Majki kako se davaat Espumisan kapkite za grcevi? Po kolku kapki na den i dali gi davate vo AD mleko ili so lazhicka?
Извини, малку доцнам со одговорот, дури сега видов. Сирупот го има во Еурофарм и Виола, околу 1100 ден. ама вреди за секој денар. На природна база целосно, со ким и анасон, јас со шприц му давам 2-3 мл по 2-3 пати во денот, бебе инстантно се смирува и стомакот не кркори толку веќе. Спас.
Ова се случува кај моето од вчера 2 месеци и 5 дена. Цел ден вчера ич не заспа, заспиј и вака како што опиша, мрда брзо лево десно со главчето, со рацете на уши се фаќаше, се гребеше на лице..мешето кркореше, се слушаше, па после ќе се испрдше, искаксше и се смируваше. Досега не беа грчеви туку она што го опишува @1209 и давам само биогаја секој ден, него тие му се погодени, не сум пробала други. Ама ова вчера со вриштење наеднаш од сон, па имам инфакол капки и му дадов 1 вчера, 1 денес, не сакам да му давам оти со првото се пробав и пак си имаше грчеви, кај него беа баш грчеви секој ден во 18ч го фаќаа и вриштеше цел саат и се пробав и на 3 месеци прекинаа.
Мммхм, јас се исплашив дс не е инфекција на уво нешто .. ама се консултирав и со педијатар, и според ова што опишам и таа ми рече дека де грчеви. Ми препорача да избегнувам храна што создава грчеви и овошјето да го варам периодов.....
Kako gi davate colief kapkite pri doenje Dali treba prvo da postojat 10 15 min vo malku mleko Ili odma Se davaat
I kaj nas, isto dva meseci, sega ovie tri dena so sekoe prdenje e prosledeno so mnogu placenjen I toa cesto..
Девојки, стари сме 16 дена од синоќа силен плач, кркорење на мешето и гасови. Денес не сака да спие ако не ми е во раце и на стомак. Од време на време си кенка, се стега и кака. Не е ли рано за грчеви? Полудев. Даваме витамин Д, омега, биогаја и нистатин. Некој ваш совет?
Женски како ги давате еспумисан капките? Директ во уста на бебе или со млекце ги разредувате? Прашувам за тие што цицаат па не можам во шише со млеко да дадам ( не прифаќа шише). До сега колиеф давав на лажичка во малку млекце. И чајот со ким вие што пиете како го правите? Варите неколку зрнца или??
Ако е на адаптирано може да е од млекото моето има тешки грчеви од ад. Ако е на цицање само види дали е од некоја храна што ја јадеш ти. Или смени ги биогајата да не не и пријаат.
Дали давате еспумисан на ноќнни подои? Кај нас најлошо е со грчевите после 4 сабајле, а цица накај 2-3 па се мислам дали фа дадам капки и тогаш. Последно во денот ги пие накај 8 пред спиење.
Јас давав. Препорака од педијатарот беше по 3х15, но јас му давав 1×15 и тоа навечер кога беа најсилни. Остатокот го поминував со масажи и термофорче. Исцрпувачки е, но не ми се даваат по секоја цена лекарства за полесно да помине. Грчеви секако мора да има, цревцата им се развиваат. Мене не ми е јасно како пробиотик капки и капки за грчеви се ок што е вештачко, а чајче пример на бекутан со природни билки не е во ред да даваш..
Чајчето ни Чајчето ни рекоа не дека имало шеќер и со водата стварало лажно чувство на ситост и полно меше. А и вода дека не е добро за бубрезите на толку мало бебе.
Биогајата и д3+ к1 како ги давате ? Биогајата ја давам обично сабајле а д3 навечер Дали треба секој ден во исто време од прилика или ?
Има ли шанси од Биогајата да ја мачи стомачето или веќе почнуваат грчевите ? Вчера и дадов денес пак цел ден се грчи само ..