јас еспумисанот во периодот кога по цел ден и цела ноќ плачеше (20тина дена) му ги давав цело време по сите оброци како што си пиши 25 капки а после по потреба ама пак му давав 25капки никогасшму немам дадено помалку
Внука ми немаше многу грчеви, не беа нешто значително изразени. Ама знаеше повремено да се разбуди навечер и така да свришти па да не знаеш кај ти е крајот. Арно ама јас уште од бебе ја имав научено да ја ставам преку мојата рака со мешето и да ја мавам по газето, или пак на мене легната на меше и пак исто. И докторката ни кажа дека одлично сме правеле, они имале некој нерв на опавчето, над газето, со удари тој помагал да се ослободуваат од гасови. Навистина имаше ефект, а сестра ми на почеток и ме караше, зошто сум ја мавала сирота ја болело, не знам што. Обидете се, ама не неколку минути и да престанете, нека си трае тоа барем пола час, така и ќе ви заспие ќе видите, а секако гасовите ќе ги извади и тоа вие секако ќе го осетите бидејќи ќе си прди ко лудо Не за џабе викаат ќотекот е од рајот излезен Шала на страна, тапкајте по газето за да ги ослободите од грчеви
Па и јас така правам , не оти сум знаела дека е за грчеви ама ете така ми дошло.. Ја држам легната на мене и ја тапкам по газето околу 15-20 мин и послем си прди, ама денес не знам што и стана така наеднаш ја фаќа ги собира нозете и писка, душичка мала.. ќе пробам повеќе време да ја држам може ке биде подобро.. Фала Ангел.
нас многу ни помогнаа ама како што имав пишано му давав по 25 капки не помалку ама во најстрашниот период да не те разочарувам многу малку нешто помагеше имав купено и шируп colli-b и тој многу ни помогна. е сега зависи од тоа колку многу има грчеви. бебушот мојот 20 тина дена 20 часа на ден плачеше. ама и тоа помина. имаше грчеви до кај 3 и нешто месечи
јас прво ги користев Infacol , сега сме на Espumisan aма пу пу да не ја урочам сега засега нема грчеви па не и давам ни капки Инаку околу 300-350 ден се
Да го споделам и јас своето искуство, за да не мора сите да поминуваат и останатите мајки низ она низ што и јас поминав. Со првата ќеркичка се изнамачивме со грчевите. Пробавме се што сме слушнале. Од термофори, чајчиња - Becutan, Plantex, сирупи - Nurse Harvey’s, Colic B, капки - Espumisan L, хипоалергено адаптирано млеко... После се грчевите сеуште постоеја. Последно во аптека ми ги понудија капките COLIEF. Но, поучена од претходното искуство, каде се се покажа како неефикасно, одлучив пред да ги земам малку да истражувам. Не сакав повеќе да го изложувам моето 3-месечно бебе на секакви препарати. Пребарував преку интернет и наидов на многу корисни информации: 1. Коликите кај бебињата настануваат заради недостаток на ензим лактаза, потребен за разградување на лактозата во млекото, и неразградената лактоза создава гасови во цревата – COLIEF капките по својот состав се токму lactase, добиена по природен пат и целосно безбедни за употреба од првиот ден од раѓањето. 2. Поефикасни се од сите останати типови препарати заради тоа што, сите препарати го намалуваат плачењето кај бебето, но само COLIEF капките го спречуваат создавањето на гасови, а со тоа и на колики. 3. Од друга страна, многу се едноставни за употреба, пред секое доење се ставаат по 4 капки во сад со 15 ml мајчино млеко, а потоа веднаш се продолжува со нормално доење. За адаптирано млеко важи истото, дури може и млекото порано да се приготви и да стои во фрижидер до 12 часа, за што се доволни само две капки COLIEF. 4. Понатаму, COLIEF капките се единствен препарат од овој тип, чие дејство е потврдено со две клинички студии. И конечно, ги земав капките и грчевите конечно исчезнаа!!! За втората ќеркичка, уште во тек на бременоста си набавив COLIEF капки и сега коликите се далеку зад нас, ги поминавме многу полесно, благодарение на COLIEF капките!!!
мами има ли некој искуство со капките од бг саб симплекс за грчеви,јас како почнав да ги користам детето има запек,а меу спомна еуспонисан мислам дека беа како сте задоволно од нив околу грчевите и колку пари се
јас еспумисанот во зегин ги земав 280 ден. задоволна сум ама му давав по 25 капки како што си пиши во упатчвото а најпрво користев coll.b шируп и од него сум мн задоволна а за запек син ми имаше не многу често ама имаше е дали од капките или од ад. млекото незнам.
Mamicki nekade procitav deka cajot protiv grcevi na Humana moze da go pijam jas i preku mlekoto bebeto da go vnesuva vo svojot organizam.Dali nekoj ima probano vaka i dali i kolku ima efekt.Inaku ne deka imame kojznae kolku izrazeni grcevi ama ete taka ponekogas znae da pisne i ne moze da zaspie dolgo potoa,a mene od sto mi e grev da ja gledam bi probala se samo da ne se maci(se vo granica na dozvolenoto-normalno)
Јас искрено решив да издржам тој период и да не го оптоварувам непотребно бебе со чаеви, капки и слично. Поборник сум на се што е најприродно можно, подразбирајќи да му дадам време и простор самиот организам да си го најде својот баланс, без да го збунувам додатно. Пробај поисправено бебенцето да го држиш дури цица за да не ти голта воздух убаво цела ареола да ја стави во уста, убаво да се подждригне после, а може масажа на меше во стрелките на часовникот со затоплено бебешко масло. На моево бебе му помагаше да се топли кај мама на меше исправен, или пак со затоплена крпа со фен или пегла, па и крајно малку со топломерче во газето да се олесни од гасовите. Пробај некоја од овие алтернативи, ако не вроди по ден два со плод, можеш да си пробаш со чај или капки. Оти може тоа само да му е големо меурче на гас во мешето и да не може да се олесни и од тоа да плачи, а да не се колики.
Спојлер Ова ми звучи како Top Shop реклама. Јас не можам да зборувам од искуство, ама од тоа што се информирам од нет, покрај тоа што кажа NoellePage, и исхраната на мајката има улога кај предизвикувањето на грчеви. Треба да се избегнува грав, зелка, лук, кромид, исто и кофеинот предизвикува грчеви па треба да се избегнуваат пијалоци што содржат кофеин (кафе, кока кола), а кофеинот предизвикува и раздразливост и нервоза кај бебињата. Моја другарка е задоволна со чајот од Билна аптека, па ми препорача уште во болница да го пијам. За тие што се хранат со цуцла, има специјални цуцли кои спречуваат голтање воздух и тие помагале при грчеви.
грчевите се период на бебето кој што мора да го помини.се што прави мајката чаеви капки тоа што се храни мајката поинаку топли облоги на мешето се е за да му ги намали грчевите никогаш во целос не се поминати. само се во помала мера.....така имам читано. и според моето искуство така е со синчето се пробавме ама стално го болеше мешето ама помалку и можеше да издржи.
И ние имаме грчеви и тоа многу не знам колку се силни зашто не плаче секогаш ама поише од пола ден ја гледам како се грчи , толку беа јаки што желудникот и цревата звучно крчеа и се слушаше ако ја држам па поради тоа почна многу да повраќа желудникот звучно и прави глап глап и опа повраќање следува пробував чајчиња , и еспумисан капки исто иможеше да спие дурипо тој повод педијатарот ни го смени адаптираното млеко . Капките ни дадоа ефект ама чудно ми мирисаше од нив и ги прекинав најмногу и ги смирува хипп чајот и тој и го давам сеа и двај чекам да поминат .
И јас мислев оти храната која ја јадам јас има улога, па одбегнував горе наведениве плус некои др продукти, ама џабе да ти било. Педијатарот убаво објасни оти се што јадам и те како добро се преработува и ако стигне до бебе преку млеко е многу мала количина. Па престанав да се лишувам оти видов и по млекото почна да ми се познава, па си продлолжив да јадам најнормално се и фала му на Бога ни грчеви ни ништо. Еден мал период како што кажав на адаптација имаше кој траеше 4-5дена само и толку. Топли облоги нам ни помогнаа само и пројде.
мамички, еве ке ви кажам чист пример што ми кажа мајка ми дека навистина храната што ја јаде мајката оди и кај бебето преку доењето. Кога јас сум била бебе мајка ми една вечер изедила 3 4 протокали наеднаш и после некое време ме наранила, утрето кога видела на пелената сум имала протокалова кака знам дека звучи смешно вака, но вистина е. пробајте да видите ако бебето ви е само на доење некогаш запаmтите што сте јаделе (се мисли на некоја по јака храна, или овошје зеленчук со по јака боја) ке видите по каката на бебето дека се што јадете го прима и тоа. И вистина е дека е дека додека е бебето на доење требало да се избегнуваат тешко сварливите работи како грав, зелка, лук кромид и такви работи.
Здраво мамички, дали може да ми казжете каде можам да најдам термофор против грчеви? Ви Благодарам однапред. ****