Најверојатно твоето мака со лактоза немало, со друго имало. Колиеф се само за лактозата во млекото. А еспумисан помагаат општо за гасови, грчеви и за полесно да си ги испуштат гасовите.
И на мое и на две адаптирани и ги давав. А и на две другарки децата немале проблем со лактоза, кај едните ефект имаше колиефот, кај другите бебе вриштеше после колиеф. Еспумисанот олеснува за се што наброја да, ама бебе што има грчеви има, па те од пиле млеко дади , не помага ништо. Си кажа БелаБиби како добар паталец.
Утре зинам и јас во болница им даваа хип пробиотик,комбиотик тоа исто е.Изгледа аптамилов неим одговара
Земи пробај. Може на едно да му одговара, на другото не. Имав близнаци во близина, различни млека пиеја. Еспумисан 3х20 капки. Не се лоши на вкус, ќе ги пијат мислсм без проблем. Консултирај си педијатар за се што ти треба околу бебињата.
Пред малку им дадов по 25 капки пред млекце.Кога пијат млеко им кркорат многу цревата.Бев кај Филев ги однесов ми рекоа дека е ок педијатар.Ми рече контрола за 2,3 недели ама ако треба ке отидам порано
Ќе им помине и кркорењето. И јас пишував баш за истото тука, ама и помина. Можеш и топло на меше да им ставаш. Термофорче или топла пелена. Гушкање и ќе помине, период е.
Да педијатар во Ремедика. Од картон еве директно ти препишувам (зошто се заборава све).. 4х4 колиеф и 3х25 еспумисан.
Синојка им дадов еспумисан и им се смири кркорењето,и кога пијат млекце неим кркорат толку цревата.Незнам зошто докторов не е за други капки освен колиеф
Ќе се слушнам пак со докторот,сеа еспумисанот ги смири.Сеа им давам Аптамил пренатуре ама изгледа ќе им го сменам,ќеим земам хип проботик во болница што им даваа.Таму супер беа со тоа млекце
На почетокот не, после некое време па терав по 2 капки пред секој оброк... А кога прекинав све да давам, прекинаа и грчеви
Мене ми кажа со секој оброк по 4 капки колиеф 8×4 капки.Еспумисам колку пати дневно давате и тие ли може со сдкој оброк дасе даваат.
Од кое чајче им даваше и по колку?Моиве се 2 недели стари дали смеам и јас да им дадам незнам.Ептен кога ќе вреснат и двајцата незнам кај попрво
Бекутан до анасон. Лелеее незнам што да ти кажам дали да дадеш или не. Јас од стручни лица имав поделени мислења за чајот. Јас бев со став дека нема да дадам, ама попуштив кога веќе немаше излез со грчевите. Другарка во Ремедика се пораѓаше и баш ми вика, мене од прв ден ми рекоа дека можам да дадам чајче, ама нели да не е премногу. 30 мл е доволно, иако на упатство пишува 100 мл дневно.
Аха,моиве се две недели можам даим дадам Ако веќе нема излез.И јас небев за цуцли даим дадам ама со денови небев спиена и бев приморана.
Ништо не трае вечно и немој да си се оптеретуваш, дали си дала или не. Ќе си правиш како ти одговара тебе и на беблаците.