Давав по малку на почеток бекутан, не и помогна воопшто никаква реакција немаше и го баталив. Ама тоа е индивидуално, кај многу има помогнато.
Здраво . Матичната ни препорача nurse harvey , по 5 мл. Но никако не сака да го пие неколку капки и го плука . Како го давате ? Инаку сме на адаптирано млеко . Благодарам
Јас го ставав во капачето од шишето и цуцлата од капачето во уста, шмукаше мислејќи дека е млеко. Си го пиеше цело без да плука.
Кажете нешто за ублажување на грчевите, веќе ќе скренам од толку плачење. Душава ме боли. Пробавме colief, babytol coli, espumisan, nurse harvey ама од ништо не видов некоја разлика дека му ги намалува барем.
За жал ништо не помага од капкиве. Најефективно ми се има покажано термофорче и топло на меше и ако доиш лактамикс земи. И со меше кај тебе легнато ќе го смири ама па нема мрдање така. Многу повеќе ми помогна отколку најскапите капки.
Пробај со colactase капки се, по 4 се ставаат во млеко. Можеш и на секое давање млеко да ги даваш или само тогаш кога ги има грчевите. Доколку доиш во цуцла или лажичка капни малку млеко и капките и дадиму ги
Се ова ни беше пробано. Плус масажи на меше со гелче за загревање, плус термофорче, па и тетра пелени загревав. Едноставно е период и ќе помине. Знам како ти е и колку ти е тешко , што си немоќна да помогнеш, ама издржи ќе помине. Легни го врз тебе, со кебенце покријте се.
Не сум сигурна дали во Мк има sabsimplex ама доколку има,или можеш да ги земеш од друга држава,најтопло ги препорачувам
Матичната ми рече да не прекинувам да ја давам био гајата сабајле, а навечер да давам капки за грчеви, јас се мислев дека биогајата е за грчеви.Може да се дава биогаја насабајле а навечер други капки?
Мајки, фала ви на сите. Ги купивме инфакол, уште тоа немавме пробано па ајде и тоа да видам како ќе биде. Знам дека е период што мора да помине, ама душа ми се кине кога го гледам како плаче и го боли. Нема магични капки што би помогнале тоа ми е јасно, ама барем колку-толку да му ги ублажи.
Пробиотик е биогајата мила, јас од тоа му давам еднаш дневно по 5 капки насабајле, така си ги имам распоредено. Па потоа давам д3+дха омега и така секој ден. Давај ги како што ти одговара, нема правило дали навечер или насабајле.
Ќе помине мила, иако се чини како цела вечност. Бар мене така ми изгледаше, ама еве помина. Инфаколот давај го редовно, кај мене после 2-3 дена пројави ефект.