Столицата и е зелена, и таква ќе биде додека не почнеме да исфрламе млеко и да си има доручек ручек вечера. Така ми рекоа последно. Јас и давав пробиотик Пробаланс бејби, еспумисан и колиеф додека земаше аптамил прематур и да тешко го поднесуваше после одкако сме на безлактозно нема мака со ништо. Продолив само пробиотик и еспумисан.
Вчера почнаа грчевите. 3 недели е бебето. Пие адаптирано млеко. Давам Babytol Neonate уште од раѓање нели треба пробиотик. Е вчера за грчевите дадов Саб симплекс. По состав гледам ист е како Еспумисанот (симетикон) ама дозирањево ме буни. Вика новороденчиња: 10 капки до 4 пати на ден. Доенчиња над 4 недели: 15 капки 4-6 пати на ден. А еспумисанот ако добро паметам можеше да се дава на секое хранење по 25 капки. Не знам колку да давам стварно. Не дека нешто многу помага, ама да се обидам. Инаку освен пробиотик, капки на база на симетикон, гледам постојат и овие Колиеф и Колипрев со лактазе ензим. Искуство некое ? Како што читав помагале полесно да се свари лактозата од млекото. Па ако има фајде да пробам и такви. Спојлер: Неповрзано На првото дете давав Биогаја пробиотик и имаше страшен запек, затоа не ми се купува тоа пак. Исто така се мислам дека грчевите настанаа како резултат на давање на овие д3 со омега. Еве денес нема да дадам за да видам дали ќе има грчеви. Сега за сега е мирен, и синоќа доцна, ама мирно заспа. Инаку цел ден плачеше и во раце се држевме.
Немаат врска омега и Д3, тоа мора секое бебе да го прима. Грчевоте се природна фаза, ќоја што ќе помине, знаеш и сама по првото дете сигурно. Сум давала се што наброја, колиеф и колипрев најмногу ги смируваа, ама не сосема, пробај со сирупот што го фалат во темава.
Живо, здраво да е бебето. Кај моево топло на мешето најмногу помагаше. Имав земено појас со семки. Инаку може и тетра затоплена со пегла. За капки Биогаја исто запек и правеа, Waya и одговараа. Плус Еспумисан дававме. И некои вежби со нозете на Јутјуб гледав тогаш.
Благодарам. Јас топло ставам. Термофор немам, многу расправија е. Земав една гел компреса од Зегин. Ја ставаш 30 сек во микробранова и спремна. не знам што пробиотик да земам, овој бебитол тогаш од болница ми рекоа. Сеа ич не знам. Матичниот педијатар вика Bebi Col Forte, ама не пишува колку содржи пробиотски бактерии.
Ние имавме од две недели проблем со грчевите, ни препиша Ваја пробиотик, колиеф и еспумисан и ако најдеме инфакол или саб симплекс. Најдовме и инфакол и даб симплекс (и двата се на база симетикон) но џабе ништо не помогнаа баш напротив, колиеф највише и помага му нема замена и даваме аптамил комфорт Мора да ги помине грчевите нема "лек" што ке ги излечи магично, ова само да и ги поднамали.. откако ја примивме рота прва доза пак и се вратија грчевите и уште мака мачиме и сеуште давам колиеф и еспумисан.. со тоа што ке почнете тоа терајте до крај И термофорче стварно помага..
За првото дете се што слушнав пробав. Не знам колку пробиотици сменив и капки за грчеви. Беше Ковидот, па ништо од странство не можеше да се најде. Од толку менување какаше во секакви бои. Запек, проблеми со столица. Знам дека преминавме на Ваја пробиотик на крај и Еспумисан. Ама еспумисан давав поголеми дози од што пишуваше за да се смири. И на самото упатство пишуваше може пред секое хранење. Овие саб симплекс не пишува така. Ограничување има од 4-6 пати во ден. Сега пошто добро си кака ова бебе нема да менувам пробиотик. Саб симплекс колку толку имаат ефект. Туку еден шофер вчера ми вика дека многу носел од Грција Нопар капки на мајки со бебиња. Многу ефект имало за грчеви. Ги пребарав на интернет, не знам искрено не ми изгледаат безопасни. Имаат несакани ефекти и пишува строго под контрола на лекар да се примаат. Намената не е за грчеви, туку за гастроинтестинални проблеми. homatropine methylbromide е состојката во тие Нопар.
@DarkStormm Ние имавме мнооогу грчеви. До некои си 2 месеци константно. Тоа беше врескање страшно. И јас пробав еден куп капки. Ама за жал ништо не покажа ефект. На крај ми ги донесоа од Бугарија инфакол капките. И во истиот момент почнав да му давам и малку чајче од анасон на Бекутан. Ова препорака од педијатар. И мислам до тука беше. Е сега дали веќе сами од себе поминаа, дали комбинацијава ептен се покажа ефикасна, не знам. Важно преку ноќ бебево ми се смени. Пробај, може ќе има и кај вас резултат. А и топло на меше обавезно, термофорче. Кенгур ако имаш исто така можеш да го ставаш на тебе. Трпение и многу гушкање, ќе пројде.
Бебето ги витка нозете нагоре , се црвенее и испушта некој звуци , претпоставувам дека се грчеви. Не плаче , еве една недела е дома дали 5 пати заплака. Пие пробиотик био гаиа, исто така пие и усолфак. Во Понеделник сме на контрола кај педијатар , а до тогаш кој капки да ги земам да и помогнам малку. Кака на два до три дена . Пие Аптамил прематуре .
Zdravo majka, kako se koristat infakol kapkite? Imam predvremeno rodeni bliznacija, sp grcevite bevme vo res so sirupot nurse hurvey, megjutoa sega im se zgolemija grcevite. Imam i infankol mi gi donesoa. Dali odat so kominacija?
Не сум сигурна за комбинација ние сирупче не пиевме, консултирај педијатар. Иначе една пипетка инфакол во устичка пред цицање