Мајки од кога до кога траеа грчевите кај вашите малечки? Син ми е роден на 15.09 и уште во болницата имаше проблеми со стомачето. Еве скоро 2 ипол недели е ама грчеви има. Кај ќерка ми не беа вака изразени. Давам биогаја еднаш дневно по 5 капки, ама јас гледам да ги дадам навечер за полесно да спие. Преку ден ни е хорор филм, плаче, стега ножиња, се мачи, и сака само цицка. Од една страна ми е чудно дека е премногу малечко но од друга страна пртка, кака и пак има проблеми со мешето. Купив термофор ли како се вика тоа за на меше што се става, но кај нас како сал полошо да направи. Неќна кога го ставив 15 минути го држев и детето после тоа цел ден плачеше и не можеше да се смири. Не знам веќе што да направам. Иначе само на доење е, и избегнувам зелка, грав, кисело, луто.
Ни траеа од 2 недели до точно 2 месеци. Кога наполни два месеци како преку ноќ да ги снема. Кај нас био гаја само полошо направија. Давав саб симплекс, еспумисан и кога ептен беше најстрашно кога не се смируваше чепче.
За ќерка ми пред 6 години давав еспумисан по потреба, кај неа не беа толку изразени. Можеше да има ден, два и после недела дена да нема. Сега за сега сум задоволна со биогајата, но проблемот е што преку ден се мачи. Чепче дадов еднаш и јас, бабицата ми ги даде. На интернет прочитав дека тие чепчиња биле за бебиња над 3 месеци и после не спав цела ноќ поради грижа на совест.
Какви чепчиња се тие? Јас преку ден давав саб симплекс со секој подој (според упатството) а навечер ептен ако има проблем тогаш чепче.
Во Германија живееш? Мене овие ми ги препорача бабицата и овие и ги ставав уште од втора,трета недела. Не секој ден за да не направат мрзливи црева ама некогаш не можев да ја гледам да се мачи и вришти секоја вечер и ги давав и два три дена по ред.
Добар ден, дали знаете дали во МК ги има Infacol капките и како можам да ги набавам? Бебето има еден месец и има многу грчеви. Или ако некоја од вас има залиха и би можела да ми прати по карго многу ќе Ви бидам благодарна и секако, ќе си ги платам и капките и каргото. Ви благодарам однапред.
Види во темата "Продажба/размена на детски производи" како да видов една членка вчера да пиша дека продава три типа, меѓу кои и Инфакол.
За тие што користите саб симплекс дали можам на секое јадење да му ставам во млекото по 15 капки. Бебето е 6 недели и е на адаптирано Холе А2 1. Му давам на секои 3 часа по 90мл. Дали можам да ги давам на секои 3 часа и за навечер исто? Фала ви
Дали дадовте капки на своја рака кога почнаа грчевите или по консултација со педијатар? Докторката не советува прво да одиме со пробиотик, давам Био Гаја ама не гледам промена па со чајче, земавме од анасон да имам дома за секој случај па ако не помогне ни тоа да одиме со капки. Маливе се виткаат и грчат цели, на два ума сум за чајов, не сакам само лажна ситост да им направи па да не сакаат млеко после, предвреме родени се и време им требаше и за тоа додека добијат на сила за да влечат. Сте давале прво од чајов, има ли ефект?
Со првото само го прашав матичниот што да давам за грчеви и тој ми кажа да земам капки и одма почнав со нив. Сега за второто бабицата ми даде само пробиотик, но кога и кажав дека сеуште има проблеми тогаш ми препорача и капки. Јас чајче давам еднаш дневно по 50 мл бидејќи видов дека тогаш му се смирува мешето. Знам дека е штетно и дека шеќери има ама барем има период во денот каде што е смирен. Прочитај на интернет можеш на пример да го смениш пробиотикот и да земеш капки за грчеви и да пробаш со тоа. Јас давам моментално еспумисан и биогаја. Кога ептен не се смирува долго време давам и чепче.
Како го давате сирупот Nurse Harvy? Малово е 6 недели овие 4 дена хорор само се стега со мешето одвај ќе се искака и прдне и после пак плаче и сака да цица. Пробав и Еспумисан и Саб и Биогаја ама џабе не може да спие од што се витка. Варам чај со ким ама воопшто не ми пушта кимот баш го пробав. Топло на меше исто ставам... Премногу се мачи не знам веќе што да правам живо ненаспано е
Дали си пробала да го ставиш да лежи на стомаче? Кај мојата помага лежење на стомаче, ако не помогне тоа станувам, ја држам исправена потпрена на мене со грпчето, а со едната рака и го држам стомачето, и трета опција ми е во релаксатор. Ова со релаксаторот ми е испробано уште со првото дете, и сега делува, но гледам да ја ставам додека не е скроз растревожена, затоа што ако почне да плаче многу, не сака да седи во релаксатор. За лежење на стомаче само да ти потенцирам дека мора да го следиш, за да не го заглави носето во душекот.
Со рака го држам така за мешето ама пак плаче додека не го стаам на цице не се смирува, заспива 20мин или пола час и ќе почне да ги крева ноџињата и ќе плаче и ќе се разбуди... а му се спие и ќе цицне ќе прдне и не може да презаспие...
Постојано ви се случува ова, и постојано му додаваш млеко за утеха (на помалку од два часа) ? Инаку, јас шетам низ дома кога ја држам така. Ќе си разгледува и ќе и се одвлече вниманието, често знае така и да ми заспие.
Сирупчето сабајле, вечер по 2,5мл после доење. Така кога ќе ја фатат грчеви давам и млако чајче на бекутан 20мл, тоа многу и помага, одма и се смирува стомачето, исто и термофорче и ставам на мешето. Јас пробиотикот го сменив со babytol coli(по препорака на педијатар), може треба да вметнеш и ензим лактаза капки. Консултирај се со педијатар.
Zdravo mama, kako go davase sirupceto? Pisuva za vreme na obrok, pedijatar mi rece po 5 ml sabajle i vecer. Dali go stavas vo aptamilot direktno pred da go pie?
И ние сме со грчеви ..полудев начисто..ништо не помага..не знам како ќе го издржам периодов ..се претворив во зомби..поддршка за сите плачењето ќе заврши..нема да е засекогаш