Imam dve kutii infakol neotvoreni, nam ni stvaraat zapek I ne gi koristime Ako ima nekoj potreba neka mi pise ke mu gi podaram.
Бебка е 7 недели, не сум сигурна дали има грчеви. Навечер заспива во 23-24ч цврсто, иако почнуваме со рутината од 20-21ч. Ќе заспие цврсто и после 10-15 мин се буди, некогаш ќе прдне, најчесто нема. Не знам дали ја боли мешето па се буди или само не може да завлече со спиењето. Ако не се грчеви, се давам инфакол ќе има ли штета? Не плаче многу, додека да заспие пак за кратко. Не е јако плачење како што имаше големиот кога беше со грчеви.
И мене ме интересира ова. Јас давам по потреба обично навечер ја фаќаат грчевите и плаче и тогаш давам а во аптека ми рекоа пред секое доење максимум 6 пати на ден.
Јас најдов на интернет упатство, па и давам 4 пати на ден по 15 капки. И помогна третиот ден од користење да се искака после 7 дена зошто ретко кака, и кога прди сега не плаче, така што мислам ни помагаат.. еве го упатството, како што ти кажале пишува и тука, до 6 пати пред доење по 15 капки. https://halmed.hr/upl/lijekovi/PIL/Sab-simplex-PIL.pdf
И јас така два пати во текот на ноќта и еднаш навечер пред спиење. Преку ден нема толку мака па нејќам да и давам без потреба да не ја предозирам зошто сум приметила ако и давам 5,6 пати на ден повеќе пати кака а помалку количински и после цицање повраќа.
Во ова пишува на 4-6 саати па затоа така и го распоредувам, не и давам по потреба само. Не можам да ја додадам сликата, ѕирни на линкот што го ставив
Нема да има штета ама искрено не знам колку би помогнале ако сепак се грчеви а даваш само една доза. Пробај сепак, ќе исфрли гасови колку толку.
Можно ли е био гаја да прават грчеви? До сега бевме само на саб симплекс и не знам што ми текна вчера да и дадам био гаја, ваљда пошто патронажната рече 4 пати саб симплекс еднаш био гаја. Цела вечер не спиеше и денес само плаче. Од сега ќе си тераме само саб симплекс не и мешам…
И јас истово си размислувам… баш пишав пред некој ден за био гаја …прекинав неколку дена било каков пробиотик … ама ноќеска до 3 страшни грчеви имаше … на крај и дадов био гаја па заспа во 3 немав друг пробиотик дома, си помислив да не направив беља што не и давав цела недела никаков инаку сакав да прашам за термофорчињава на Воли бејби, го имам дома дали е ок и после цицање ако ка фатат да се стави на меше или не треба да е јадена пошто обично навечер ја фаќаат по цицање пред заспивање
Термофорчињава се супер додека се топли, ама после се жива зафрканција. За да се врати во течна состојба треба да се врие, ама не смее никаде во тенџерето да допре пошо ќе се залепи и толку. Па стававме крпи, маж ми го врзуваше некако. Многу работа за 10 мин топлина, подобро шише со топла вода ќе ставам. Има едни со семки од цреша, во микро се загрева. Од Тила го земав, ама и во дм ги видов. Најискористена работа на свет. Бебе, големава кога ја болеше стомак, мене кога ме боли... Инаку можно е биогаја да прави грчеви. Кај големата правеше и терав со Ваја. Кај малово пак Ваја страшно делуваа, па си се вратив на биогаја, првите месеци супер и беа. Сега земав бејбитол неонате да пробам, затоа што бебево почна еднаш неделно да кака. Не е проблем кога било да се стави термофорче, само да не е претопло и не на голо.
Подобро земи од тие што се со семки од цреша. Вакви од воли 2 ги фрлив, се уништија од греење/ладење. Може и не сум ги користела правилно во тие моменти изгубени бевме ама тој со семки некако повеќе го искористивме бидејќи се лепи како појас. Кај нас до душа термофори нешто не помогнаа којзнае колку.
Исто и јас го препорачувам појасот со семки од цреша и во лококроко го има. Ние сме и со капки и појас но некогаш залудно па само Nurse Harvey’s сирупот ја смирувал… особено после ротата ептен и се/беа јаки грчевите, се надевам и се поднамалија од вчера
И ние го имаме тој со семки од цреша, овој со гел уште првата вечер ни протече во тенџерето, и покрај сето пазење. Тој со семките како што пишале веќе е мн попрактичен и лесен за користење, особено ако сакаш да го користиш неколку пати за ред како што правевме ние. Нас термофорот ни помогна повеќе од било кои капки.