Додека дежурам да си кажам, може ќе ви е од корист. Почна многу да и помага да ја масирам за ноџиња, ја соблакам по боди, и ја масирам, а посебно ја смирува кај стапалцата. Почнаа ноќва пак, веќе 4 5 ноќи дежа ву, сеа ќе заспие и ја пресекува грч па нестабилно спие ја не се ни осудувам да си легнам
Isto, do 3h bese dobar. Vikam super, Colief kapkive deluvaat, ke spieme. I kvrc. Do sega placki, eve tek sega se smiri (se nadevam). Ke probam sledno taka da vidime
Ако ми веруваш, око не склопив ни јас ни она, од мака солзи ми дојдоа сега кај нас трае ова веќе 4 5 дена со ред, што е многу, многу е, она плаче не спие, јас не знам од каде сили да ја додржам..наместо да поминуваат, бетер грчевиве..и она тек сеа склопува очи, се плашам да кажам, да не и текне пак да се разбуди..пробај така кога ќе има грчеви и биди по упорна, мојава мава прета ама јас упорна сум со масажата.
Врти го на меше или нека спие на тебе али на меше легнато. Кај нас највеќе ова помагаше и така спиеше до 1м после тоа на грбче. Дури и кога ја преврлав од мене на кревет ја префрлав така склопчена да не кажам како зајче и така си врзуваше сон.
Планирам да го земам сирупот Nurse Harveys, некоја задоволна мајка има ли? Како се користи? Да продолжам да давам пробиотик? Плс хелп
https://www.annifarm.com.mk/en/product/nurse-harveys-145ml-сируп/ Ovoj li e? Ako nekoj znae, od koga najrano moze da se koristi, ne pisuva? Gledam nane kopar i kim vo sostav. Mi lici na ok. I dali smeam da go davam, posto davam Colief i caj od anason. @Cherry blossom89 mislam da prodolzis probiotik, nezavosno od sirupov posto ne e probiotski ko sto najdov info.
За сите што мака мачат со грчеви само овие капки ми помогна Ги давам 3 дена,мислам друго дете имам,воопшто нема грчеви.Ги зедовме од Грција ги имало и во Бугарија.
Ke gledam da gi nabavam, imam citano za niv i drugi zadovolni. Nego od grcevive dali e poligava kakuskata.?? Nekako kako ligava konzistencija mnogu mi ima. Ne znam dali e ok. Ne bese vaka prvite nekolku dena Od 8mi den nekade pocna...koga pocnaa i grcevi. Duri si mislam da ne e intoleranten na laktoza...trista filmovi.....
Pa da isto, bas bese suvo, dva dena so Colief sme, i denes stana ligavo. Soprugot e laktoza-intoleranten pa se mislev da proveram. A od druga strana, mislam klasicni koliki se, posto navecer go fakjaat. Treba edna tema so kakuski da otvorime i eden specijalist da dava amin dali se arni
Да, тој е сирупот. Од умор глупост сум пишала, дали да користам пробиотик..тоа секако ќе користам, мислев дали ќе смеам паралелно со сирупов да користам и капки за смирување на база на симетикон? Ние користиме инфакалм..тоа сакав да прашам, ако некој знае нека пише. Смее да се користи од 0 па нагоре. Ние го купивме, почнувам од вечерва. Ми се виде мн 5мл ко за почеток, па за проба и дадов 2мл. Пишува од 0-12 2 дози на ден а една доза е 5мл.
Суво какање на тоа мислиш? Мојава рано почна со грчеви изгледа од сè насобрано она од старт кака течно и тоа лом се праи, ко ќе пушти 3 4 пати за ред, оди досреди ја. Да да, колики се, ние читајќи за нашево тоа го утврдивме. Од 5 симптоми, 4 има што се вика. Што ќе ти специјалист, секој ден пишувајќи овде и истражувајќи си ги децава, сами ќе си станеме специјалисти, не се сомневај во себе на макава и да се насмееме
Да се пријавам и ја Сабајле до 6 останавме со грчевите, дадено сирупче, капки во секое млеко. Во петок веќе 8 недела се надевам ќе намалат. Незнам бебуш како издржува, ама јас ќе пукнам.
Моето прво дете беше вакво до 11 и пол месеци. Штом ние издржавме и преживеавме толку без сон и во лудница сигурно и други ќе преживеат
Што е многу многу е. @Brpbrp не ме плаши вака, уште тоа ми треба до година ова темпо нема шанса да се издржи. Јас се тешам ај уште малце