И мене педијатарот ми го рече истото. Моето е на АД и ме чуди кога ќе се напие 20/30 мл чајче бекутан од сладок анасон му се потсмирува и мочките му се посветли. Кога не му давам чајче мочките му се темни и повеќе мирисаат. Давам и Анти колик капки ама не видов некое подобрување
Може некој да ми каже дали е нормално, бебе пред една недела наполни 2 месеци имаше од почеток грчеви па потоа се намалија скоро и ги немаше сега почнаа пак и тоа на нај јако по цел ден дури вечерта се смирува малку накај 1 ипол 2 и пак не спие мирно цело време се грчи со главчето прави лево десно си ги трле очките душата ми се цепа
Истото прашувам и јас на мојата и се смирија со саб симплекс капките го давав на 6часа 1 недела и се смирија и реков ајде по потреба ке давам. Еден ден беше ок утредента почнаа на најјако веќе два дена не се престанати. Дури и кога спие се грчи,нервозна е особено навечер, не може ни да цица од што прета со нозете па уште толку вреска, ставам топло но не постојано зошто и тоа не е здраво, давам капки, зовриена вода со ким па од неа и правам бекутан со анасон. Некој совет мајки?
Од кога почнавте со капки или чајчиња за грчеви ? Ние од денес почнавме со грчење не спиење вцрвенување нервоза не плаче многу така малку и не може да испушти гасови и да се искака .. Давам Ваја , Д3 со к1 и бејбитол од сабајле
Исто,исто колку месеци е ? и исто почна по многу малку да кака, незнам веќе дали се грчеви дали е нешто друго битно бебе се изнамачи
Кое време обично ги фаќаат грчевите вашиве бебиња? И обично по колку траат? Јас душа немам, плаче она, плачам јас, се вцрвенува, мава со раце нозе, се тегне по лице, писка..почнав од сабајлево да ставам термофоче, рано е да кажам за резултати. За капки или било што ми рекоа да чекам прва контрола. Вас што ви даваат, од кои сте задоволни?
кај нас прво беа откако ке зајде сонцето па се до 12-1 часот вечерта кога не пуштија од болница ни го дадоа nurse harveys сирупот и искрено само од него се смируваше саат-два
И ние мака мачиме 2 недели и 4 дена е бебка, ние сме комбинирано и дојам и давам дохрана на почеток Бебелан Аптамил , ама повеќе бљуцкаше и дадоа Бебелан Ар ,со што какаше како пластелин топчиња, од пред два дена почна со плачење ,вриштење, има грчеви ,триста капки ни даде педијатар, колиеф биогаја, витамин д +к1, омега,инфакалм, ама пак не делуваат, најмногу ја смирува термофорче на стомак, и бел звук, се мислам да ги прекинам капкиве ко да и е премногу. Што мислите? Дајте совет.
Nurse Harvey сирупче најмногу помага по совет на многу спремен педијатар сите други капки се вештачка хемија само сирупов е природен, му се оптеретува стомачето повеќе, и пробиотик само тоа, чајот не помага многу само ќе го наполни шеќер вода мешето место млеко. Грчевите не може скроз да прекинат но да намалат ако се може, тоа мора да се помини, сите поминале, издржете.
Ние преку ден дома немаме мака со неа, си станува, цица, убаво си спие, ама тешкото почнува после 00 навечер..сабајле пукнавме, 3 цели часа да не може да се смири..не ни го кажал нас никој тој сируп, да прашам сама педијатар...
Месец ипол е. Мојава кака ама додека се искака налет ,се стега па од што се стега повраќа без разлика пред колку време е цицана. И јас на моменти како тебе си викам да не е нешто друго, да не нога, кичма да не сме повредиле земајќи ја ама тоа ако ја боли ќе трае 24/7 а не во одреден ден од денот. Еве давам капки од денес на 6ч врзува сон по 3ч ,цицаше нормално , мирен денов ,ама еве сега после 19ч стандард нервозна почна да прета и не можеше да цица. Ад и купив баш заради ова што не може да цица ама го плукаше сега, па се одмолзев, дадов капки , термофор на неа и среќа кратко траеше оваа епизода на грчеви па спие сега.
Официјално почнаа и кај нас грчевите не се нешто многу страшни ама сепак почнаа .. Сакам на своја рака да го земам сирупот Nurse ваљда не е на штета .. Друго нешто да ми препорачате ?
не би требало да биде на природна база е … друго кај нас скоро ништо не помогна освен понекогаш капките sab simplex
Во тоа што е црвеното на капачето има бел прашок и по втор пат ми се крши. Дали е штетен прашокот или треба прашокот да падне вп сирупот??? Скап е а само овој и помага на малата.
Правиме вежби,масажа,термофор на сѕомаче и капки протов колики. Имавме и дохрана од 0до3 месеца за намалување на колики... немаше как нас врска