Земи си и на Фрезидерм гелче за масажа на меше лесно загрева, повеќе ни помагаше од термофор. Масажи во правец на стрелките на саатот и движења со ножињата како возење точак па свиткување накај меше. Почни со едни капки само, ако си на доење пробај само симетикон прво пред цицање. Додека испробаш се ќе минат 12 недели и ќе престанат
Дали може во исто шише да се става еспумисан и колиеф? Како ги давате еспумисанот кога ви се покажало како најдобро? Јас и давам непосредно пред доење. А во молзено ставам колиеф 4х4 на ден.
Јас не ставам во исто шише од двете многу ми се грчеше.Давам еднаш колиеф,следно еспумисан со лажиче пред млеко.За сега е супер нема грчеви поминаа веќе 1 месец сме на капките док рече до следна контрола да ги примаме.
мајки едно прашање,капките инфакол ми ги купија од грција на нив пишува инфаколик ,амбалажата е иста дали се тие истите капки без разлика што пишува различно
@ivonasss По една пипета пред доење, ние пошто сме ептен малечки цица на 2саати па на секој втор подој и давам
Да, истите се. Можеш да ги комбинираш со Nurse Harvey's сирупче по потреба, со пробиотик или со капки со лактаза ензим (колиеф, ко-лактазе, колипрев). Не се коминираат со капки со ист состав (еспумисан, саб симплекс и сл.).
Минатата недела не прегледа еден педијатар и рече да даваме 3х25 капки еспимисан секој ден. Денес друг педијатар во Ремедика вика никако толку многу, само по потреба 1-3 пати по 15 капки. Бебка ми плаче од 18:00 часот, стави ја на цице ќе се смири, тргни ја плаче. Сега и дадов 15капки еспумисан и стоплив крпче за на мешето. Се смири едвај. Дури купив и Nurse Harvey’s ама шубе ми е да го давам на своја рака. Мајка ми е фармацевт и не беше сигурна за сода бикарбоната што ја има, демек немој на своја рака никако. Ме потсети дека на внука ми и дававме поконцентриран бекутан чај и дека помагаше колку толку. Наместо во 100, да се ратвори во 50мл вода. Некој да кма давано Nurse Harvey’s без препорака од педијатар? Инаку бебуш задутре ќе е 4 недели и на мое млеко (цицање/молзење кога како).
Јас дадов пола доза Nurse Harvey, не можев вече прежална беше, 4 саати плаче. Цицнс 5 мин и еве заспа конечно. Инаку ми пиша докторката може да се дава дава пола доза најдобромрастворено во малку чајче.
Нема штета, јас еспумисан и ставав на секоја храна по 25 капки... после таа од ремедика исто ми направи филм, демек терале на исфрлање гасови прсвеле плус грчеви... и со филев зборев вика е баш олеснува ги ослободува гасовите.. и вратив на секоја храна ставам, на 3 ставам по 25, на другите по 5 да снема меурчињата во млекото. Си прдка што да кажам смешки е. Ама нема мака и баш пред вакцина ја стискаше по стомак вика мек. е, нема гасови нема мака. Чај и правам си пивнува. Ко лактаза давам на секое млеко дека е интолерантна на лактоза. Пробиотик еднаш, Биотрината и беше тешка сега се навикна. И така. Не ја мачи пробувај давај и чајче, ништо не е страшно. ете тие 50 мл цел ден нека ги цуцка. посебно навечер кога се појаки. И појасче купив со тие семки и термофорчиња ставав. све помогна заедно, немав моменти да зајдува да плаче воопшто.
Ич немам искуство со грчеви пошо синко немаше мака. Ама еве ќеркичкава се мачи. Мислам дека има и lip tie (различно е од tongue tie) пошо кога и да цица или пие од шише има некој clicking sound. Прашав и за ова ама изгледа не ме сфатија што зборам. А со ова и влага повеќе воздих кога јаде па може дополнително да и ги интензивира грчевите. Како и да е решив да су верувам повеќе на мојата интуиција. Ќе давам еспумисан плус харви кога ќе има потреба.
Да пробаш да и смениш позиција, да ги подотвори повеќе устата пред да фати да цица? Вака прави и мојава, има некој плиток фат и штом ја слушнам, ја тргам и пак пробувам да ја позиционирам. Иначе ќе се изнаголта воздух па после бљуцка, повраќа и се грчи повеќе, џабе капки.
Знам и верувај пробувам цело време. Дали и е мало устето не знам сма што и да направам плитко ме фаќа. Ете во синко немав таква мака, ама женскава поситна е цела. Пробувам нон стоп и знам дека може да и се влошуваат од тоа грчевите ама упте на глава да застанам и наопачки да ја дојам не пробав верувај.
За подлабок фат пробај да ја фатиш брадавицата со показалец и среден прст и да ја подигнеш нагоре, да и ја приближиш и да дојде некаде помеѓу нејзиното усте и носе. Од самиот мирис на млеко, она автоматски би требало да го подотвори устето и ќе и ја ставиш убаво во уста. Би требало да има и видео на youtube за ова. Јас само така успеав да му го поправам фатот не моето кога беше бебе.
Ти верувам зошто и јас едвај успевам. Скоро на секое доење прави така, а и да успеам да коригирам некад прави фаца како да се дави, пушта и пак фаќа по нејзино. Истото го мислам дека има мало усте, ја гледав и за lip tie и tongue tie не ми личи дека има според слики што споредував.