Гледам да јадам претежно млечни работи, избегнувам зрнеста храна освен оризот, месо јадам само пилешко како и секогаш
Здраво Како го дозирате Nurse? Пишува два пати дневно а дали е штетно да му дозирам три пати за месеципол бебе?
Консултирај се со педијатар, coliefot ја разградуваат лактозата во млекото. Најубаво ќе ти каже педијатар како да комбинираш ако има потреба, или само едни да даваш. И ставај редовно топло на мешето.
Ја му давам по 5 мл по потреба, така ми е кажано од педијатар. Овие денови има многу грчеви плале и му давам сабајле и навечер, ми помага и кремата за масажа за меше што е за грчеви, од зегин ја земав. Топло на меше и легни го на стомаче кај тебе на гради
Нас ни помогна, од кога почнав да му го давам два пати дневно се кака. На адаптирано млеко сме. Ама секое дете е различно
Ние сме на комбинирана исхрана, 1 месец е бебето. Првиот пат ни помогнаа, а после уште двапати имам дадено ама ништо. Му ги ставаш во млекото или директно во уста?
Пие на пример 30 мл ( на ад сме ) му вадам шише му давам капки и продолжува да јаде. Обично кога гледам дека се црвенее го ставам во транспортер вајда положбата му одговара и полесно ми се кака. Кое адаптирано му го даваш? Кај нас аптамил пронутра му направи грчеви и запек сменив на аптамил цезар биотик ( дека царски породена, а за природно го даваат аптамил комфорт ) и супер е. Има грчеви ама не толку. Консултирај се со педијатар и за ад млекото. И тоа знае да направи проблем.
Aptamil pronutra, природно породена. Педијатар ми рече ако продолжи вака да сменам на Novalac што е за запек, а мед. сестра од болницата каде што се породив ми рече дека може поголем проблем да биде ако сменам млеко.
Консултирај се со педијатар ќе.ти каже како да комбинираш. Мене во ремедика ми кажаа дека колиефот е да ја разгради лактозата што ја содржи млекото ( на ад сме ), а да комбинирам со сирупот зошто кај нас само тој имаше резултати.
Пробај со аптамил комфорт. Мене педијатарот ми рече крајна опција ќе биде да смениме фирма на ад млеко ако му продолжат грчеви. Јас сакав да му давам холе козјото, ама ми рече се дур аптамилот цезар биотик го прифаќа, му се намалуваат грчеви и напредува да не менувам, а ако не помага да се консултирам пак за да смениме фирма.
Zdravo, kje moze li da mi kazete kako go spremate cajot od kim za grcevi i po kolku davate. Bebeto ima 3 nedeli. Fala vi mnogu
Не му давај на бебето чај, пре мало е за чај. Подобро пиј ти, па ако доиш може ќе го смирува преку млекото.
И кај моево почнаа првата недела. Секој ден буквално имаше, плачеше премн и се мачеше по 5 6 часа без престан и во исто време почнуваа. Како преку ноќ престана се кога наполни 2ипол месеци.
Во болница ми рекоа до 3 месеци траат, и горе доле вистина испадна. Богами и ден денес во уши ми е нејзиното плачење со саати, долг и мачен период. До крај и беа јаки грчевите, до тие 2ипол месеци и после се осеќаше дека ги има ама она почна да ги поднесува подобро. И дававме инфакалм капки, и помагаа, па сменивме со еспумисан, и дали така се погоди да и завршат грчевите или повеќе и помогнаа не знам, ама ако не бива со едни капки, менувај. Користевме и биогаја па сменивме со ваја. Прочитав тука од форумов, вит д давај заедно со пробиотикот, ние така правевме и така немаше проблем со грчеви и какање.