбинирано маки мачат со грчевите мислам дека е до адаптираните млека највеќе. За козјото баш читав пред скоро време дека полесно се вари за разлика од кравјото адаптирано млеко. А кај нас освен на холе козјо мислам дека и нема на друга фирма.
     
  10. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.050
    Допаѓања:
    118.835
    Пол:
    Женски
    Зошто 1 доза?
    Правилно е 2 пати по 5мл
     
  11. SiMpAtIcNaTa

    SiMpAtIcNaTa Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    1.720
    Мајки, од кога обично почнуваат грчевите?
    Ние сме две недели денес, бебе последниве денови спие многу немирно, а од денес почна да се грчи, да се вцрвува, да се тегне и да неможе да се испразни. По тоа што читав претпоставувам дека се грчеви, ама некако многу рано ни почнаа.
    Имам пробиотик на Провен ама незнам, дали би можела да дадам? Или да земам некои капки за грчеви?
     
  12. Kalija.P

    Kalija.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Некако многу ми се виде 5 мл доза, а бебето за 3 дена ќе прави месец. На упатството пишува од 0-12 дека дозата е 2*5 мл, ама јас се обратив лично до увозникот и ми потврдија дека е добро да се почне со 1 доза, па по потреба да се повтори.

    Инаку од два дена веќе има огромна разлика. Бебето се смири, помирно спие, испушта гасови... Во комбинација со стомачни вежби сирупот засега ветува.
     
  13. Kalija.P

    Kalija.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Еден ден се случи само да трае толку долго, сега веќе е редуцирано. Има редовна, регулирана столица. Не повраќа воопшто, досега не повратил ниту бљуцнал. Причина за комбинирано е што јас немам доволно млеко, ниту он успеа да се закачи на града и да повлече убаво поради моите никакви брадавици. Целиот процес беше траума и покрај мојот напор за доење. :( На крај решив да се одмолзувам, јаде мое млеко и АД Хипп како дохрана. Претходно млекото не му правеше проблем, за АД зборам, одма го прифати и за ден и пол се регулираше столицата. Според мене баш грчеви се, витка ноџиња, рачиња, се црвенее, плаче... Сега барем испушта гасови. Со запек фала богу проблем нема.
     
  14. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.439
    Допаѓања:
    42.343
    Пол:
    Женски
    Видете сега да ви кажам едно инфо од моите бабици во Англија, ќе се сомоцитирам од друга тема.
    Неколку пати веќе го пишувам ова во темава, ама ајде ќе пишам пак оти знам дека се нема многу време со мало бебе да се чита.
    Ако бебето кака редовно а сепак изгледа како да се мачи, не е запек и не е проблем со исхрана, туку додека. наполнат 2м или нешто повеќе имаат така наречен тренинг на мускулите одговорни за столицата, значи едноставно кажано се учат да какаат, не ги боли ништо и не им е мака, едноставно учат. Обично се јавува одреден период од денот, кај моето беше најизразено сабајле.
    Грчевите се познаваат, не може да ги утенеш, јас мислев тоа се грчеви се додека стварно не се појавија грчевите. Грчеви се јавуваат во исто време секој ден, траат последователно неколку саати и се јавуваат барем 3 дена во неделата, тие саати бебето скоро ништо не може да го смири. Капки помагаат малце, како и топла тетра, дување со фен, масажички и гушкање цврсто на голо тело и правење чучеви(ова најмногу помогна кај нашето) Грчеви ретко некое бебе да нема, едноставно се процес на дигестивниот систем. Кај некои траат многу време, кај моето среќа беше краток период, недела дена. Пробај да не мениш храна уште одма, со која си почнала сл таа терај некое време и промената нема да му годи, а нема да направи разлика барем не засега. Од искуство го кажувам ова, моето беше на аптемил, па му сменив оти мислев до тоа е проблемот, па не ми ја сакаше новата, ја плукаше, па пак се вратив на исто, никаква разлика. Земи друг пробиотик, биогаја как многу деца има направено запек.

    Инаку се тоа грчење, стискање, црвенеење и да е проследено со малце плачење и кенкање не значи дека се грчеви.
    Буквално од грчеви бебе не се смирува, нема да можете да то спуштите ни минута, плаче без престан со саати, ма вреска не плаче и скоро ништо не го смирува.
     
    На annaitose26, annamommy98, kozuf и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Kalija.P

    Kalija.P Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2014
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    54
    Не, храната нема да му ја смениме сигурно во скоро време, јас мислам дека му одговара, ја сака, со сласт си пие и добрата работа кај моето бебе засега е што не е лакомштина. Си ја знае дозата и кога ќе се најаде, запечатува устиче и не влегува веќе цуцла од шише. Џабе му буткаш, ја држи цврсто затворена. Затоа и не повратил воопшто досега, а убаво напредува.

    Пробиотикот што го даваме е Ваја, не БиоГаја, ако имаш некоја подобра сугестија, слободно пиши ми те молам.

    Добро, грчеви или не, работа на дигестивен тракт, прашањето ми е дали да се остави само така на пробиотик, без ништо друго? Мене ми е многу жал кога плаче и вреска , грчеви или не, не ми се остава без ништо ако веќе може да му се олесни малку...
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.439
    Допаѓања:
    42.343
    Пол:
    Женски
    И јас давам ваја, ова беше цитирано од друга тема што сум пишала, за некоја друга членка па го постирав и тука, за да не пишувам пак.
    Ако гледаш дека му помага сирупот давај му го него и пробиотик, секако дека е жално да го гледаш така, ако вреска и плаче тогаш веројатно се грчеви, оти со ова тренингот не треба да плаче, само онака се немирни, стенкаат, се грчат, се будат ама обично не плачат хистерично.

    Давај го сирупот и пробиотик, јас ид инфакол не видов ништо фајде искрено, мада од ништо посебно не видов фајде, чекав да поминат, го гушкав тоа врем, нишкав, дував со фен, масирав и тоа е што можев да направам. Се надевам нема да траат долго.

    А за цицањево и мене ми велеа лоша ти е брадавицата, па не фаќа па не знам што, првите два месеци беше на АД, јас се молзев, после 2 м почнав малце по малце да го ставам да цица, легнати, така лежерно без форсирање и не кога е многу гладен( прво така ме советуваа демек да фати, а он гладен нервозен ни фаќа ни ништо) постепено мавнав молзење и продолжив со АД и доење и сега е само на доење. Така да ако сакаш да доиш постепено повремено ставај го, нека се помачува ама нека си јаде и АД, може ќе успееш после некое време. Ако не никому ништо, битно бебето да е среќно и најадено.
     
    На Kalija.P му/ѝ се допаѓа ова.
  17. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.930
    Допаѓања:
    26.167
    Каде го има да се купи?
     
  18. Zulejha993*

    Zulejha993* Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2022
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво мајки, едно прашање имам во врска околу капките на Colief
    Бебе има 2 месеци му ги давав претходно, потоа еден период околу 2,3 недели престанав, ама сега ептен се појавија грчевите па незнам дали можам повторно да продолжам да му ги давам, бидејки направив пауза?
     
  19. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.613
    Допаѓања:
    35.530
    Пол:
    Женски
    Може да даваш ако сакаш.
     
  20. simpleewa

    simpleewa Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2021
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки
    Дали поблагите грчеви вака изгледаат:
    Бебе 2.5 месеци, ноќе во сон наеднаш се развртува лево десно, со рачињста имитира чешкање на увцињата, па кај носето, па тегне увциња, генерално рачиња преку лице, крева тело на ноџиња, кенка и како да стенка. И кога ќе и го наслушам стомачето, како да кркори ама не знам дали за јадење или тоа се грчевите? И преку ден на дневните дремки, после 40та минута така се однесува .. и се буди тогаш?