Еспумисан и колиеф. А од денес и Нурс сирупот во консултација со педијатар. Еве ја спие сега. Прееска помодре од плачење и вриштење.
Дали мислиш или забележуваш дека има подобрување од еспумисанот? Јас и давам Нурс Харви сируп и инфаколик капки. На ум сум да сменам инфаколик со еспумисан во договор со педијатар секако па прибирам искуство. И дали има грчеви секој ден..нашата од 7 дена 5 има сигурно од кои можеби 3 се хорор филм.
Ако не ти фаќа шише ич, можеш во лажичка со малку твое млекце пред доењето. А ако фаќа шише, можеш и таму исто со малку твое измолзено пред доење.
Сега гледам дека си пишала… Па се испрдува од Еспумисанот. И Нурс даваме два пати на ден, во консултација со педијатар. Веќе втор ден, од 16 ч до 19ч е плачки, вриштење од болка, едвај се смирува. Плус и некој скок мислам дека има , хаос е. Даваме и колиеф пред секој оброк. Ама период е ќе помине, така се тешиме. Се надевам дека за брзо ќе преќинат грчеви, една пауза до вадење заби да имаме од плачки.
Добро мамички ме интересира до кога траат грчевите веќе имаме полни 3 месеца .. се стега прди крчи меше сеуште само на мајчино сме ажа да напоменам скоро ништо не јадам поради грчевите и пак ги имаме ..
Ма да ти кажам веќе аман .. кај ништо не јадам само за да нема толку грчеви се исушив 2кг сум помалку од кг што останав бремена .. се уби дете прдејќи како старец некој ај викаат до 3месеца таман ќе немаме веќе еве 3месеца и 1недела ние уште
Оф, колку прде, некогаш толку силно како возрасен човек. 3 месеци и 3 недели е, уште се мачи. Не знам колку шишиња Babytol coli потрошивме.
А зошто му даваш капки ако не му помага? Јас се пробав со синко, сите можни капки, чај, Нурсе Харви му давав. Кога исфрлив се како магично да ги снема на 2 месеци. Дали сами си пројдоа дали што исфрлив се, не знам. @_budaletinka* и бебево сега до 2 месеци и ќерката цицаа, јас на ништо не пазев. Ќерката немаше грчеви, синко сега хаос беше. Не знам баш дали има везе јадењето. Тестирав сега еден ден само ориз и стек јадев пак имаше грчеви. Пробиоток даваш? Ќерката само 1 недела ко бебе кенкаше од пробиотик. Кога го исфрлив ништо немаше.
Прекинаа кај нас се пофалив, па не фати трет скок,еве сега едвај цица навечер, плачи, се врти, тегни цицка како ластик од 7ипол заспивање дури сега се предаде, секоја вечер тешка борба ко со лав ама нека се живи и здрави се ќе помине многу брзо растат, а до тогаш нервите истенчени скроз