Не сум сигурна дали моето има грчеви, па да прашам. Еден месец е бебуш, не му давам капки за сега. Се вцрвенува само на моменти пред да се искака, знае да испушти плач тие неколку секунди дур му олесни, и после не му е ништо. Неколку пати во денот знае да направи така, ама кратко трае. Кога ќе го земам во раце се смирува, а на града веднаш. Дали се тоа минимални грчеви или само напор при какање, дали има потреба од капки?
Здраво мамички, имам проблем со бебуш има грчеви, 3 недели има и јас почнав да му давам чајче од Бекутан од сладок анасон оној што е за после 1 недела. Исто му давам од Нурсе Харвис сирупче ама гледам колку што можам да го избегнувам сирупот, му давам ако ептен не може да ги поднесе грчевите. За чајот ме интересира, јас му давам по неколку голтки колку да не биде само на мајчино... Во ред ли е што почнав да му давам од трета недела или згрешив што го земав? Фала ви за одговорите
Зошто да не биде само на мајчино? Ако ти помага чајот твоја одлука си е ама нема потреба од никаква друга течност бебето освен млеко. Подобро 5мл сируп отколку 30мл чај. И двете се секако со шеќер.
Здраво на сите. Бебенцето ми е 2 недели старо, и уште од прв ден е со многу грчеви, редовни бљуцки и плус повраќање. На почетокот повраќаше ептен редовно, сега е нешто малку подобро, ама па грчевите му се влошени и му предизвикуваат многу бљуцки. Најчесто ќе се нацица, ќе заспие и отприлика за саат време од спиењето ќе го фатат грчевите и тука доаѓаат и бљуцките и повраќањата. И ова најчесто го буди, па брзо почнува да бара пак да цица и така цело време во круг. И бидејќи толку често цица, по помалку време цица, по некои 15-тина мин само. Тоа што приметив дека помага е кога ќе му дадам измолзено млеко од шише или формула. Тогаш знае да сврзе и 2-3 саати спиење плус нема толку грчеви или не се толку силни. Некој со слично искуство и совет? Можам ли да му помогнам некако? Инаку пие еден тон капки за ова, и колиеф и еспумисан и неонате пробиотик.
Моето имаше од втора недела грчеви, многу силно врискаше, тоа беше страшно за гледање, целата помодруваше. Давав чајче на бекутан од анасон по 20-30мл, некогаш еднаш, некогаш двапати во денот, многу и помагаше да се смири и тоа моментално се смируваше, плус сирупчето сабајле вечер го давав додека не прекратат грчевите, не знам колку има ефект еднаш да го дадеш само. Чајче и сега кога гледам дека се грчи давам, знам дека е со шеќери, но не успеав да најдам друг што може да се дава од новороденче. Термофорче, топло на мешето исто многу и помагаше. За сирупчето давав по 2 мл сабајле-вечер, на упатството пишува 5 мл доза.
Фала ти за одговорот премногу❤️. И јас исто како тебе само наместо термофорче му ставам како вреќички со трици полни меѓу тетра и врз алишта, давам чајче по 10 до 20 мл., сирупот секогаш го давам по потреба но во екстремни случаи кога не се смирува со ништо друго... И моето исто така прави вриска, дури некогаш и гласот го губи од толку силен пискот и се тресе цело. Исто му правам и масажи на мешето цело време како што ми кажаа на лекар, кружни движења и точаче со ноџињата. Се надевам дека ќе помине после 40 дена. Кај вас колку траеше овој период?
До три месеци имаше грчеви, но не толку често како на почетокот. Кога ќе ја фатеа грчеви правев се ова, но од сирупчето давав неколку дена и грчевите престануваа, кога ќе прекратев по некое време пак се јавуваа, па пак го вклучував и така се мачевме подолго време.