Моево е месец ипол, мноогу грчеви има или бар јас така мислам. Многу ретко не плаче кога е будно или тоа е се на се 15 минути цел ден. Дури си мислам некогаш и не плаче од грчевите оти не се стега секогаш. Почнавме со саб симплекс па ке видиме. Како е најдобро да се земаат? Тие шо се со нас бебињата се многу мирни, не плачат уопште..
Колку време треба на храната што ја јадеме да дојде до млекото? Да знам кога има појаки грчеви дека се од тоа што сум јадела... Вчера грашок јадев (знам дека прави грчеви ама со другите две ништо не пазев кога доев и немаа грчеви)... па ај реков ќе пробам. Денес бебе страшно со грчеви цел ден. Се утепа од плачење, жар стана сирота од стегање... а се утепа и од прдење. Невозможно беше толку гасови оддеднаш од толку мало бебе
Здраво на сите, би сакал да споделам аудио звук од фен, кој на нас ни помогна со двете деца за грчеви, повелете линк:
Мајка како си задоволна од капките? Нас ни ги кажа педијатар, ги купив, ќе почнам да ги давам почна сериозно да плаче.
Јас ги давам од првиот ден кога излеговме од болница. Грчевите мора да ги има и мора да поминат. Е сега, зависи кај кое дете како ќе се изразени. Кај син ми веќе се намалени, некогаш пак знае да ги згрчи нозете, па и во сон да мрда, ама порано плачеше по 5-6 саата секој ден. Ноќе беше малце помирен, ама денски мака. Плус и скоковите се тука, плачат и од нив, не е секогаш од грчевите.
Точно се што си пишала се согласувам. Со првото дете со еспумисан поминавме, навечер пред спиење знаеше да се вознемири и да плаче повеќе, ама се смируваше. Второво 3 недели е старо, веќе два дена по цел ден мислам се грчи. Не му се доволно само еспумисанот. А бидејки има милион капки на пазарот искрено да не знаеш што да земеш. Заради тоа побарав и мислење. Ќе пробаме ќе видиме, следно за проба, ако нема ефект од овие капки, ми е сирупот Nurse Harvey. А греотка се да плачат, кога веќе има што да им олесни. Инаку како и да е мора да се помине периодот.
За жал кај нас немаше ефект, се уште мака мачиме со грчеви до степен на повраќање, бљуцкање, плачење ден и ноќ..... Пробавме и со сирупот NurseHarvey и со Еспумисан, со Гас Бимбо, со Саб Симплекс, со БиоГаја, Рекол, со чај од ким.....од ништо не и поминува и искрено престанав да и давам. Пробајте вие како ќе биде кај вас, кај сите бебиња е различно, кај вас може да делуваат убаво и ќе се смират грчевите.
Ќе ме утеши некоја за грчеви? Од тоа што се плашев цела бременост, тоа ми се случува. Безпомошна да помогнам на бебе за грчеви. Почнавме со Нурс сирупот од вчера. Од сабајлево и Диастоп пробиотик, ама еве ја цел ден не е какана. Вришти неможе да се смири. Таман ќе заспие и ќе врисне, па едвај се смируваме. Само шише во уста да има. Среќа молзено е, па по 10 мл се залажува за да се смири. Направив чај од ким и анасон да пијам, па се надевам ќе има ефект преку млеко. Незнам каде читав за масажа на стапалца помагала? Тука ќе да имаше некоја пишано. Полудевме денес.
Нема целосен спас, мора да поминат со тек на време. Еве, 2 и пол месеци е, цела ноќ не може да спие од нив. Слушам цревата како кркорат, се грчи дете, собира нозе и легнат спие на меше врз мене, инаку не, целиот прета во количката, се удара, се врти, жален е. Кај нас почнаа рано, може околу 10 ден почна да има проблеми со каката и плачеше, ама според педијатарот рано било за грчеви. Јас давам Babytol coli, пробиотик Babytol neonate. Дури кога наполни 2 месеца, му дадов чај од анасон на Хип, не го сака чист, ама му го правам млекото со него. Имало на Бекутан што се давале после 1 недела, ама ајде, слушав доктори, не требало чај, вода. Овие капки ублажуваат, ама дека целосно ќе ги нема не. Неколку недели плачеше по 5 6 саати на ден, кај него обично пладне/попладне почнуваа. Ама, после почна и ноќе. Купив и термофорче, му ставав на мешето и вежби за гасови правев кога беше посмирен. И масажа на стапалата, да, и тоа гледав на видеа некои. Се надевам ќе ги снема, уште некоја недела ќе направи 3 месеца. Стварно мачно. Па и скоковите, и имаше периоди кога мислев ќе полудам.
Сите тоа го поминуваат и мене ми беше многу тешко, шо многу плачеше и знаев го боли, па правев се шо можев . Тоа сирупчето помага, капење со топла вода насекое исто помагаше, масирање на стомачето и ставање топло. Многу ни помогна со топломер во газето малце, намачкано со Павловичева, за да испушти гасови и да се искака полесно, пробај.
Ќе помине, мора да ги помине грчевите. Јас ја држев на меше така сакаше убаво и доаѓаше и не плачеше и пеглав тетра пеленка и ја ставав под мешето топличко да и доаѓа и тоа ја смируваше.
Ќе пројде мама, тргни го пробиотикот .. тоа прави запек барем кај мене со малата ( почна да кака редовно и и давам саб симплекс и толку) , а со првото немав таков проблем..
Многу ви е рано за грчеви. Педијатар што вика? Од околу 2 недели е најјакото, тогаш почнуваат. Да не е гладно бебе и затоа да плаче? Консултирај се со педијатар, но мислам баш ви е рано за грчевите... особено што се жалиш веќе неколку дена.. а бебе е сеа скоро родено така?
Страв ми е да не ја повредам со топломер… Дури во 00:00 се смири и имавме мирна ноќ. Ама до тогаш, почнувајќи од 17ч негде се мрднавме.
8 дена е сега. Грчевите и почнаа завчера така послаби, вчера беше лудило. И Јасна и патронажната го рекоа истото , дека се грчеви. Гладна не е сигурно. Се грчи, се стега целата, поцрвенува и вриска од болка, не од глад. Утре сме на педијатар, ќе ја прашам. Јас со чаеви од анасон и ким се налеав, суви сливи, па преку млекцето ќе и помогнам колку толку.
И ние сме лудница со грчеви.. Попарувам 3лажички ким и ги пијам и ги јадам кимчињата во текот на денот. Сменив неонате со waya пробиотик. Да не подречам и помагаат промените.
Почнавме со колиеф. Има подобрување. Дури и се искака ноќеска и тоа ептен какана беше. Се смееме со мм дека на каки волку не сме радувале никогаш. За кратко сме на педијатар.Едвај чекам да видам што ќе каже.
Давај и еспумисан, јас по потреба ги давам еднаш во денот (може и три пати) по 25 капки, брзо го смируваат и си заспива, ти давај пример 3-4 дена со ред дури не се смири. И на здраво бебе и матичната ми рекоа дека нема штета од нив слободно да давам. Исто затоплувам тетра пелена со пегла па му ја ставам на меше, вежби разгледај на ут. @merriel0 од ваја и јас сум задоволна, на почетокот ко почнав да давам почнаа и грчевите, мислев од нив се ги прекинав пак исто беше и си продолжив со нив пак.