За колку време би требало капките за грчеви да покажат ефект? Давам Babytol Coli по 5 капки на секое јадење веќе неколку дена ама не помага, му свират цревата. Па да знам дали не помагаат или треба да почекам.
Не се даваат без млеко, може да му го изгори јазичето ензимот. Обично цица малку па давам па продолжуваме, или пред подој
Zdravo Sakam da prsam iskustvo so kapkite za grcevi Colief dali samo toa ste go davale ili i nesto drugo moze da se dava kako kombinacija
Здраво мајки Тазе мајка овде Дали може да споделите што јадете во фаза на доење? Како љубител на овошје и зеленчук, многу ми е чудно дека не се препорачува. Поради грчеви кај малиот целосно ги исклучив. Сега јадам само разни видови месо, пастрмка, компир, овес, јогурт (грчки и обичен), јаткасти плодови и некако ми е се многу еднолично. Секоја идеја е добредојдена
Баш ми е чудно дека не се препорачува, јас бев на часови кај Јасна, што е сертифициран специјалист за доење и како листа на намирници што ни кажа да се конзумираат за да имаме млеко се 300 грама овошје и уште толку зеленчук на дневно ниво, покрај месото, житариците, јајцата и млечните производи. Јас си јадам овошје и зеленчуци и имам повеќе од доволно млеко, си пијам вода, јадам јајца, месо и риба, и пијам Лакта микс чај. Единствено што избегнувам моментално се млечни производи (бебето ми има гасови па тестирам дали ќе му е подобро), грав, леќа, кромид во поголеми количини (според Јасна во првиот месец по пораѓај за да не имаме ние гасови и да ни е тешко), јаткасти плодови и цитрусни овошја(иако викаат треба да изедеш многу за да има некакво влијание на млекото, се сметаат за алергени и ги избегнувам моментално). Моето бебе после 2рата недела доби стташни грчеви, по цел ден кенкање и плачење, гребење на лице итн. После посети на педијатри разни, пробав да ја исклучам БиоГајата од капките што ги давав и како да се смиро детето, па давам момемтално Babytol Neonate зошто потребни биле тие добри бактерии да се внесуваат на бебе со царски. Користам исто така Colief и Espumisan, и има доста подобрување, пак има грчеви ама драстично е помирна. Ми препорачаа исто и Nurse Harvey доколку има потреба. И исто кога е најтешко, употребувам термофорче со кристали на меше, замотано во тетра пелена.
Мислам дека многу зависи и од детето. Еве од лично искуство вторава ќерка ја дојам и јадев се што ми се јадеше и грав, грашок и не давав ни капки за грчеви и немаше никаква мака.
Бебе што има грчеви, ќе ги има и само на макарони или ориз да бидеш. Јас два месеца така јадев, само исклучував храна, среќа што имам уште млеко. Откако сменив педијатар (во Ремедика сѐ ти бранат што е со витамини да јадеш), тој ми дозволи сѐ, освен да избегавам грав и зелка. Можеш и алергените во многу мали количини. А гасови ќе имаат секако што и да јадеш, некад ќе се помачат, некад лесно ќе си ги исфрлат, а за грчеви ако почнат ќе си се третирате пак независно од исхрана.
Секое бебе реагира различно на било која храна. Некое има грчеви, некое нема грчеви. Не ја разбирам ниту јас потребата да се исклучат сите јадења, истото ми беше како совет дадено од страна на педијатрите скоро ништо да не јадам, и во глобала бев само на ориз, компир и овес. Без потребно набиено страв. Јади што сметаш дека е потребно твојот организам да има, постепено ќе гледаш ако бебе има грчеви од одредена храна постепено исклучувај ја или намали ја.
Инфакол пишува да се даваат пред секој оброк. Бебево цица на 2 саати, тоа значи пред секој подој да му давам, мн ми се гледа некако?! Исто, после колку време дс очекувам резултати, гасови е полн
И јас си го мислев истото за еспумисан ама му давав според упатството првите 3-4 денови кога почнавме да го користиме, после намалив на пола доза и океј сме сега за сега. Денес прв пат заборавив да му дадам пред еден подој и преживеав, ама ќе продолжам со пола доза, не ми сс ризикува
Ve citam mnogu od vas koristite Infacol, od kade go kupuvate bidejki jas kolku sto znam go nema kaj nas...