Здраво мајки, бидејќи бебуш ги повраќаше Био гаја и земав Ваја, завчера, и давав 2 дена значи денес ги отварам и има како талог доле, што е ова :о
Треба добро да се промешаат пред да се дадат пишува во упатството. Најверојатно ги немаш промешано и затоа е така наталожено
Kako se koristi voli baby termofor ? Prvo se zagreva ili na kraj se zagreva? Na pocetok samo parickata se stiska I sw koristi ?
Да, притисни ја паричката и ќе се загрее внатрешната структура. За повторно користење го вриеш термофорчето 10 до 15 минути во тенџере но внимавај да не ти допира на дното. Стави го врз друг помал сад внатре и нека врие додека внатрешната структура стане повторно течна. Нас ни беше многу од помош при појаки грчеви, посакувам и вас да ви ублажи болка и лесно да поминете
Смее да се даваат colief i espumisan заедно? Малиот е еден месец два дена бевме со плачки. На комбинорана исхрана е. Ма да повеќе пие аптамил од што цица. Му давав colief ама не му помагаа и вчера вечерта му дадов espumisan три пати до сеа му имам дадено и има подобрување. Смее по потреба да се даваат или цело време треба? Читам дека стварале запек, а до сега ми се какаше два до три пати дневно.
Здраво, како ги комбинирате биогајата со колиефот? Во аптека ми рекоа преку еден подој дали може да ги дадам прво колиефот пред подој (5 капки) па после одма следниот подој да ги дадам биогајата (4 капки)… и колку пати на ден се даваат биогајата и колиефот? Дали пред секој втор подој или како? Бебе нема којзнае колку грчеви планирав да и давам по 2 пати на ден од колиефот и биогајата, по потреба и 3.
Биогајата ја имам давано навечер по 5 капки само еднаш. Колиеф на секое јадење му ставам капки. Не сум ја користела биогајата повеќе пати во денот
^Биогаја се дава само 1 дневно по 5 капки. Сте приметиле ли која храна создава повеќе грчеви ? Што избегнувате да јадете , јас знам само за грав, леќа, кромид , лук, зелка ...
На моето му создаде варен компир, плескавица и краставица, јадењата што ги имаш наброено ги немам пробано од страв дека создаваат грчеви.
Биогаја се дава еднаш на ден 5 до 7 капки зависно како е препораката од педијатар. Колиеф нас ни е сугериран само кога има потреба да пие млеко од шише а за грчеви ни беше препорачан Еспумисан
Земи гo Nurse сирупот. Ако нема многу грчеви. Ciliefot не е за грчеви. Син ми има еден месец два дена бевме со плачки му дадов еспумисан му се смирија. А еве сега два дена му давам од сирупот и има многу малку.
Devojki kapkite protiv grcevi koga gi davavte? Kazano mi e posle podoj i gi davam otkako kje zdrigne, no posle desetina minuti blucka… Kapkite se od norveska sodrzat sinetikon Kako epumesian kaj nas Nz dali imaat efekt
Ти благодарам многу❤️ ни беше препорачано да земеме колиеф за грчевите… следна недела треба да ни стигнат инфакол од Бг. ќе пробам и со нив да видиме само што нема да ги отфрлам одма колиефот за да не се направи некоја реакција (ако може).