Колиеф на малата на другарка уште толку проблем и направија. Ќе ти пишат сите искуства, ама секое бебе е индивидуа за себе. Да пробаш со Нурсе сирупот. Или само чајче.
Кај золвата, на внучето Саб Симплекс помагаа само. Пробиотик дали даваш? Кај моево Био Гаја правеше запек и грчеви. Со Ваја беше подобро и топло на меше. Перниче како појас ставав
Пробиотик не давам, не ми ни рекоа да и дадам… со првото давав био гаја а сега за ова не ми препорача педијатар. Сепак утре и ќе ја однесам на матичен поради друг проблем па ќе видам и за пробиотик
Ај уште едно прашање во врска со чај од ким ? Дали сте давале ? Јас пијам чај од ким ама прочитав дека можи и на бебе да се дава по 5-6 зрнца ( ако има некој давано дали можи да ми кажи дали од продавница ким или од она за здрава храна да земам заради тоа што двата се различни)
Zdravo Dali nekoj od vas go ima koristeno mlekoto na aptamil pepti syneo. Ako mose iskustvo so ova mleko. Poz
стварно не знам дали се грчеви… се вцрвенува, плаче кратко силно и згрчува нозе ги истегнува. Ќе се смири на кратко и пак почнува истото, цицаше пред 1 саат. Како да знам дали се грчеви? Читав дека со саати траат, а ова е кратко.
Исто и мојава Денес и вчера по еднаш какаше ама полна пелената,реков да не неможе да се искака ама не
Грчеви се, и мојата така прави, не и траат со саати, правиме вежби и успева да се испрди и и поминуваат.
Не знам кога ќе завршат. Моето уште има, 5 полни е. Дига нозе, црвенее, не секогаш, ама се напнува. Многу гасови има, пред да се испрде е нервозен, ако му пречат и млекото го одбива додека се испрде. Јас мислев докај 3 месец, после раат, ама не било така.
Едново бебе нозете ги истегнува и повеќе плаче,давам аптамил прематуре од пробиотик био гаја и колиеф фавам 8×4капки и многу малце имам млеко од двете гради 30мл да соберам и почна како замек едно мало гомце само ептен се мачи.Другото бебенце па како проливче жолтко незнам што им стана дали од млекото во болница има даваа хип пробиотик.
На бебињата каката им е потечна на почеток, после им е како каша да кажам. Аптамил е малце појако од Хипот и знае запек да направи малце, додека се навикне организмот.
Земав сега еспумисан капки да пробаме,докторов вика добри биле колиеф да немењам ама неим поминуваат.По колку капки ставате моиве се порано родени.Незнам дал да сменам и млеко
Абе добри биле овие, добри оние. Секое бебе е различно. Колиеф кај некои помагаат, кај некои бетер проблем имаат направено. Јас ефект не видов од нив, а колку потрошивме ехеее. Еспумисан ќе олесни да се испрдат. На мојата поради грчевите, ни рекоа Хип комбиотик да даваме. Па сега ти консултирај се и види.
Јас по препорака и еспумисан и колиеф давав во исто време. Зошто двете се за сосема различна намена. Колиеф е за разредување на лактозата во млекото, а еспумисан е за олеснување на задржани гасови и подуеност.