Земав и од овој за добра ноќ ама на него пишува после 2месеци и шубе ми е да и дадам. Денес сме точно 3недели. Има некој што дава ваков?
Јас се мислам меѓу аптамил комфорт па после аптамил 1 ама сега дека и грчевите ги имаме ми е страв да не направсм беља уште повеќе да ја боли мешето. Извини може многу прашувам ама упатена си во ова… зошто се одлучи за бебелан? Имам чувство ива педијатрите си имаат договор систина со хип матичната новалак. Една аптекарка од искуство со други мајки ми вика аптамил конфорт да земам.блиска ми е нема да ме лаже И како менуваше формула?
Бејби мн мислев и одбрав Бебелан, ( и матичниот филев ми рече исто) швајцарски производ е, не содржи палмино масло по препорака на еу е сменето со млечна маст, затоа што тоа има тенденција да го намалува количеството на апсорбиран калциум кај децата и може да доведе кон дефицит. Па викам на долги стази кога и треба за развој калциум доволно, и плус аптамил има потешка формула што прави како заробување на гасовите и затоа и беа доста поизразени. Хипп, аптамил, холе, новолак, нан сите имаат палмино масло. И затоа одлучив за ова и многу добро го поднесува. Сите во иднина ќе прават промени на формулациите и ќе исфрлат тоа што препорачува еу.
Баш тоа прееска читав пошто од болница на испис не пуштија со дохрсна имам аптамил пронутра и вика без палмино. Сакав друго да прашам на амбалажата вика рок од отварање 1месец. Ние за некој ден сме 1месец до пола е потрошено пошто сме сега на ексклузивно доење … некогаш кога кенка од што ми е страв да не е гладна и давам навечер по 30мл плус доењето ама ова се случува еднаш неделно можда кога е растревожена и не можам да ја заспијам навечер. Баш чудно ми падна дека прашкаст производ а со рок од 1 месец… по колку време користите една кутија?
Незнам кој аптамил го имаш, јас дома имам два, аптамил прематур и аптамил лактоза фрее двата имаат, го читав и аптамил комфорт 1 во дм, имаше исто. Ти кој аптамил го имаш? и каде ти е купен?
Да толку е рокот, баш дека е прашкаст може да се контаминира со бактерии. Јас го фрлив моето и земав уште едно за секој случај стои, помало пакување нема за жал од пронутра.
Ништо тогаш го џиткам викендов … утре сме на педијатар да видам што направила женскава со килажа ако постигнала 150гр само со доење оваа недела малце ќе ми олесни дека сме на добар пат, ако не изгледа ќе треба да појачам со дохрана … а вака имам млеко со силиконски дојам и гледам дека се полнат ама уште имам недоумица дали она јако/слабо млеко е мит или навистина постои баш гуглав на нет и сегде различно стои. Се прашувам дали количина на млеко е еднаква на нутритивна вредност или сепак може да имам млеко а да не е доволно хранливо за неа вака градите ми се меки … ама кога цица си има одма млеко.
Моето кога имаше 2 месеци испадна еднаш неделно да го мериме, само 100 гр имаше накачено за 1 недела. Докторката рече ок е, не накачуваат секоја недела исто. Во тоа јако/слабо млеко искрено не верувам и многу се нервирав на почеток со такви коментари.
И ја … а буквално од сите страни ми доаѓа истиот коментар кога кажувам дека на последната контрола имаше качено само 90гр. Утре чекам и стрепам да видам колку ќе ја измерат
Хип трае 3 недели па, ова барем месец. И јас инцидентно давам пример 3 пати во неделата ќе се погоди. Јас не верувам инаку во тоа слабо и јако млеко дури и ме нервираат такви коментари. Мајчино млеко е горе доле исто кај секоја мајка. Може бебето да не влече убаво и да не исцицува. Има разлика на почеток и крај на подој, прво е поводено после е помасно и затоа е важно да ги цица градите до крај. Јас барем ова го знам и по ива си се водам. И кога ќе ми каже свеки за слабото млеко коса ми се крева најискрено. Бебево мое за месец качи 800 грама, со тоа што имаше 5 дена кај што малку стагниравме ради жолтица. Да бев поупорна тие денови цело кило ќе качеше.
Јас до кај шо сум читала нема јако слабо млеко ,види кај Наташа доење со љубов има опишано за тоа. Се радувам дека сте стигнале до ексклузивно и се надевам ќе ви потрае Чекам утре да пишеш
Не споделувај колку качува. Не постои слабо млеко, се адаптира на потребите на детето. Ние имаше една недела кога имаше качено просечно 17гр дневно, педијатарот уопште не ме испаничи дури ме охрабри да не посегнувам по АД. И до денес 5 месеци она си качува просечно. Пресметај во перцентили каде спаѓа детето и дали оди нагоре по кривата, не се фокусирај на моменталното качување и нуди си града почесто.