1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Грчеви кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од Rossana, 9 мај 2010.

  1. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.916
    Допаѓања:
    326.598
    Пол:
    Женски
    Јас се и сешто дадов од капки ..и грчеви и понатака имаше силни.Сами од себе престанаа после три и пол месеци
     
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.020
    Допаѓања:
    220.144
    Пол:
    Женски
    Да тие се.
    Давај пред секое цицање по една епруветка.
    Значи на секои 3 часа е најдобро.
    За 3 4 дена бебето ќе биде како ново.
    Не очекувај веднаш голем резултат но после некој ден целосно исчезнуваат грчевите секако ако даваш на секои 3 часа пред цицање.
     
    На majavel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. majavel1

    majavel1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    1.551
    Пол:
    Женски
    Фала ти уште еднаш, се надевам и нас ке ни делуваат :*
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  4. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    исто..од еспумисан и од инфакалм..буквално врескаше после нив..ги давав само два дена и престанав..
     
  5. ssweety

    ssweety Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Ај пробај со капките Biogaia јас од нив сум презадоволна, синко мн имаше грчеви од кога почнав да му давам од капкиве воопшто не сетив повеќе дека има грчеви.
     
  6. moli.mk

    moli.mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    91
    @ANGIE1 доколку не можеш да ги набавиш Инфакол капките, нас исто така добра комбинација ни беше colactase преку ден по 4 капки на отприлика 4 саати и навечер пробиотик биогаја 5 капки..
     
  7. Metidi

    Metidi Нов член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    • Ве молиме пишувајте кирилица.
    Zdravo mamicki , jas sum edna od novite clenovi iako redovno ve citam.Sakav da prasam dali ima nekoj koristeno Lefax kapki za grcevi.Mi gi preporacuvaat niv da gi nabavam iako gi nema kaj nas vo prodazba no prethodno sakav da se informiram dali ima nekoj iskustvo so nivno koristenje.Inaku i nir probavme so se sto ima nasiov pazar ama ne ni pomaga nisto.
     
  8. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.461
    Допаѓања:
    287.759
    Јас ги користев за едната ќерка. Како и се останато што пробавме немаше некој посебен ефект, си имаше грчеви. Колку што ме држи сеќавање барем немаше проблеми со столица додека ги давав, но грчеви и болки си имаше. Сами од себе поминаа кога не давав ништо.
     
  9. Fit Girl

    Fit Girl Активен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2017
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    Според статистичките податоци, приближно 20% од бебињата имаат колики т.е.грчеви во првите три месеци од животот. Тие најчесто започнуваат во текот на втората или третата недела од животот (кај недоносените деца и подоцна) а својот максимум го достигнуваат околу шестата недела од животот.

    Што ги предизвикува коликите?

    Постојат бројни теории за тоа што може да ги предизвикуваат коликите т.е. грчевите кои не се болест туку само симптом. Дел од нив се поврзуваат со недоразвиениот систем за варење кај децата, но и со падот на хормоните (прогестеронот) од мајката, алергија или внесување на прекумерна количина храна. Теоријата дека бебињата имаат колки само заради што мајката е напната, е една од контраверзите. Иако се смета дека поверојатно е плачењето на детето да ја прави мајката напната и раздразлива, според некои автори и загрижената мајка може несвесно да делува на детето и да го направи плачливо. Загриженоста на мајката можеби не ја предизвикува коликата, но секако ја отежнува.

    Како се манифестираат коликите?

    Станува збор за здрави деца на возраст до три месеци кои ги манифестираат следните симптоми: − Гласно и долготрајно плачење кое може да трае повеќе часови, неколку дена во неделата. Вообичаен период е од 6 часот попладне до полноќ, но некои деца плачат и во текот на денот.

    − Додека плаче, бебето ги собира нозете кон стомакот, ги стиска рацете во тупаници, ги витка прстите на нозете, а лицето наизменично поцрвенува па пребледува поради напорот што го предизвикува плачењето. Хранењето и спиењето се нарушуваат поради плачењето. Бебето бара да цица,но нагло прекинува откако доењето ќе почне, или ке заспие за момент, а потоа веднаш се буди врескајќи.

    − Нападите на плачење вообичаено завршуваат со празнење на цревата или испуштање на гасови. Би морале да напоменеме дека нема две бебиња кои плачат на ист начин, со иста сила и се однесуваат на ист начин, но нема ниту родители кои на таа ситуација одговориле на ист начин. Како се лекуваат коликите? Очајните и растроени родители од плачењето на нивното дете, често му се обраќаат на педијатарот барајки “магичен”лек. За жал, не е познат лек што потполно ги лекува коликите. истражувањата покажале дека со намалување на гасовите, кај најголем дел од бебињата се намалуваат и тегобите, а со тоа се редуцираат и епизодите на плачење. За таа цел се препорачуваат неколку корисни методи:

    − Ставете го детето со стомакот врз топол термофор поставен на вашите нозе,во скут. Пробајте ја температурата на термофорот со внатрешната страна на рачниот зглоб.

    − Држете го детето со стомакот на вашата подлактица, со лицето свртено напред на дланката и нозете префрлени над лактот може да биде од помош. Истовремено тапкање по грбот или благо нишање може да го зголеми ефектот.

    − Постојат и медикаменти кои кај возрасните ја намалуваат количината на гасови во цревата, а кој може да биде од помош и кај бебињата. Едните се базирани на Simethicone, кој не се абсорбира од цревата и не дава нус ефекти што го прават безбедена за користење. Освен Simethicone, родителите користат и капки кои содржат Lactobacillus reuteri - добри бактерии кои помагаат во одржување на здрава рамнотежа во цревната микрофлора. Бројни клинички испитувања потврдуваат дека користењето на производи со Lactobacillus reuteri значително го намалуваат периодот на плачење кај доенчињата со грчеви.

    Секако дека давањето на овие препарати треба да биде направена во консултација со педијатар.


    Дали постојат превентивни мерки за намалување на колките?

    Коликите не можат да се спречат, но ако тегобите се поврзани со хранењето, може да се намалат нападите на плачење со следните постапки:

    − држете го детето во поисправена положба кога го храните т.е. доите.
    − овозможете му почесто да подждригнува.
    − кај мајките кои дојат, се препорачува во исхраната да избегнуваат внесување на: кравјо млеко, пијалоци со кофеин, зачини, зеленчуци и овошја кои поттикнуваат создавање на поголема количина гасови (грав, боранија, зелка, карфиол, цвекло, зелена салата и слично, како и сливи, кајсии, цреши, јагоди и други овошја во поголема количина).
    − избегнување на пушење во просториите каде престојуваат децата. Тој фактор може да придонесе за влошување на коликите, иако не е сосем јасно како влијае чадот од цигарите на потенцирање на симптомите. И за крај,да напоменеме дека иако коликите се мачни за детето, а воедно телесно и емоционално исцрпувачки за родителите, самата појава е безопасна и вообичаено исчезнува до четвртиот месец од животот.

    Кога треба да побарате лекарска помош?

    − Ако коликите се придружени со зголемена температура, пролив, повраќање или запек што можат да бидат знаци за присутна болест.

    − Ако плачењето на детето звучи како нешто да го боли, а не како претходно манифестните грчеви, тоа може да укажува дека причина за плачењето може да биде повреда или болест.

    − Ако детето со чести колики не успева да ја добие потребната тежина и покрај редовната исхрана.

    − Ако мајката е преморена и исцрпена поради што и треба стручна подршка и совет за тоа како да ја надмине ситуацијата и да му помогне на детето.

    Најсоодветната работа која можат да ја направат мајките е кон плачењето на бебето да се однесуваат што помирно и порационално. Иако тоа не е воопшто лесно да се направи, се надеваме дека со овие совети ќе успееме барем малку да помогнеме. Какво е вашето искуство?
     
    На MargeS, Freckles., Miss.Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tridva

    Tridva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    27
    Коликите (грчеви) претставуваат раширена клиничка состојба во детството, кои се појавуваат кај околу 30% од децата. Се јавуваат набрзо по раѓањето и се губат некаде кон крајот на третиот месец а кај некои бебиња може да траат и до шестиот месец. Иако механизмот на настанување на коликите не е целосно разјаснет, се смета дека тие настануваат поради сè уште неразвиениот ензимски систем за варење на храната или поради неправилно доење или прејадување.

    Во некои случаи, причина за бебешките грчеви може да биде и исхраната на мајката која дои.

    Во периодот додека дои, мајката треба да почитува одредени правила на исхрана, поради себе и поради бебето кое го дои. Исхраната мора да биде разновидна, богата со витамини и минерали, кои ќе се конзумираат преку внес на големи количества на овошје и зеленчук, како и супи од зеленчук и месо. Се препорачува избегнување тешка храна (грав, варена зелка), месни преработки како сувомеснати производи, виршли, колбаси, паштети, салами и друга храна која во себе содржи конзерванси и адитиви. Овие продукти преку мајчиното млеко делуваат на бебешкиот организам, прават стомачни грчеви и доведуваат до промени во празнењето на цревата на бебето.

    Коликите се најчеста причина за непроспиените ноќи на родителите во првите месеци по породувањето.

    „При плачењето бебето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух“

    Најчести симптоми се интензивен и неутешен плач кој е проследен со грчеви на лицето, грчење на нозете и испуштање гасови. При плачењето бебето голта воздух, па болката се повторува како резултат на проголтаниот воздух. Состојбата се повторува доколку мајката не успее да го истисне проголтаниот воздух од цревата на бебето. Истиснувањето на воздухот се прави со држење на бебето исправено или легнато на стомаче, со нежно тапкање по пелените.

    Проголтаниот воздух може да се отстрани и со подригнување, така што ќе се постави бебето преку рамо со стомачето кон рамото на мајката и ќе се врши притисок на долниот дел од стомачето на бебето со нежно тапкање по грбот. Помага и доколку се ставаат топли облоги на стомачето на бебето. Сепак, постојат бројни студии кои покажуваат дека пробиотиците имаат влијание на намалување на симптомите на детските колики.

    Затоа што го спомнавте Probalans Baby Protect, еве некои информации поврзани со Lactobacillus Reuteri:
    • L. Reuteri е клинички докажано ефикасен во намалување на грчевите кај доенчињата;
    • L. Reuteri ги намалува симптомите на грчеви веќе во првата недела од употребата;
    • Со континуирана употреба во период од четири недели се намалува времетраењето на плачење на помалку од 3 часа/дневно;
    • Двојно повеќе го намалува времетраењето на плачење во однос на симетикон.
    • Нема мирис и вкус, што е огромна предност. Не содржи алергени, лактуза, глутен и млечни протеини.
     
    На Miss.Sweet, Acid и danichap им се допаѓа ова.
  11. Acid

    Acid Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Машки
    Од моето искуство:
    Првите три месеци од раѓање се многу незгоден период, особено ако ти е прво дете. Кај не знаеш што да правиш, па уште и секој ден го „кркаш“ од манијачко плачење поради грчеви, а ти не знаеш како да му помогнеш. Полека ти станува навика и можеш да ги предвидиш периодите кога грчевите се најинтензивни, па станува „нормална“ работа. Секако, најлошо е навечер, кога ти се спие, а ти треба да го тапшаш по газе или да го подигнеш додека ждригне за малку да му биде подобро...

    Ние почнавме со Espumisan (капки сo Simethicone) и делуваа некој ден. Проблемот беше што некои викаат одеднаш да дадеш 15 капки, некои по 5 капки на Х часа, други - во текот на денот 15 капки и никогаш не му го фативме редот. Секој педијатар различно си кажува, а упатството не е јасно. По кратко користење, престанаа да му делуваат, а он доби многу незгоден (зелен) пролив за кој се сомневаме дека беше од овие капки. И ги фрливме.

    После пробавме со Colief капки. Освен што фукнавме еден куп пари, не видов никаков резултат. Беа изгор скапи, а мало шишенце од 4ml мислам. Буквално на 3-4 дена по некои 600 денари (мислам) одеа во вода

    Потоа Nurse Harvey's, кои не сакаше ни да ги проба, а не да ги користи редовно. Само ги држеше во уста и ги плукаше. Башка мислам дека уствари тоа беше вода со сода бикарбона, па ич не сакав да му ги давам.

    На крај ни ги препорачаа PROBalans Baby Protect и нив најдобро ги прифати, а и резултатите беа супер. Јасно напишано упатство за употреба, без никакви експерименти. Се даваат 4 капки, еднаш дневно, независно од оброкот. Може да се дадат директ во уста или во ладно млеко или чајле. Содржат Lactobacillus reuteri и мислам дека тоа беше пресудниот фактор конечно да му се среди стомакот. Според тоа што го читав на интернет за капкиве кои содржат Lactobacillus reuteri, испитувањата викаат дека децата кои користат производи со овие добри бактерии плачат двојно помалку од оние кои користат Simethicone.

    [​IMG]

    Мои совети:
    Секогаш гледајте да ждригне после јадење. Тапкајте го по газе додека ви лежи на стомак. Од вибрациите се намалува надуеноста, а со тоа и грчевите. Ако пробувате со капки, одма земете си PROBalans Baby Protect. И не се нервирајте - нормална појава е која најчесто трае до вториот или третиот месец:)
     
    На Miss.Sweet, MilaP, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    До 2-3 месец? Ние сме 5 месеци и уште имаме грчеви.
    Чаре?
     
  13. Acid

    Acid Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Машки
    Што пробавте до сега за ублажување на грчевите?
     
  14. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Само инфакалм капки. Ми беше страв да експериментирам.
    Во 4 месец и беа поизразени, ама само навечер.
     
  15. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Само PROBalans Baby Protect - од искуство! :)
    Пробавме доста работи, да не речам се' што може да се најде во аптека, ама најдобри резултати имавме со овие капки.

    Така да, топло ви ги препорачувам на сите. Во комбинација со трпение (помирете се, ова е период кој едноставно мора да се надмине) се најдоброто решение.
     
    На Acid му/ѝ се допаѓа ова.
  16. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.126
    Допаѓања:
    40.342
    Colactase (најевтини се од тој вид) во комбонација со Еспумисан. Таа комбинација ги намали и ублажи грчевите
     
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.020
    Допаѓања:
    220.144
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно како постоојат толку многу капки за грчеви а ниту еден не ви помага или ви помага делумно.
    Јас откако ги земав инфаколот после 2 3 дена бебе ми беше како препородено. Ниту еднаш немало грчеви.
     
  18. majavel1

    majavel1 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2011
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    1.551
    Пол:
    Женски
    Јас сум и благодарна на @vitamina :) препораката за Инфакол капките се исплатеше дефинитивно :) кој има можност нека ги набави,конкретно мм од Бугарија ги зема.Во наши пари беа скоро 300 ден.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.020
    Допаѓања:
    220.144
    Пол:
    Женски
    Ефтино.
    Бравос.
    Баш ми е мило што некому помогнав.
    Капките се одлични.
    Благодарение на нив поминуваме одлични денови со син ми.
     
    На majavel1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Donatela.W

    Donatela.W Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2017
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Мајки сакам да ве прашам...
    Имам внука 2 месеци , има грчеви во стомачето , ги купивме БиоГаја , но не помагаат , има многу гасови , нон стоп плачи , се собира , спие и се буди врескајки :(
    Ве молам за помош