Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчеви кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 9 мај 2010.

  1. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.999
    Пол:
    Женски
    Крш и денес. Синоќа до 12 не можеше да заспие, па после тоа на секој пола саат викаше
     
  2. WhiteCat33

    WhiteCat33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2020
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    :f:
    Истото и кај нас..до 12 спиеше па потоа цела ноќ не заспа кенка цела ноќ црвенее, гасови има еспумисан слабо некако..:| цела ноќ не сум спана :sweat:
     
    На Tea SK и sani99 им се допаѓа ова.
  3. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.999
    Пол:
    Женски
    Исто, исто, и цел ден на мене спие.
     
    На WhiteCat33 и sani99 им се допаѓа ова.
  4. marrisa

    marrisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2024
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Исто и кај нас. Вчера вечер го избањавме, реков таман бебе освежено ќе се изнаспие. Око не склопивме цела вечер. Плачеше, спиеше по 15 минути. Во рака и со цуцла мирен ама инаку во креветче целиот црвен од што се стискаше за да исфрли гасови. И нас не ни помагаат еспумисанот ;(
     
    На sani99 и Tea SK им се допаѓа ова.
  5. Belladona123

    Belladona123 Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2023
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Пол:
    Женски
    Јас се извинувам ама навистина сум очајна. Бебето е еден месец, буквално секој ден после 16часот вришти со саати. Не сесмирува со ништо и никој. И формула сменивме последно и колиеф давам нема апсолутно никакво подобрување. Препорачајте добар педијатар во систина. Има ли ова крај, не се издржува колку плаче со солзи дури.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trinity9

    Trinity9 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Знам колку ви е тешко, но за жал нема магичен лек за грчеви, и треба само да испробувате различни варијанти кои ќе намалат барем малку. Топло на меше, масажи, вежби на колкови, спиење на меше кај вас на гради, пробиотик, ензими, сируп Нурсе Харви, лек на база на симетикон… тоа е отп терапија што ќе ви ја даде било кој педијатар, и кај сите различно помага. Извини што не ти одговарам за прашањето за педијатар во Систина, може некоја членка ќе ти помогне. Се надевам дека до 2м ќе ви поминат грчевите, кај нас до тогаш траеја.
     
  7. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    1.708
    Допаѓања:
    10.365
    Пол:
    Женски
    Има крај, не се секирај. Знам колку е тешко и мачно, поминав низ истото со малата. Пробувај разни комбинации од капки, нешто од нешто ќе помогне, инаку за жал е период кога бебињата мора сами да го надминат тоа. За педијатар, ги има доста што се супер во Систина, јас лично искуство имам со Муратовска и сум премн задоволна од неа.
     
  8. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.545
    Пол:
    Женски
    Муратовска ќе ти ја препорачав и јас, обиди се со чај од ким на нас лично преку ноќ ни помогна тоа.. иако не треба да се дава чај од што немав веќе решение му дадов и помогна. Прво му направив формула со водата од чајот, после формулата му дадов помалце од 30мл чај од ким и се искака и од тој ден не му се појавија. Да не ме сфатиш погрешно, само споделувам мое искуство, можеш да пробаш дс смениш пробиотик, капки, или да проверите интолеранција
     
  9. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    1.340
    Како се прави чај?
    Вчера попладне беше хорор па и синоќа... црвенее за да се искака ама неможе... вришти,плаче... Денес ќе пробам 1 ден без пробиотик...
     
    На WhiteCat33 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    9.490
    Пол:
    Женски
    Ќе се вмешам и јас во муабетот.
    И јас пијам чај од ким им помага.
    Неколку зрнца ги варам во вода,прецадам и пијам.
    Почнав да им давам сега капки ко лактазе и мн подобро се,скоро и да немат грчеви.
     
    Последна измена: 25 јули 2024
    На WhiteCat33 и sani99 им се допаѓа ова.
  11. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    1.340
    Колку пати пиеш дневно?
    На нив им даваш само капки а пробиотик?
     
  12. DELFINA81

    DELFINA81 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2019
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    9.490
    Пол:
    Женски
    Некогаш еден дневно,некогаш 2,пијам и чај за доилки лактамикс ,па како ми текне ги пијам чаевите.
    Пробиотик давам да,бајбитол неонате.
     
  13. Coldheart

    Coldheart Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2022
    Пораки:
    110
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Сируп Нурс Харви кај нас помогна и со грчеви и со какање. Истата ситуација бевме со ништо не се смируваше. Грчевите траеја два месеци ама со сирупот имаше огромно подобрување.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    1.340
    Како даваше? Дали даде и пробиотик?
    Јас давам по 2.5 4 пати дневно и диастоп... пак не бива какање...
     
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.589
    Допаѓања:
    39.597
    Пол:
    Женски
    Прекини го диастоп, можеби од него не сака да кака
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kroasan

    kroasan Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2016
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Кај нас помогнаа капки делумно, но најмногу помагаше термофорче на меше. Грчевите почнуваа и со термофорчето за 5 до 10 минути се успиваше бебето.
     
  17. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    1.340
    Како да загреам, заборавив
    Имам тој од цреши
     
    На TammiB5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    4.230
    Допаѓања:
    7.999
    Пол:
    Женски
    Бев на педијатар сабајле и ми кажа како да испушта гасови најлесно. Преку колено легнат со мешето и така да се тапка.
    На мојов ништо не му помага, педијатарот вика не си ги давај парите за џабе веќе, не експеримемтирај, само механичко испуштање гасови и време треба.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    1.545
    Пол:
    Женски
    Кесичка ким од било кој маркет, јас ставав да има побајаги зрна но не цела кесичка, не ни пола, помалку од пола. Зоврирав во вода и ќе видиш ќе почне да менува боја водата, ги оставав да се олади и после ја цедев да нема ниедно зрно.
    Тоа за меше од цреши исто така може да помогне, и како совет не знам колкаво е малото но ако е затворено пупачето почнете со tummy time тоа помага во притискање на мешето, полесно да ждригне, испушти гасови и искака.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sani99

    sani99 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2012
    Пораки:
    2.328
    Допаѓања:
    1.340
    Не сака да ја легнам така со колено на меше
    Како да ја ставам?