Еспумисанот е за полесно да исфрли гасовите. На ќере и помагаше да се испрди, ама ако мислиш дека ќе ги снема грчевите со тоа, од мое искуство само намалува за некој интезитет.
Епа тоа ми е, да може полесно да се испрди или искака. Гледам дури да се испрди се вие и стенка како возрасен кога има запек. И не ми кака секој ден. Дури какаше во денот по неколку пати немаше мака. Од кога престана да кака редовно почнаа маките. Едвај на два дена ќе се искака. Дали отворен го чуваше во фрижидерот?
За два дена ќе прави 7 месеци, па не кака секој ден. Секој втор , ретко трет или па секој ден. Да отворен ми стоеше. 6 месеци од отварање стои.
Здраво, бебе 3 недели, грчевите почнаа пред некој ден и бидејки цело време кога има гтч се напнува и прднува и со секое прднување на газето има по малку како. Памперс менам на 2 саата некогаш кога слушнам дека има прднато и почесто но сепак газето му се вцрвени. Дали од грчевите му капнува како по малку цело време или има шанси до нешто друго да е?
Миј под чешма со благ бебешки шампон, исуши добро препони и газе со тетра пелена(која е исперена на 60•) ставај крем некој со цинк оксид ова два пати на ден и се разбира после секое какање обавезно зависи дали се кака секојден или не.
Како ги чувате колиеф капките? Ги имав отворено три недели, дадов еднаш и сега читам по отворање да се чуваат во фрижидер.
Здраво, искуство со babytol neonate COLI? Се мислам да земам тоа бидејќи ми е препорачано од педијатар или да земам nurse Harvey? Знам дека станува збор за два различни производи, но не знам со што да пробам што би имало повеќе ефект
Бејбитол коли се капки за грчеви, 2 шишенца и се ставаат во секое млеко. По 5 капки. Бејбитол неонате е пробиотик. Се става еднаш 7 капки. Јас ги користев од почеток, исто од болница препорачани. Не се којзнае што со ефект, а се скапи, посебно коли. А брзо се трошат. Ако сакаш пробај друго, грчевите секако мора да ги има и ќе поминат. Пробиотик после Ваја давав некое време. Биогаја и Диастоп не му одговараа.
Babytol Coli кај нас воопшто не помогнаа. Сируп Nurse Harvey's, поскап е, ама ептен му помогна. А и лесно се дава. Neonate уште давам, ама се мачам кога е при крај шишенцето, едвај капе.