На другарка, 3 месеци како направи, скроз прекинаа, наеднаш. Ама веќе последниот месец драстично беа намалени.
Пробиотик давав веќе не давам 1недела го почнам кога ги прими вакцините имаше повраќање после секое второ цицање од ротата ми рекоа на педијатар дека кај некој деца има и тогаш ми дадоа пробиотик предходно до тогаш немам давано пробиотик. Ама еве и со него и без негп секако има грчеви
Ајде да прашам дали некој ги користел овие за грчево? Колешка зборевме и ми ги препорача дека она со трите деца од кое најмалото е 3години а најстарото веќе 1година средно ги давала и многу и помогнале за грчеви кај сите. Па дали да ги зимам се мислам и да видам искуство од вас ..
Вчера и денес, сум на работ на нервен слом. Незнам веќе што да дадам за грчевиве. До сега вака не било. Дали сме спиени 2-3 саати со мм. Вриштење со солзи. Само да си олеснам на душава јас.
Освен капки, ние користевме и термофорче. Му ставав и топли марамчиња на меше, пеглата уклучена во спална, тој до мене и така правев. И масажи на меше. Ама, мачно е, не помага како што треба ништо од ова, мора да минат. Мојот плачеше по 5 6 саата, повеќе дење. Ноќе барем спиевме колку толку. Дење беше помачно.
Оффф. И термофор и масажи. И Нурс суруп и колиеф и еспумисан. И гелче на мешето мачкаме. Пола Зегин мислам го имаме дома. Добро ги совладувавме до сега. Ќе заплаче , ќе прдне и толку беше. Ама вчера и денес…хорор мислам дека е. Ни млеко не пие како што пиеше. Намалено и млеко пие овие два дена… Наместо да покачиме на мл, она по 60 ка ја пие само.
Лелеее богами не е утеха За 5 дена правиме 40 дена, абе овие денови е ужас. Само сака во раце и тоа кај мене само се смирува. Овие 3 дена само во раце ја носам и на мене спие, неможам да се посветам на синот.
Машкото до 4 полни месеци имаше интензивни грчеви. Буквално од првата недела по раѓање, секој ден по цел ден, виткање, плачење.. спиење само во раце. Знам не е утеха, ама со него и топло на меше и масажи и пола аптека не помогна, се додека не си поминаа сами. Девојчето сега ( скоро 2 мес е ) многу и помага сирупчето Нурс. Најмногу психички изморуваат грчевите, зашто се осеќаш неспособно да им помогнеш на било кој начин, среќа што се мали па они не го памтат овој период. Со лесно на сите бебуши, побрзо да им поминат
Od kade kupuvate termoforce za grcevi? Online sve sto gledam e so zagrevanje vo mikro, a mikro nemam nekoe sto funkcionira na drug princip ako znaete da predlozite?
Имам со паричка меченце. Купено од Зегин, веројатно го има и во другите аптеки: https://zegin.com.mk/mk/voli-baby-termoforche-protiv-grchevi Се крши паричката и се загрева. После тоа го вриеш мечето и пак се враќа во првобитна состојба спремно за нова употреба.
Мила тоа кај секое бебе е различно. Моево двапати дали го искористи термофорчето дека му изчезнаа грчевите многу брзо откако го сменивме на хипоалергено млеко дека се сомневаа дека е алергичен на кравји протеин. Претходно имаше подобрување од бејбитол коли, ама тоа не делува кај секое бебче. Пробај ако можеш затопли тетра пелена и стави му ја на стомаче. Ако помогне, купи го термофорчето. Ако не помогне џабе ќе фрлаш пари.